Регион
Словенечката полиција отвори истрага за видеото од паравоена формација предводена од словенечки политичар

Словенечкиот претседател, Борут Пахор, изрази загриженост во врска со видеото што покажува маскирана паравоена единица предводена од поранешниот десничарски претседателски кандидат Андреј Шишко, пренесува „Спутник“. Видеото, објавено на страницата на „Фејсбук“ на Шишко, покажа десетици маскирани луѓе кои положуваат свечена заклетва.
„Претседателот Пахор нагласува дека Словенија е безбедна земја во која неовластено лице не треба и не му е дозволено нелегално да се грижи за безбедноста на земјата и на нејзините граници”, Би-би-си го цитираше кабинетот на Пахор.
И премиерот во заминување, Миро Церар, го опиша формирањето на т.н. Штајерска гарда како апсолутно неприфатлив чекор што непотребно предизвикува страв и шири омраза.
„Словенија е безбедна држава, а полицијата и војската ја вршат својата работа многу добро, и очекувам надлежните органи веднаш да преземат мерки против одговорните“, рече Церар
Новиот премиер, Марјан Сарек, пак, напиша на „Твитер“ дека секоја вооружена група надвор од безбедносните сили на Словенија го поткопува уставниот и правниот поредок.
Шишко, кој претходно беше осуден на двегодишна затворска казна за обид за убиство, ја нарече паравоената формација доброволна одбранбена сила составена од неколку стотици луѓе кои ќе го обезбедуваат јавниот ред и мир ако е потребно. Тој исто така призна дека оружјето што го носеле членовите на Штаjерската гарда не е регистрирано кај властите.
„Полицијата досега не ме посети, но очекувам нивна посета. Ние не правиме ништо лошо и би биле заинтересирани да соработуваме со полицијата”, истакна Шишко.
Во исто време, тој јасно стави до знаење дека неговата единица нема немо да посматра ако полицјата се обиде да ги разоружа. Словенечкиот поратал 24ур објави дека словенечки ултрадесничари кои се претставуваат како Штаерска гарда на социјални мрежи објавиле фотографии и снимки од собири на непозната локација најавувајќи жешка есен и протести кои „Словенија ќе ја претворат во Венецуела“. Порталот наведе дека голем број Словенци не верувале во тоа, но подоцна информацијата ја потврдил поранешниот претседателски кандидат Андреј Шишко, кој за локални медиуми рекол дека тој е лидер на таа група.
Антимигрантските чувства се засилија во Словенија по 2015 и 2016 година, кога речиси половина милион мигранти поминаа низ земјата на пат за побогати земји од ЕУ. Бројот на барања за азил во Словенија значително се зголеми од 277 во 2015 година на 1717 година оваа година, но само 77 имигранти добија азил во 2018 година според податоците на словенечкото МНР. Антимигрантсото расположение ѝ помогна на десноцентристичката Словенечка демократска партија да освои најмногу гласови на изборите во јуни, но партијата немаше коалициски партнери за да формира влада. Малцинска владата од пет левоцентристички партии, што беше формирана во меѓувреме, треба да биде потврдена во парламентот следната недела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Почна уште еден антивладин протест во Тирана

Oбединетата опозиција на Албанија се собра денеска на уште еден антивладин протест барајќи заминување на премиерот Еди Рама и распишување на вонредни парламентарни избори, објавија албанските медиуми.
Протестот почна во 10:00 часот, со палење свеќи и положување цвеќиња пред зградата на парламентот, а пораката од овој перформанс е дека парламентот е мртов.
Опозицијата ја обвини актуелната влада на Еди Рама за крадење изборни гласови, но исто така и за корупција и врски со организираниот криминал.
Опозицијата, исто така, повикува на распишување вонредни парламентарни избори.
Седницата на парламентот што требаше да се одржи денес е откажана.
Зградата на парламентот е опкружена со бодликава жица, а околу зградата се распоредени безбедносни сили.
Како што се наведува, околу зградата на парламентот и на улиците на Тирана, има повеќе од 1.500 припадници на полицајата, специјалните сили и гардата.
На антивладините протести одржани минатиот четврток дојде до судир меѓу демонстрантите и полицијата, па во пресрет на денешниот протест апел за воздржаност упатија албанскиот претседател, Илир Мета, и Амбасадата на САД во Тирана.
Регион
Српската премиерка Ана Брнабиќ доби син

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, и нејзината партнерка, докторката Милица Ѓуриќ, станаа родители. Милица вчера роди син, објавија српските медиуми.
Како што соопштија од кабинетот на Брнабиќ, бебето се вика Игор и заедно со мајката се во добра здравствена состојба.
Брнабиќ и Ѓуриќ се заедно повеќе од десет години.
Регион
Силен земјотрес го погоди западниот брег на Турција

Силен земјотрес со магнитуда од 5,6 степени по Рихтер го погоди западниот брег на Турција, а се почувствувал и во јужниот дел на Грција и во Бугарија. Епицентарот на земјотресот бил 144 километри северозападно од градот Измир во Турција, соопшти Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
M5.6 #earthquake (#deprem) strikes 144 km NW of #İzmir (#Turkey) 5 min ago. Effects reported by eyewitnesses: pic.twitter.com/8gPD0kTV9p
— EMSC (@LastQuake) February 20, 2019
Жителите во областа погодена од земјотресот на страницата на ЕМСЦ коментирале дека земјотресот траел околу 7 секунди, а некои напишале дури и 30 секунди, при што се треселе ѕидовите, полиците и светилките.
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал
- Македонија2 месеци
(Видео) Кога општеството потфрла, кучето Бен му помага на момчето со церебрална парализа