Контакт

Регион

Словенија ги заострува мерките поради рекордниот број новозаболени од Ковид-19

Објавено пред

Во последните 24 часа во Словенија се потврдени 137 нови случаи на инфекција со коронавирус со направени 3.557 теста, што е 33 повеќе од претходниот ден и е нов рекорден број на потврдени дневни инфекции од почетокот на епидемијата, објави словенечката влада.

Поради големиот пораст на бројот на новоинфицирани во последните две недели, Словенија беше ставена на списокот на епидемиолошки небезбедни дестинации од страна на британската влада откако тоа го направија Норвешка, Шведска, Литванија и Естонија претходните денови, објавија словенечките медиуми.

Бројот на активни случаи на инфекција во Словенија во моментот е 1.116 од вкупно 4.195 потврдени инфекции регистрирани од почетокот на епидемијата, објави словенечкото Министерство за здравство.

Во болниците има 67 пациенти со Ковид-19, што е седум повеќе од претходниот ден, а 11 од нив се на интензивна нега. Беа забележани четири нови смртни случаи, а бројот на жртвите се искачи на 138.

Бидејќи следните десет дена се сметаат за клучни за смирување на епидемиолошката состојба, владата на Јанез Јанша ќе воведе задолжително носење маски на јавни простори, како што се пазари, но и во училници и универзитетски сали.

Владата разгледува и можно ограничување на дозволеното дружење на луѓето на најмногу шест лица. Покрај тоа, од следната недела ќе се ограничи работата на гостилниците, клубовите и на другите локали, па ќе им биде дозволено да работат до 22 часот, а предвидени се и некои ограничувања за работата на продавниците, објавија медиумите.

Од друга страна, владата го повикува населението да преземе одговорност и доследно да се придржува кон основните епидемиолошки мерки – одржување на потребното растојание, хигиена на рацете и избегнување приватни собири надвор од семејниот круг, како што се родендени и други прослави.

Регион

Во Србија повеќе од 1.000 новозаразени од коронавирус, шестмина починати

Објавено пред

Според последните информации, во Србија во последните 24 часа се потврдени 1.384 нови случаи на инфекција и шестмина починати.

Од последниот извештај, тестирани се примероци од 9.457 луѓе.

Во моментот има 44 пациенти на апарати за дишење.

Вкупниот број на смртни случаи е 809.

Прикажи повеќе...

Регион

Влошена состојбата на митрополитот Амфилохије, чувствува болки во градите

Објавено пред

Црногорско-приморската митрополија соопшти дека митрополитот Амфилохије, кој е во болница поради Ковид-19, дише малку потешко и чувствува болка во градите.

Тоа било утврдено за време на утринската медицинска проверка.

Според здравствените служби, тој не е поврзан со респиратор, но и натаму го користи режимот на неинвазивна вентилација, што значи дека белите дробови нормално ја извршуваат својата функција.

„Сите анализи беа направени веднаш. Снимката покажа дека причината за отежнатото дишење и болката е појавата на воздух во средниот дел на градниот кош, што често се јавува во ситуации кога пациентот има чувствителни бели дробови поради времетраењето на воспалението, што е речиси неизбежно кога станува збор за постари пациенти“, објасниле од болницата.

Сепак, скенерот на белите дробови и белодробните артерии покажал дека нема тромбоза, а бронхоскопскиот наод потврдил дека дишните патишта се чисти.

„Во наредниот период, како и досега, редовно и детаљно ќе известуваме за сите промени во врска со здравствената состојба на митрополитот Амфилохије, кој од 6 октомври е на болничко лекување поради тешкотии предизвикани од коронавирусот“, соопштиле од болницата.

Митрополитот има 82 години и спаѓа во ризичната група пациенти.

Прикажи повеќе...

Регион

Мицотакис утре ќе соопшти дополнителни мерки за Грците

Објавено пред

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, на онлајн-состанок на владата најави дека утре ќе бидат соопштени дополнителни мерки за спречување на вториот бран на пандемијата на коронавирусот во земјата.

„Утре ќе објавам нов едномесечен акциски план“, рече грчкиот премиер додавајќи дека целта на владата останува да спречи воведување целосна блокада во земјата.

Грција вчера потврди рекордни 1.547 нови случаи на коронавирус, а 10 пациенти починаа, со што вкупниот број на смртни случаи се искачи на 603.

Од почетокот на пандемијата во земјата 34.299 лица биле заразени од коронавирус, од кои 55,3 проценти се мажи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија57 минути

За Заев е неприфатливо тоа дека македонскиот јазик извира од бугарскиот

Премиерот Зоран Заев изјави дека не се прифатливи некои од сигналите што доаѓаат од Бугарија. „Не е прифатливо“, изречно рече...

Македонија1 час

Пендаровски: До овој момент не се размислува за полициски час каков што имавме

Претседателот Стево Пендаровски, по денешната седница на Советот на безбедност, изјави дека во овој момент не се размислува за полициски...

Македонија3 часа

Спасовски пренесен на Инфективната клиника во Скопје

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вчеравечер е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Согласно протоколите, тој со...

Економија4 часа

АЕК ќе спроведува физибилити-студија за влијанието на 5Г-мрежата врз здравјето на луѓето

Агенцијата за електронски комуникации набргу ќе распише меѓународен тендер за избор на компанија што ќе изработи физибилити-студија за влијанието на...

Македонија4 часа

Задолжителна самоизолација од закажувањето тестирање на Ковид-19, казните се 50 евра

Со новите законски измени самоизолацијата е задолжителна при тестирање на Ковид-19 од закажување на тестот или самото тестирање, па сè...

Свет5 часа

Во нападот во Ница убиени три лица, една жена е обезглавена

Во нападот што се случи во Ница, за кој се сомнева дека е терористички, убиени се три лица со нож,...

Македонија6 часа

МОН најави реформа на учебниците по честите реакции за грешки и стереотипи во нив

Министерството за образование и наука формира работна група која развива концепт за целосна и суштинска промена на учебниците за основно...

Македонија7 часа

Стапија во сила новите мерки – забрането е групирање по 22 часот, казната е 500 евра

Од денеска забрането е групирање на отворено на повеќе од четири лица по 22 часот, а казната за непочитување на...

Свет7 часа

Едно од ретките места во светот без коронавирус ги забележа првите два случаја

Маршалските Острови, едно од последните места во светот каде што немаше коронавирус, ги забележаа првите два позитивни случаја, пишува Би-би-си....

Македонија7 часа

Од денеска маските се задолжителни на отворено

Собранието синоќа со 53 гласови „за“, 26 воздржани и ниту еден глас против ги изгласа измените во Законот за заштита...

Македонија8 часа

Седница на Советот за безбедност за состојбата со коронавирусот во Македонија

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“, со почеток во 11 часот, ќе се одржи седница на Советот...

Европа17 часа

(Видео) Од петок карантин во цела Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон прогласи каратин од петок што ќе трае најмалку до 1 декември. „Бранот се рашири низ цела...

Македонија18 часа

Славјанка Петровска позитивна на коронавирус, качила температура додека била на седница во Собранието

Актуелната пратеничка во Собранието од СДСМ и поранешна дополнителна заменичка на министерот за внатрешни работи во техничката влада Славјанка Петровска...

Македонија18 часа

Во Скопје рекорден број новозаразени, Аеродром надмина 700 активни случаи

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани рекордни 422 нови случаи на Ковид-19, а во тој период починале тројца...

Македонија20 часа

Рекордни 870 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа 14 лица

Во последните 24 часа во Македонија 14 лица починаа од коронавирус, а потврдени се 870 нови случаи од  2.647 тестирања,...

Свет21 час

Германија воведе строги мерки: рестораните, кината и баровите ќе бидат затворени 4 недели

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека германските власти се согласиле на четиринеделен делумен карантин. Во овој временски период затворени...

Македонија1 ден

МОН го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение

Министерството за образование и наука го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение поради несоодветна и дискриминирачка содржина. „Во...

Македонија1 ден

Пауновски: Нови вработувања ќе има в година, дотогаш ќе се снаоѓаме

Државниот пазарен инспекторат добил од Владата ветување дека в година ќе им бидат одобрени бараните 20 нови вработувања. Директорот на...

Македонија1 ден

Поради контакт со Спасовски, само едно лице е во изолација

Државниот санитарен и здравствен инспекторат издал само едно решение за изолација на лице што било во контакт со министерот за...

Македонија1 ден

Пожарникарите протестираа пред канцеларијата на Шилегов

Пожарникарите на мирниот протест пред канцеларијата на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, порачаа дека не се откажуваат од своето барање...

Досие