Регион
Словенија ги попушта мерките, опаѓа бројот на новозаразени со коронавирус

Во последните 24 часа во Словенија се разболеле уште 1.524 лица од коронавирусот, а 44 лица починале, соопшти словенечката влада.
Тестирани се 5.634 лица, од кои 27,05 проценти биле позитивни, пренесува порталот 24УР.
На болничко лекување има 1.284 лица, од кои 204 се на интензивна нега.
Владиниот портпарол Јелко Кацин на прес-конференција рече дека, и покрај фактот дека бројот на позитивни сè уште е голем, бројот на нови пациенти полека се намалува.
Од почетокот на пандемијата, 98.000 луѓе биле заразени со корона во Словенија, а 2.151 пациент починале.
Словенечките власти одлучија делумно да ублажат некои ограничувачки мерки од денес до 23 декември.
Од денес, јавниот превоз повторно ќе функционира во цела Словенија, а ќе бидат отворени и фризерските салони, цвеќарниците, салоните за миење автомобили и хемиското чистење.
Дополнителни ублажувања на владините мерки се одобрени во само четири региони со најповолна епидемиолошка слика, имено Централна Словенија, Горишка, Обално-кршкиот Регион и Горењска, објави агенцијата СТА.
Мерката предвидува дека само едно лице може да биде на површина од 30 квадратни метри останува во сила.
Додека деловните луѓе ги поздравуваат новите одлуки на владата и ублажувањето на рестриктивните мерки, словенечкиот министер за здравство, Томаз Гантар, е претпазлив и ја потсетува јавноста на ограничениот капацитет на здравствениот систем.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Во Србија пристигнуваат милион дози од кинеската вакцина

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ќе ја пречека испораката на милион дози на вакцината „Синофарм“ од Кина.
Како што соопшти прес-службата на Вучиќ, утрово ќе пристигне авионот „Ер Србија“ на аеродромот „Никола Тесла“.
Авионот ќе биде пречекан и од амбасадорот на Кина во Србија, Чен Бо и министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар.
Српските медиуми, претходно вчера јавија дека најверојатно в недела со кинеската вакцина ќе почне имунизацијата на здравствените работници.
Во Србија во тек е имунизација со вакцината на Бионтек/Фајзер и со руската вакцина „Спутник 5“.
Регион
(Видео) Нападнати полицајци во Србија кои интервенирале поради прослава за Стара нова година

Српски полицајци интервенирале во Ново Село кај српскиот град Крушевац, откако добиле информација за прослава на Православната нова година во семејна куќа во селото, на која се слушала гласна музика и се пукало од огнено оружје.
Еден од учесниците на прославата снимил дел од полициската интервенција, а на снимката се гледа како неколкумина полицајци влегуваат во куќата, ја прекинуваат веселбата со 12 луѓе, од кои четворица биле музичари кои ги забавувале гостите, и неуспешно се обидуваат мирно да ги приведат поради кршење на важечките прописи за спречување на ширењето на коронавирусот.
Дел од славениците, очигледно поднапиени, започнаа расправија, а сопственикот на куќата се обиде да ги избрка полицајците надвор, но успеа само да предизвика мешаница, а потоа и физичка пресметка и инцидент.
Двајца од присутните, Д.Р. и Н.Р., се приведени откако ги нападнале полицајците, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според полицијата, на снимката која се прошири на социјалните мрежи, не е забележано како двајцата осомничени потоа во дворот на куќата влегле во директна тепачка со полицајците, нанесувајќи им повеќе удари во главата и телото, пред да бидат совладани.
Двајцата ќе добијат кривични пријави за напад на службено лице кое врши службена должност и спречување на службено лице во вршење на службена должност.
Регион
Сведок на Специјалниот суд во Хаг пронајден мртов – командувал со логорот на ОВК

Поранешниот косовски полицаец Фадил Суљевичи, кој бил и командант на нелегален затвор на ОВК, е пронајден мртов, пренесуваат српските медиуми.
Како наведува „Газета експрес“, тој се наоѓа на списокот со сведоци на Специјалното обвинителство во Хаг.
За овој случај се огласил и главниот обвинител на Основното обвинителство на Приштина, Кујтим Муниши.
„Обвинителот отиде на местото на настанот за да види што се случило. Полицијата е на местото на настанот. Тој беше пронајден мртов некаде на планините“, изјави Муниши.
Суљевичи е поранешен припадник на косовската полиција, кој беше примен во полицијата по 1999 година. Засега нема повеќе информации дали Суљевичи е сведок во некое од обвиненијата против поранешните команданти на ОВК, кои беа уапсени и се наоѓаат во Хаг.
Суљeвичи е по потекло од Медвеѓа и како што еднаш изјави Здружението на киднапираните и исчезнати лица од Косово и Метохија, тој командувал со нелегален затвор во близина на Матикан, во кој имало околу 300 приведени Срби. Србија еднаш издаде потерница за него преку Интерпол.
- Книги4 недели
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира