Регион
Словенија ги укина маските

Во Словенија, поради подобрата епидемиолошка состојба, од денеска носењето маски во повеќето затворени простори повеќе не е задолжително, но оваа мерка сѐ уште се препорачува кога не е можно да се одржи дистанца, соопшти словенечката влада.
Носењето маски е задолжително во здравствените установи, домовите за стари лица и другите социјални установи.
Маските во пандемијата беа една од клучните мерки за спречување на ширењето на вирусот, а доколку немаше таква обврска, епидемиолошката слика ќе беше многу полоша во изминатите епидемиски бранови, изјави за медиумите инфектологот Бојана Беович.
Укинувањето на задолжителното носење маски го изгласа владата поради континуираното подобрување на епидемиолошката состојба во последните недели.
Во последните 24 часа спотврдени се 1.535 новозаразени од коронавирус, односно 577 помалку од една недела претходно, а бројот на хоспитализирани продолжува да опаѓа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Црна Гора денеска го одбележува Денот на независноста

Црна Гора денеска го слави Денот на независноста, а по тој повод улиците на главниот град Подгорица се украсени со државни знамиња.
Црна Гора се отцепи од Државната заедница СРЈ на референдум на 21 мај 2006 година.
Порталот РТЦГ потсетува дека според официјалните резултати, црногорската независност ја поддржале 230.661 граѓанин односно 55,5 отсто, додека за опстанок на заедничката држава со Србија биле 185.002 граѓани или 44,5 отсто.
Регион
Лажните дојави за бомби во Србија стигнале од странство, на листата се и земји од Африка

Во последните неколку недели имаше низа извештаи за поставени бомби низ Србија, а и евакуации поради анонимните закани. Српското МВР по неколкумесечна истрага утврди од каде доаѓаат заканите, а тоа се неколку држави, пишува Нова.рс.
Полицијата побарала помош од Европол и Интерпол, а во следните денови треба да бидат уапсени осомничените кои се надвор од територијата на Србија. Полицијата ги идентификувала локациите на вкупно 19 електронски адреси од кои пристигнале заканувачки пораки за бомби поставени на различни локации во Србија.
Утврдено е дека осум закани дошле од Полска, по две од Иран и Нигерија, четири од Гамбија и по една од Словенија, Русија и Украина.
„Со цел откривање на сторителите на овие закани и кривично гонење, а со оглед на тоа дека се работи за странски државјани кои не живеат во Србија, во тек е меѓународна размена на податоци помеѓу МВР на Република Србија, преку Европол и Интерпол, со властите на Шведска, Литванија, Швајцарија, Руската Федерација и Унгарија, како и со ‘Гугл’“, се вели во соопштението на српското Министерството за внатрешни работи.
Обвинителството го окарактеризира случајот со дојавите како терористички акт. Само за закана од терористички е предвидена затворска казна од шест месеци до пет години. Во случај некое лице да ја реализира заканата, минималната затворска казна е 10 години, а максималната е доживотен затвор, пишува Нова.рс.
Регион
Таткото на Матеј Периш: Голема благодарност до Белград и до сите што од срце се молеа за мојот син

Tелото на Матеј Периш (27), денеска, од црквата „Свети Антониј“ во Белград беше испратено во Сплит, каде што ќе биде погребан.
Телото беше во црквата од 15 часот, а во 17 часот беше oдржано испраќање на чело со белградскиот надбискуп Станислав Хочевар.
За потсетување, вчера беше потврдено дека младиот човек чие тело беше пронајдено завчера во Дунав е Матеј Периш. Српски „Телеграф“ пренесе дека ДНК-анализата докажала оти се работи за исчезнатиот граѓанин на Сплит. Причината за смртта е давење, покажа обдукцијата. Ќе се прави и токсиколошка анализа, но овие резултати се очекуваат за неколку недели.
„Би сакал да се обратам до вас новинарите, би сакал да му се заблагодарам на градот Белград за големото срце што ми го даде. Без разлика што мојот син тука го заврши својот земен живот, срцето што ми го даде Белград, граѓаните на Белград и цела Србија ми помогна многу за овие 139 дена да почувствувам човечка љубов, грижа, сочувство и сѐ што му треба на човек во вакви моменти“, изјави таткото на Матеј, Ненад Периш.
„Би сакал да се заблагодарам и до МВР на Србија, тие завршија огромна и неверојатна работа, секој контакт со нив беше, пред сѐ, човечки, а потоа професионален и таков каков што ми требаше за да го поминам овој период, а сепак да ги дознаам деталите“, рече тој.
„Благодарам на секој полицаец, началник и на сите што учествуваа во тоа. Би сакал да му се заблагодарам и на хрватското МВР и тие завршија одлична работа, благодарам. Благодарам и на Министерството на БиХ и тие учествуваа на почетокот“, изјави Ненад Периш.
„Ви благодарам на сите вас новинарите, снимателите, вашите редакции, на сите посебно. Мислам дека покажавте оти сте луѓе и дека во вакви тешки ситуации ја знаете разликата помеѓу вест и болка. Им благодарам на католичките свештеници, но и на патријархот Порфириј, очекувам дека ќе дојде сега. Со неговите епископи, владици и сите православни верници, кои со отворено срце се молеа за Матеј“, рече татко му.