Регион
Словенците купиле речиси половина од недвижниот имот на хрватското крајбрежје

Словенечките државјани купиле 9.439 недвижности во Хрватска од 2013 година кога земјата влезе во ЕУ, покажуваат податоците на хрватската даночна администрација.
По Словенците, следуваат германските државјани, кои купиле објекти за одмор, станови и апартмани, вкупно 4.969 објекти.
На третото место се Австријците со 2.867 имоти, потоа Италијанците со 1.612, Швеѓаните со 1.232 и Унгарците со 949, објави „Вечерњи лист“ врз основа на податоците на хрватската даночна управа за платени даноци, пренесува „Индикатор“.
Весникот посочува дека странските државјани во Хрватска имаат корист затоа што државата не вовела данок на имот. Исто така, помалку од 4.400 сопственици од други земји имаат регистрирано изнајмување туристички објекти и плаќаат даноци во Хрватска за тоа.
Според весникот, хрватската државна администрација нема податоци за сите сопственици на имот на едно место.
Точни податоци ќе се добијат по пописот планиран во Хрватска в година.
Според последниот попис, во Хрватска има нешто помалку од 250.000 одморалишта.
Според неофицијалните процени, Словенците поседуваат речиси 110.000 имоти во Хрватска, претежно куќи и станови по должината на хрватското крајбрежје. Тие купуваа куќи за одмор уште во времето на Југославија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Српски медиуми: Кинеската вакцина утре пристигнува во Србија

Првите количини на кинеската вакцина против коронавирусот на компанијата „Синофарм“ ќе пристигнат утре во Србија, објавија повеќе српски медиуми.
„Новости“ пишува дека Агенцијата за лекови и медицински помагала (АЛИМС) сè уште нема издадено дозвола за употреба на кинеската вакцина, но се очекува наскоро да биде дадена.
Најверојатно в недела со кинеската вакцина ќе почне имунизацијата на здравствените работници кои изјавија дека сакаат да се вакцинираат.
Во Србија во тек е имунизација со вакцината на Бионтек/Фајзер и со руската вакцина „Спутник 5“.
Регион
Во Словенија опаѓа бројот на новозаразени, но нема ублажување на мерките

Во Словенија во последните 24 часа потврдени се 1.478 нови инфекции со коронавирус, а 23 пациенти починале од компликации со Ковид-19, објави словенечкото Министерство за здравство, а поради епидемиолошката состојба, властите не размислуваат за ублажување или укинување на мерките.
Иако трендот во последните денови покажува релативно намалување на бројот на нови инфекции, а бројот на новозаразени во последните 24 часа е скоро за 600 помал од пред една недела, владата сè уште не размислува за мерки за ублажување, со оглед на критериумите утврдени со т.н. семафор.
Според новите податоци на Министерството за здравство, во Словенија во моментов има 22.941 активен случај на инфекција со коронавирус, просечниот број на дневни инфекции во последните седум дена е 1.465, во болниците има 1.266 ковид-пациенти, од кои 199 се на интензивна нега.
Во земјата досега се регистрирани 3.093 смртни случаи од Ковид-19, а властите веруваат дека со забрзана кампања за вакцинација и имунизација, поголемо отворање и укинување на мерките може да се случи во април или мај.
Досега во Словенија се вакцинирани 29.561 лице или околу еден и пол процент од населението, а скоро целиот персонал и корисниците во домовите за стари лица се веќе вакцинирани, како и добар дел од здравствените работници.
Регион
Во Србија повеќе од 1.800 новозаразени со коронавирус, 23 починати

Според последниот пресек во Србија се потврдени 1.881 случај на коронавирус, а 23 лица починале. Во последните 24 часа биле тестирани 11.725 лица.
На апарати за дишење се приклучени 195 пациенти, а во болниците низ Србија има 5.462.
Од почетокот на епидемијата во Србија се тестирани 2.448.761 лице, од кои вирусот е потврден кај 368.072.
Коронавирусот однесе вкупно 3.687 животи, а стапката на смртност е 1 процент.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, потврди дека имало 17.000 пријавувања за вакцина по телефон, и дека ќе се отворат нови линии. Тој додаде дека очекува Србија да вакцинира 80 отсто од населението.
- Книги4 недели
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира