Регион
Словенците масовно продаваат поплавени автомобили

Во неодамнешните поплави во Словенија водата оштети многу автомобили.
Сопствениците на овие возила последниве денови ги продаваат забрзано, дури и повеќе од половина поевтино, пишува „Бизнис.рс“. Сепак, се поставува прашањето дали е препорачливо да се купи таков автомобил.
Неодамна, на најголемиот словенечки интернет-портал за продажба на возила, Avto.net, се најдоа многубројни поплавени автомобили. Продавачите на возила може да наведат дека автомобилот е поплавен при објавувањето.
Во моментот на страниците се нудат повеќе од 90 возила вклучувајќи ги и оние што се во возна состојба, како и оние што не се. Цените на тие автомобили често се и повеќе од 50 отсто пониски од цените на возилата што не биле потонати, пишува „N1 Словенија“.
Автомобилските експерти велат дека е подобро да се избегнува купување таков автомобил. Но, важно е и за каков автомобил се работи, а пред сè, колку и до каде стигнала водата.
Ако е стар автомобил со помалку електроника, проблемот може да биде помал, но ако е понов, проблемот е поголем. Особено ако водата навлезе во самиот автомобил.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Косовската полиција: убиени тројца напаѓачи, уапсени пет лица

Косовската полиција соопшти дека во размената на оган загинале тројца напаѓачи, а еден е уапсен.
Дополнително, како што се наведува, уапсени се уште четворица осомничени во атарот на селото Рударе, при што биле пронајдени средства за комуникација кои, како што се тврди, се поврзани со „криминални групи“.
Се додава дека е пронајдено поголемо количество оружје, муниција и разновидна опрема.
Во соопштението се наведува дека безбедносната состојба во атарот на селото Бањска се’ уште е тензична и дека „нападите со огнено оружје врз полициските единици продолжуваат со ист интензитет“, пренесува новинската агенција „Танјуг“.
Регион
Косовска полиција: Еден од напаѓачите е убиен

Косовската полиција денеска соопшти дека, според последните информации, во размената на оган загинал еден од вооружените напаѓачи.
„Одговарајќи на новонастанатата ситуација и околности, косовската полиција затвори за сообраќај два премина на север (Јариње и Брњак) од безбедносни причини и ги повика сите граѓани да ги користат другите сообраќајни точки и да избегнуваат движење во тој регион“, соопшти косовската полиција. .
Како што се наведува во соопштението, состојбата во атарот на селото Бањска се’ уште е тензична, а како што тврди косовската полиција, „криминални групи одвреме-навреме ги напаѓаат полициските единици на терен“.
Косовската полиција наведува дека станува збор за „професионални напаѓачи, маскирани и униформирани во различни униформи, вооружени со тешко оружје, гранати, воени и оклопни возила“ кои користат „разни приватни простори и објекти, вклучително и просторот околу манастирот Бањска, за движење, наоѓање засолниште и позиции за гаѓање на единици на косовската полиција“.
Косовскиот премиер, Албин Курти претходно на социјалните мрежи објави фотографии од напаѓачите и ја обвини Србија.
The murder & violence in the north is being perpetrated by these men—armed & organized professional forces in armored vehicles with no license plates. Let me restate: It is not ordinary Kosova Serb citizens but Serbian-state supported troops perpetrating these terrorist attacks. pic.twitter.com/2ipXu5rgFF
— Albin Kurti (@albinkurti) September 24, 2023
Регион
КФОР: Ја следиме ситуацијата, спремни сме да реагираме доколку има потреба

Мисијата КФОР денеска соопшти дека продолжува внимателно да ја следи ситуацијата во Бањска, како и дека нејзините војници се присутни во областа и се подготвени да одговорат доколку е потребно.
„КФОР продолжува внимателно да ја следи ситуацијата во Бањска, а војниците се присутни во областа и се подготвени да одговорат доколку е потребно“, се вели во соопштението објавено на мрежата Х, поранешен Твитер.
KFOR continues to closely monitor the situation in Banjska, and KFOR troops are present in the area, standing ready to respond if required. pic.twitter.com/aIiDVOAckU
— NATO Kosovo Force – KFOR (@NATO_KFOR) September 24, 2023