Контакт

Регион

Сменето обвинението за убиството на Оливер Ивановиќ, судењето одложено

Објавено пред

Подготвителното рочиште за судењето на обвинетите за помагање во убиството на Оливер Ивановиќ е одложено за во февруари поради измени во обвинителниот акт во кои осомничените и нивните бранители немале увид, пренесува РТС.

Судијата Ваљон Куртај посочи на почетокот на денешната расправа дека обвинителот во петокот приложил ново обвинение со извесни промени.

„Во петокот ни беше доставен изменет обвинителен акт, но напишан е само на албански јазик и немаше можност да биде преведен на српски. Поради преведувањето, го одлагаме рочиштето за 11 февруари во 10 часот”, рече Куртај.

И пред денешното рочиште, од Граѓанската иницијатива СДП имаа замерки и забелешки на самиот обвинителен акт и на евентуалното судење.

Потпретседателката на иницијативата, Ксенија Божовиќ, рече дека само е потврдено она што го зборувале од првиот ден на истрагата, дека е непрофесионална исто како и обвиниението и дека целата постапка е фарса.

„Нервозата кај судијата, непрофесионалното преведување и никаквиот одговор од Обвинителството покажуваат колку непрофесионална е оваа институција. Ги повикувам меѓународните претставници кои работеа на формирањето на овие институции да дојдат и да се позанимаваат малку со нивната работа и на лице место да ги следат ваквите судења“, изјави Божовиќ.

Обвинение е покренато против полицајците Недељко Спасојевиќа, Марко Рошиќ, Драгиша Марковиќ и Жарко Јовановиќ, како и против началникот на полицискиот Оддел за крвни деликти во Косово, Раде Басар и против Силвана Арсовиќ, секретарка во партијата на Оливер Ивановиќ.

Обвинението е покренато за повеќе кривични дела како учество и организирање криминална група, злоупотреба на службената позиција, помош во извршување кривично дело тешко убиство, откривање службена тајна и манипулација со докази.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Тирана: Повеќе од 5.000 мигранти побарале азил во Албанија

Објавено пред

Во 2019 година повеќе од 5.000 бегалци и мигранти побараат азил во Албанија. Мигрантите обично ја користат рутата преку Девол и Корч, но заради студеното време, трасата се пренасочува кон Саранда.
        
Според албанската телевизија Топ центар, мигрантите, најверојатно, доаѓаат од бегалските кампови во Грција, ја минуваат Албанија за да влезат во Црна Гора и Хрватска, а потоа и во земјите на ЕУ. Минатата година во Албанија беа откриени над 10.000 мигранти, што е за 50% повеќе од 2018 година.
        
Покрај албанските полицајци, 66 полицајци од 12 земји членки на ЕУ, членки на Европската агенција за гранична безбедност, вршат контроли на албанско-грчката граница.

Полициската статистика во Албанија потврдува дека во 2018 година, рекорден број мигранти во земјата поднеле барање за азил – 4.095, најголем број се државјани на Сирија, во споредба со 307 во 2017 година.Во 2019 година повеќе од 5.000 бегалци и мигранти побарале азил во Албанија.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Уапсен поранешен српски фудбалер во Шпанија, осомничен дека бил водач на наркоклан

Објавено пред

Шпанската полиција го уапси поранешниот српски фудбалер Стефан Милоевиќ, син на некогашниот фудбалер Горан Милоевиќ, објави „Б92“. Тој е осомничен дека бил водач на наркокланот „Јунајтед трибјунс“.

Освен Милоевиќ, уапсени се уште 15-ина лица, кои се доведуваат во врска со кланот.

Во акцијата против трговија со дрога и организираниот криминал шпанската полиција, во соработка со Европол, извршила 18 претреси во Палма де Мајорка, Тарагона, Валенсија и Барселона, а особено на удар биле дилерите на дрога и осомничени лица дека ги контролираат ноќниот живот и борделите на овие актрактивни дестинации.

Прикажи повеќе...

Регион

Грција идната недела ќе добие нов претседател

Објавено пред

Грчката влада достави предлог до парламентот за избор на нов претседател на републиката, што ќе се одржи на 22 јануари, пренесува грчкиот весник „Катимерини“.

Пратениците ќе гласаат за кандидатката Катерина Сакеларополу, сегашна претседателка на Врховниот суд, изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

По ревизијата на членот 32 од грчкиот Устав, потребни се 200 гласови на пратениците во грчкиот парламент за избор на нов претседател.

Владејачката партија Нова демократија има 158 пратеници во грчкиот парламент и потребни ѝ се гласовите на пратениците од опозицијата за да ја изберат Сакеларополу за претседател на земјата.

Поранешниот премиер и лидер на опозициската Сириза, Алексис Ципрас, ја поддржа кандидатурата на Сакеларополу, со што е обезбедена поддршка на 244 пратеници, заедно со гласовите на пратениците од редовите на Сириза.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Емил Јакимовски кој им се закануваше на две новинарки доби осумдневен притвор

Судија на претходна постапка попладневно му одреди осумдневен притвор на Емил Јакимовски, поранешен вработен во Централниот регистар. „Осумдневниот притвор му...

Македонија3 часа

Дежурни инспекциски екипи утврдуваат зошто е црвена водата на реката Серава

Министерството за животна средина информира дека екипи излегле на терен за да спроведат вонреден инспекциски надзор по течението на реката...

Македонија5 часа

Заев: Остануваме отворени за соработка на изборите со сите, освен со ВМРО-ДПМНЕ

Во однос на прашањето за евентуални изборни коалиции, претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска истакна дека СДСМ е политички субјект...

Свет6 часа

(Видео) Макрон евакуиран од театарот во Париз, демонстранти се обидоа да влезат во зградата

Француските безбедносни сили го евакуираа претседателот на земјата, Емануел Макрон од театарот Ле Буфе ду Норд во Париз поради напад...

Топ6 часа

Разбојниците по кражбата во НЛБ банка го запалиле возилото

Три вооружени лица најверојатно го извршиле грабежот во еокспозитурата на НЛБ банка во Ѓорче Петров.Тие го извршиле грабежот со „опел...

Економија8 часа

(Видео) Aнгеловска: Буџетот е во добра кондиција, платите и пензиите ќе бидат исплатени навреме

„Буџетот е во добра кондиција, финансиите се стабилни. Минатата година имавме добра динамика на наплата со реализација на проекцијата за...

Свет8 часа

Седум планинари исчезнаа во лавина во Непал

Најмалку четворица јужнокорејци и тројца непалски водичи исчезнаа во лавина на популарната патека за планинарење во Непал, соопштија властите.         ...

Култура9 часа

Џејми Ли Кертис за „Медена земја“ твитна: Колку совршен филм, воодушевена сум

Македонскиот документарец номиниран за два оскари, „Медена земја“ ги освои симпатиите и на познатите холивудски актерски имиња. What a perfect...

Економија10 часа

Луксембург – земја со најголема минимална плата во ЕУ

Минималната месечна плата во Луксембург се зголеми на 1 јануари и сега изнесува 2,14 илјади евра. Дури и пред ова...

Економија11 час

Комората на сметководители препорачува: Канцерогените фискални ленти итно да се забранат како во ЕУ

Од 1 јануари годинава во Европската Унија, стапи на сила забраната за употреба на штетната хемиска материја Бисфенол А или...

Свет11 час

Помпео под притисок да се појави на јавно сослушување за убиството на Сулејмани

Одборот за надворешни работи на Претставничкиот дом на Конгресот на САД испрати обврзувачки повик до државниот секретар Мајк Помпео за...

Спорт12 часа

Михајловиќ: Имав напади на паника во болница, сакав да побегнам низ прозорец!

Екс-српскиот фудбалер, а сега актуелен тренер на калчолигашот Болоња, Синиша Михајловиќ за тв емисијата „Verisimo” раскажа досега непознати детали од...

Свет12 часа

Сменет бразилски министер кој во говор го цитираше Гебелс

Бразилскиот министер за култура е сменет од позицијата, откако што цитираше делови од говор на нацистичкиот шеф на пропаганда Јозеф...

Свет1 ден

Граѓаните од ЕУ нема автоматски да бидат депортирани по брегзитот

Велика Британија нема автоматски да ги депортира граѓаните од Европската Унија кои не побарале да останат во земјата по брегзитот,...

Европа1 ден

Музејот „Лувр“ во Париз затворен поради протести

Музејот „Лувр“ во Париз денеска беше затворен кога десетици демонстранти го блокираа влезот протестирајќи против намерата на француската влада да...

Македонија1 ден

(Видео) Петровска: Погубно за Министерството и граѓаните ќе биде МВР да се претвори во партија

Впечатокот дека се случува хаос во Министерството за внатрешни работи е резултат на избрзаните телеграми од министерот Чулев, вели неговата...

Европа1 ден

Папата за првпат назначи жена на висока позиција во Ватикан

За првпат една жена ќе има висока позиција во Ватикан, бидејќи папата Франциско, поглавар на Римокатоличката црква, ја назначи Франческа...

Свет1 ден

Еден милион морски птици умреле над Тихиот Океан

Дури еден милион морски птици умреле над Пацификот за помалку од 12 месеци, а експертите велат дека е виновна топлата...

Регион1 ден

Грција идната недела ќе добие нов претседател

Грчката влада достави предлог до парламентот за избор на нов претседател на републиката, што ќе се одржи на 22 јануари,...

Топ1 ден

Две деца повредени кога „бе-ем-ве“ излетало на патот Велес – Извор

Вчера во 16:00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Велес – Извор, по крстосницата за селото Г.Оризари, патничко возило...

Досие