Регион
Снимка од претресот во Косовска Митровица: од зградата во која живеел Радоичиќ запленети два „мерцедеса“ со белградски таблички

Припадници на специјалната единица на косовската полиција извршија претрес во зградата во северниот дел на Косовска Митровица, каде што живееше потпретседателот на Српската листа, Милан Радоичиќ.
Како што објави „Н1“, околу зградата биле распоредени голем број оклопни возила со долги цевки.
Косовската полиција запленила две луксузни возила „мерцедес“ со белградски таблички и еден „квад“ без таблички.
Како што може да се види на видеото, возилата се однесени од околината на зградата во придружба на оклопни возила на косовската полиција.
Ресторанот „Греј“ се наоѓа на приземјето на зградата, а истоимениот хотел со идентично лого постои и на Копаоник. Тој хотел бил поврзан со Звонко Веселиновиќ. Сепак, според јавно достапните податоци, сопственик на ресторанот во Косовска Митровица е Ема Радоичиќ.
„Коссев“ известува дека косовските специјалци од ресторанот зеле две хартиени кеси и ги ставиле во службеното возило.
Претреси се направени на уште неколку локации во Косовска Митровица, како и во Звечан и Зубин Поток.
Специјалните единици на косовската полиција утрово упаднале во Клиничкиот болнички центар во Митровица, изјави за „Танјуг“ директорот на таа институција, д-р Златан Елек. Тој рече дека без знаење на управата на болницата извршиле претрес во пералната и одредени канцеларии.
Според Елек, тие заплениле и снимки од камерите на КБЦ.
Како што изјави, припадниците на специјалната единица на косовската полиција рекле дека имаат налог за претрес од судот, кој бил на албански јазик и што тој не можел да го разбере.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Хорор во Србија: ловџии пронајдоа обезглавено тело

Во близина на хиподормот во Велика Плана, група ловџии денеска пронајдоа труп во напредна фаза на распаѓање, јавуваат српските медиуми.
Причината за смртта се уште не е позната. Се работи за засега неидентификувано лице.
Трупот на мажот бил обезглавен.
Телото и главата се на исто место.
Се работи за засега неидентификувано лице. Исто така, се верува дека телото било тука некое време.
Регион
Пронајдено девојчето од Бeлград, потврди мајката

Пронајдена е Сара Петровиќ (17) од Борча, Белград која исчезна вчера околу 13 часот, и последен пат била видена во близина на ресторанот „Франш“ јавуваат српските медиуми. Веста дека е пронајдена за српски „Телеграф“ ја потврдила нејзината мајка.
– Да, пронајдена е, но не знаеме каде била. Работиме да дознаеме – изјави мајката за српскиот медиум.
Регион
Вучиќ: Од 94 милиони евра за гасоводот Србија-Бугарија, 50 милиони се подарок од Европската Унија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека од 94 милиони евра колку што чинат изградбата на гасоводот Србија-Бугарија, односно интерконектор до бугарската граница, речиси 50 милиони евра се подарок од Европската Унија, а уште 25 отсто се најповолните кредити од Европската инвестициска банка.
Вучиќ изјави дека остатокот, околу 20 милиони евра, се финансирани од буџетот на републиката.
Како што истакна, поврзувањето преку интерконекторот со Бугарија ќе обезбеди дополнителен гас за Србија, а преку него ќе може да се закупи и дел од азербејџанскиот гас, како и гасот од Александрополис.
„Ќе има поголема можност за добивање гас од територијата на Бугарија, Грција и други земји. Ова ќе овозможи сигурност во снабдувањето и подобри цени“, рече Вучиќ.
Тој најави дека утре, по пуштањето во употреба на гасниот интерконектор Србија-Бугарија, ќе има демонстрација на можностите на падобранот и специјалните единици, на која ќе присуствуваат и претставници од Бугарија и Азербејџан.