Регион
Состанок на Вучиќ и Ердоган: „Турција ќе им помага на балканските држави да соработуваат“

Претседателите на Србија и Турција, Александар Вучиќ и Реџеп Таип Ердоган, ја оценија соработката меѓу двете земји како исклучително добра и истакнаа дека Белград и Анкара споделуваат исти цели и интереси во билатералните односи – надминување на проблемите од минатото и воспоставување мир и стабилност на Балканот.
„Нашата соработка е на исклучително ниво. Турција ќе продолжи да дава поддршка и стабилност на Балканот и да игра конструктивна улога за помош на земјите од регионот да ги остават проблемите зад себе и да соработуваат“, изјави Ердоган на заедничката прес-конференција со Вучиќ.
Ердоган денеска ја почна дводневната посета на Србија, во чии рамки се очекува да бидат потпишани девет договори од областа на безбедноста, одбраната, културата, образованието, индустријата и технологијата.
Двајцата претседатели оценија дека е зголемена економската соработка помеѓу двете земји и најавија почеток на заеднички проекти.
Вучиќ и Ердоган утре ќе бидат домаќини на трилатералниот состанок Србија-Турција-Босна и Херцеговина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Пукање во Албанија- едно лице убиено, две се ранети, медиумите го поврзуваат со предизборието

Едно лице загина, а две се повредени во пукање во Елбасан, што албанските медиуми го поврзаа со обид за купување гласови.
Пукањето се случува само неколку дена пред парламентарните избори во земјата, анализираат медиумите.
Локалниот социјалист Пјер Јувани бил застрелан, а ранет бил неговиот зет и полицаец кои случајно се нашле на местото на конфронтацијата, пренесуваат албанските медиуми.
Полицијата го идентификувала напаѓачот, кој веднаш потоа се предал.
Арбер Пиплеска, кој е поранешен припадник на специјалните единици на албанската полиција и наводно локален функционер на Демократската партија, кажал дека пукал во самоодбрана.
Наводниот мотив за пукотниците е купување гласови пред парламентарните избори, кои се одржуваат во недела, пишуваат албанските медиуми.
Според написите непосредно пред пукањето, претставниците на демократите се пожалиле дека во Елбасан кружат возила без регистарски ознаки, од кои тие им нуделе пари на граѓаните во замена за гласови на изборите.
Регион
Српски микробиолог: За третата доза подобро е да се прими вакцина од друг производител

Во третата рунда на вакцинација, што се очекува наесен, најдобро е да се прими вакцина направена на платформа на друг производител на вакцини, а не онаа со која луѓето претходно се вакцинирале, предложи српски експерт во средата, тврдејќи дека на тој начин ќе се постигне поширок имунолошки одговор на Ковид-19.
Микробиологот и професор на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Крагуевац, д-р Дејан Баскиќ, за крагуевачката ТВ К1 изјави дека бил вакциниран со „фајзер“, како и повеќето здравствени работници, но дека во следната рунда вакцинации ќе биде вакциниран со кинеската „синофарм“.
„Се покажа дека оваа вакцина е побавна во создавањето на имунолошки одговор и треба подолго време за да се создаде заштита, но кинеската вакцина го содржи целиот мртов вирус и развива имунолошки одговор на сите компоненти на вирусот, не само на познатиот С-протеин, додека ‘Фајзер’ го подготвува имунолошкиот систем само на С-протеин“, вели Баскиќ за ефикасноста на вакцината, пренесува „Танјуг“.
Баскиќ ги посочи резултатите од истражувањата кои покажуваат дека кинеската вакцина е подобра одбрана од нови мутации на вирусот, конкретно во случајот со бразилската варијанта.
Тој смета дека имунолошкиот одговор би бил подобар со вакцинирање со препарат направен на друга платформа.
Баскиќ, кој спроведе истражување за ефикасноста на вакцините во Крагуевац, нагласува дека првичните резултати од истражувањето упатуваат на заклучок дека секоја вакцина е добра и дека граѓаните не треба да се сомневаат дали да се вакцинираат или не.
Регион
Хрватска: Дури 64 проценти од вработените во училиштата не сакаат да се вакцинираат

Министерството за наука и образование собра податоци за вакцинирањето на наставниците и другиот училиштен персонал. Во просек, дури 64 проценти од вработените и наставниците не сакаат да се вакцинираат.
„Постои интерес, но голем број жени стравуваат од една вакцина. Ние би сакале да им понудиме на вработените можност за избор на вакцина, сепак во системот 86 проценти се жени. Проблемот е што тие ја поделија приоритетната група во две подгрупи, очигледно нема доволно вакцини. Сите вработени се подеднакво важни“, рече Ана Тускан, секретарка на Синдикатот на наставници.
На прашањето зошто просветните работници се толку скептични во врска со вакцинацијата, министерот за образование и наука, Радован Фукс, рече дека не знае.
„Изненадувачки. Очекував поголем одѕив на вакцинацијата и сега кога дојдовме во фаза дека сè е средено и организирано, немаме таков идеален одѕив“, рече Фукс.
„Ако ме прашате, направен е негативен маркетинг за една добра вакцина“, рече Фукс.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион5 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?