Контакт

Регион

Со години ја заговарам опцијата за разграничување со Косово, вели Вучиќ

Објавено пред

Сакаме јасна граница, а не привремена состојба како што е денес, односно едно напишано, а друго на терен, изјави српскиот претседател, Александар Вучиќ, за „Новости“.

На овој начин Вучиќ го образложи неговиот став за разграничувањето додавајќи дека Србија сака земја чии граници ги знае и што ќе бидат јасно дефинирани. Тој истакна дека неговата идеја за разграничување не е ништо ново и дека опцијата се заговара со години, а тој отворено зборувал во јавноста.

„Многупати зборував на оваа тема, не е ништо ново, а тоа што некои поради својата совест на ова гледаат со чудење и имаат расипана фантазија, тоа не го разбирам“, рече Вучиќ.

Српскиот претседател додаде дека не крие оти го поддржува разграничувањето и истакна дека е тоа политиката што тој ја преставува.

„Не знам дали ќе добие поддршка од народот или не, но јас се залагам за разграничување со Албанците“, истакна Вучиќ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Харадинај: Желбата на Косово за членство во ЕУ да се сфати сериозно

Објавено пред

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, изјави дека Приштина ги вовела мерките кон Белград бидејќи гласот на Косово не бил доволно слушнат во Европската Унија. Тој побара сериозно да се сфати желбата на Косово за членство во Унијата, за да се избегне дестабилизација на регионот.

Во интервју за „Фајненшл тајмс“, Харадинај вели дека таксите од 100 проценти на стоката од Србија не е арогантна мерка, туку немале друг избор.

Тој ја обвини Србија дека работи за интересот на Русија и со тоа нанесува тензии во регионот.

„Фајненшл тајмс“ потсетува дека изјавата на Харадинај доаѓа во време на зголемени тензии помеѓу Косово и Србија. Според зборовите на Харадинај, идејата за корекција на границите или размена на територии претставува опасен план за регионот.

„Апсурдно е да се залагаме за договор за размена на територии со цел Србија да го признае фактот дека сме држава. Нас не признаа половина земји членки на Обединетите нации“, изјави Харадинај.

Прикажи повеќе...

Регион

Словачка e против формирање косовска војска

Објавено пред

Словачка категорично се противи на трансформацијата на косовските безбедносни сили во војска, изјави премиерот на Словачка, Петер Пелегрини.

Тој на прес-конференција по средбата со српската премиерка, Ана Брнабиќ, истакна дека неговата земја сè уште силно го поддржува територијалниот интегритет на Србија и дека не се менува позицијата на еднострано прогласената независност на Косово.

На прашање на новинарите што ако биде формирана војска во Косово, Пелегрини изјави „ситуацијата е многу сложена. Словачка е членка на НАТО и мислам дека и ставот на алијансата по ова прашање е негативен. Затоа мислам дека подеднакво силен став ќе покаже и алијансата, а тоа е став и на меѓународната заедница и ЕУ“, посочи словачкиот премиер.

Пелегрини рече дека Приштина треба да добие јасен сигнал дека ако повлече чекори против меѓународното право и ако го наруши мирот и стабилноста во регионот, не може да смета дека ќе бидат почитуван партнер во Европа.

Според него, потребно е да се повика Приштина да се повлече од овие еднострани и над сè неуставни чекори.

„Никој не би сакал Србија да биде принудена со својата војска да застане во одбрана на загрозеното население на Косово. Жал ми е што во моментов се чини дека Приштина нема интерес за мирно решение и дека, како и во однос на политиката, гледаме тенденција за тензии и понатамошна ескалација”, заклучи Пелегрини.

Прикажи повеќе...

Регион

„Хјуман рајтс воч“: Хрватска илегално и насилно ги враќа бегалците во Босна и Херцеговина

Објавено пред

Хрватската полиција ги враќа мигрантите и бегалците назад во Босна и Херцеговина, во некои случаи насилно, не давајќи им можност да побараат азил, објави „Хјуман рајтс воч“.

Организацијата со седиште во Њујорк разговарала со 20 луѓе, вклучувајќи и едно момче без придружба, а тие откриле дека хрватската полиција ги депортирала во Босна и Херцеговина без да го процесуира нивниот случај.

Шестнаесет лица, вклучувајќи жени и деца, тврдат дека полицијата ги тепала со пендраци и ги удирала, а им ги украла паричниците или уништила мобилните телефони.

„Хрватска има обврска да ги заштити барателите на азил и мигрантите“, истакна Лидија Гал, истражител на организацијата за Балканот и Источна Европа.

Прикажи повеќе...

Најново

Крвав четврток45 минути

Села: Претседателите на партиите кои не присуствуваа на 27 април се најверојатно и организаторите

,,Некој знаел дека ќе се случи она што се случи на 27 април и не беше присутен. Немаше друга причина...

Крвав четврток2 часа

Припадничка на собраниското обезбедување: Ѓошевски даде наредба да се отворат вратите од собата за видео надзор

Судењето за ,,крвавиот четврток” по паузата продолжи со сведочење на Милунка Јовановска, вработена во МВР, која на 27 април била...

Крвав четврток3 часа

Кој е тој Душко и кои се сите тие од МВР што треба да знаат, Кацарска го праша Трајко Вељаноски

Во кривичниот суд попладнево продолжи испитувањето на поранешниот претседавач на Собранието, Трајко Вељаноски, во својство на сведок предложен од обвинетиот...

Крвав четврток5 часа

Игор Југ го праша Вељаноски за албум на „Металика” – Дали политичарите беа господарите, а ние што скапуваме по затвори сме куклите?

Обвинетиот Јане Ченто, пред да му постави прашање на експретседавачот на Собранието Трајко Вељаноски, рече дека некои калкулираат со човечки...

Македонија5 часа

(Видео) Клинички со закана до Шилегов поради поскапиот паркинг за вработените

Платите на вработените во Клиничкиот центар неодамна им беа зголемени за околу 5 отсто, а вчера градоначалникот на Град Скопје,...

Македонија6 часа

(Видео) Димовски до Тевдовски: Престанете со арогантниот однос кон Собранието

Министре Тевдовски, до кога ќе го практикувате овој арогантен однос кон Собранието? Ја напуштате дебатата без збор. Со овие зборови...

Крвав четврток6 часа

Немате поим што се случувало на 27 април, му кажа обвинителката на сведокот кој го предложи Душко Лазаров

На денешното рочиште за судењето за 27 април прв од дополнителните сведоци сведочеше Тони Алексовски, сведок кој го предложи обвинетиот...

Македонија7 часа

На судењето за „Тортура“ се емитуваат телевизиските прилози од 2011

На денешното рочиште за случајот „Тортура“, во кој првообвинет е Сашо Мијалков, во судот се презентираат снимки од дневникот на...

Македонија8 часа

(Видео) Активистката Моника Ристеска осудена на две години условна казна

Активистката Моника Ристеска денеска на првото судско рочиште беше осудена на две години условна казна за сторено кривично дело „неовластено...

Европа8 часа

Туск: В четврток самит на ЕУ за брегзит, нови преговори нема

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, вчера изјави дека за в четврток, на првиот ден од самитот на ЕУ во...

Свет10 часа

Руската шпионка Марија Бутина уапсена во САД призна вина

Марија Бутина, која е обвинета од американските власти дека е руски шпион и дека се обидува да влијае на политиката...

Економија10 часа

Од денеска поевтини горива на бензинските

Од ноќеска на полноќ бензините поевтинија за 1,5 денар, а дизелот за 2,5 денари. Со новата одлука на Регулаторната комисија...

Европа21 час

(Видео) Макрон најави зголемување на минималната плата и даночни олеснувања

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, во долгоочекуваното обраќање до јавноста вети зголемување на минималната плата и даночни олеснувања в година....

Македонија1 ден

Вработени во Министерството за локална самоуправа биле ангажирани како експерти и добиле 36.000 евра

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против четири лица, и тоа Љирим Шабани, поранешен министер...

Македонија1 ден

Кривична пријава против Тодоров и Кралев – осомничени се дека го оштетиле буџетот за 80.000 евра

Поранешните министри за образование и наука, Никола Тодовор и Панче Кралев, се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластувањето...

Македонија1 ден

Имотот на Камчев во Русија, Бугарија и на Бахамите – пречка да излезе од притвор

Фирми во Русија, Бугарија, Холандија, Косово, Србија и Хрватска и офшор компании во даночните раеви се само дел од имотот...

Македонија1 ден

Советот одлучи: Вработените на клинички ќе плаќаат двојно поскап паркинг

Советот на Град Скопје на денешната седница ја усвои Одлуката за изменување и дополнување на ценовникот на услугите што ги...

Топ1 ден

Забелешки за нацрт-законот за амнестија, работната група се консултира

За помалку од еден час заврши состанокот на Работната група за помирувањето, каде во фокус на средбата беше нацрт-верзијата на...

Крвав четврток1 ден

Кацарска до Димитриевски: Каков професионалец сте кога не може да се сетите на ниту една команда од Чавков

Судијката Добрила Кацарска, која го води случајот за 27 април по сведочењето на Никола Димитриевски, поранешно обезбедување на ексдиректорот на...

Македонија1 ден

Затворениците од „Идризово“ почнаа штрајк: Бараме амнестија за сите, не само за упадите во Собранието

Затворениците кои одлежуваат казна во затворот „Идризово“ од денеска штрајкуваат со глад бидејќи не се опфатени со законот за амнестија...

Досие