Контакт

Регион

Спасени пет деца во Банско, возеле надвор од стазите

Објавено пред

Во Бугарија во зимското одморалиште Банско, спасени се пет деца од Србија, на возраст од 12 до 15 години, пренесоа „Вечерње новости“.

Како што се наведува, станува збор за деца кои возеле сноуборди надвор од скијачките стази.

Спасувачките служби реагирале на повикот за помош што децата го упатиле околу 4 часот вчера попладне. Тие се во добра состојба и без посериозни повреди, но биле исплашени за она што им се случило, јавија бугарските медиуми.

На истото подрачје претходно, по лавина, беа пронајдени две тела на млади лица од Софија кои исто возеле сноуборди надвор од скијачките стази. Бугарија предупреди дека во таа зона постои највисок степен на опасност од Лавина и скијачите треба да возат ислучиво на обележаните стази.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Обвинение против Британец и грчки војник за шпионажа во Грција

Објавено пред

Грчките власти поведоа обвинение за шпионажа против британски државјанин кој работи во хуманитарна организација за давање помош на бегалците и против грчки војник, кои беа уапсени во неделата во воено подрачје на границата со Турција.

Полицијата првично побара двајцата мажи на возраст од 25 и 29 години да се соочат со полесни обвинувања за влез во ограничено воено подрачје без дозвола, потсетува АП.

Меѓутоа, обвинителот во североисточниот град Орестијада ги обвини денеска за шпионажа бидејќи кај уапсените биле пронајдени фотографии на воени објекти во пограничното подрачје кај реката Марица.

Војникот служел во пограничната област и не бил на должност за време на апсењето.

 

Прикажи повеќе...

Регион

Баша треба да му плати 400 евра на социјалистички пратеник за навреда

Објавено пред

Лидерот на Демократската партија, која е главна опозициска партија во Албанија, Љуљзим Баша, денеска, пред судот во Тирана, доби глоба од 400 евра поради клевета изнесена врз пратеник на владејачката Социјалистичка партија.

Кривичната пријава против Баша ја поднесе шефот на пратеничката група на социјалистите, Таулант Бала, кога Баша го обвини дека е поврзан со шверц на 3,4 милиони евра, кои албанската полиција ги откри во автомобили што минатото лето пристигна во албанскиот пристанишен град Драч. Според обвинувањата на Баша, парите наводно припаѓале на шверцери на дрога.

Адвокатот на Баша најави дека ќе ја обжали одлуката на судот.

Борбата против шверцувањето дрога, организираниот криминал и корупцијата остануваат предизвик за Албанија, која настојува годинава да ги почне преговорите за членство со ЕУ, наведе АП.

Прикажи повеќе...

Регион

Харадинај го отвори Министерството за одбрана: „Најновата војска во светот“

Објавено пред

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај и поранешниот министер на Косовските безбедносни сили (КБС), а нов министер за одбрана, Рустем Бериша, го открија денеска новиот натпис на зградата во која се наоѓаше Министерството на КБС. На новата табла пишува „Министерство за одбрана“.

„Симболично со откривањето на таблата со натпис „Министерство за одбрана“, од денеска Косово ја формализира институционалната рамка за најновата војска во светот“, напиша косовскиот премиер на неговиот профил на „Фејсбук“.

Формирањето на Министерството за одбрана беше предвидено во еден од трите закони за трансформација на КБС, кои беа усвоени на 14 декември. Покрај законот за Министерството за одбрана, усвоени беа и законот за правилата на службите во КБС и законот за проширување на мандатот на КБС.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

„Фајненшл тајмс“: Преспанскиот договор е достигнување за прослава на Балканот

Договорот за решавањето на 27-годишниот спор помеѓу Грција и Македонија, што неделава влезе во процедура за ратификација во грчкиот парламент,...

Македонија4 часа

Калајџиев и Цаца Николовска избрани да вршат надзор врз прислушувањето

Комисијата за избори и именувања одлучи да се објави оглас за избор на тројца членови за граѓанскиот совет за надзор...

Македонија4 часа

Уништена големата авионска бомба што беше пронајдена во центарот на Скопје

Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека успешно е уништена авионската бомба од Втората светска војна, која пред неколку дена...

Македонија5 часа

(Видео) Мицкоски: Владата да прогласи вонредна состојба поради загадувањето

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку видеообраќање побара од Владата да прогласи вонредна состојба поради загадувањето. Тој оцени дека состојбата...

Македонија5 часа

Наумовски: Парите за повисока плата се планирани во случај да се промени законот

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски, тврди дека засега нема да зема повисока плата и ќе чека законски измени...

Македонија5 часа

МВР за 50 илјади евра ќе се консултира за набавка на услуги за изработка на биометриски документи

Со проценета вредност, без ДДВ, од 3.000.000 денари, или приближно 50 илјади евра, МВР објави тендер за консултантски услуги за изготвување проектна...

Македонија7 часа

(Видео)„О2 иницијатива“: Оставки, доста ни е од пиар-мерки против загадувањето

„Ова што го прави власта не е борба против загадувањето. Ова се пиар-мерки за намалување на бесот кај граѓаните и...

Македонија8 часа

Директорот на Шутка: Постои можност Ченто да го внел мобилниот телефон преку чуварите

Директорот на КПД „Скопје“ во Шуто Оризари, Ѓоко Котевски, не ја исклучува можноста вработените во затворот да се замешани во...

Економија8 часа

Поскапуваат бензините и дизелот

Цените на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се зголемуваат за 2,5, односно 3,5 денари, соопшти Регулаторната комисија за...

Бегството на Груевски8 часа

(Видео) Груевски повторно „уловен“, овој пат на шопинг во Будимпешта

Експремиерот Никола Груевски вчеравечер бил на шопинг во трговски центар во Будимпешта. Како што објавуваат унгарските портали, во времето кога...

Бегството на Груевски9 часа

(Видео) Телохранителите на Груевски сослушани за неговото бегство, роднините нема да се сослушуваат

Роднините на Груевски нема да бидат повикани да дадат исказ пред Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за неговото...

Вести9 часа

(Видео) Трамп, Макрон и Меј го откажаа учеството на економскиот форум во Давос

Подготовките за Светскиот економски форум во Давос, кој ќе почне на 22 јануари и ќе трае до петок, 25 јануари,...

Гордана Јанкулоска, судење, Титаник Гордана Јанкулоска, судење, Титаник
Македонија10 часа

Апелациските судии в понеделник ќе одлучуваат за затворската казна на Јанкулоска

В понеделник, на 28 јануари, во 9:30 минути, во Апелацискиот суд во Скопје треба да се одржи рочиштето за пресудата...

Свет10 часа

(Видео) Израел објави видео од ракетните напади врз Сирија

Израелската војска објави видео на кое се забележани воздушните напади врз Сирија. Цел на нападите биле иранските сили. During our...

Македонија11 час

Груевски ја повлече тужбата за клевета за Заев со која првично бараше половина милион евра

Утре нема да се одржи судско рочиште за тужбата за клевета и навреда од бегалецот Никола Груевски против премиерот Зоран...

Регион12 часа

Повредени новинари на протестите во Атина: Нападот беше испланиран

Грчката државна телевизија ЕРТ соопшти дека непознати лица за време на вчерашните протеsти во Атина ја нападнале нејзината екипа, а...

Свет12 часа

(Видео) Супер волшебна месечина: Ретко целосно затемнување на небото во северната хемисфера

Илјадници луѓе на северната хемисфера се бореа со ниските температури за да го видат целосното затемнување на Месечината, феномен познат...

Свет12 часа

Поради снежна бура во САД откажани 5 000 летови

Поради снежната бура и последиците од естремно ниските температури што ги зафатија сојузните држави во централните и северноисточните делови на...

Свет14 часа

„Кликни за молитва“ : Папата Франциско промовираше католичка мобилна апликација

Папата Франциско лансираше нова дигитална платформа во своето традиционално неделно обраќање што ќе им овозможи на верниците да се молат...

Македонија1 ден

Со мерките за загаденоста, властите се борат со последиците наместо со проблемот

Над 150 деца во моментов се хоспитализирани на Детската клиника, а голем дел од нив се соочуваат со респираторни нарушувања...

Досие