Контакт

Регион

Спасувачите неколку часови извлекувале туристка на една од најозлогласените плажи во Грција

Објавено пред

На озлогласената плажа Шејтан Лимани (Пристаниште на ѓаволот) на подрачјето на Ханија на Крит била спроведена операција за спасување на француска туристка.

Французинката паднала на остри карпи за време на стрмното спуштање на плажата, а на службите за спасување им биле потребни неколку часа за да стигнат до оддалечената област и да ја спасат.

Од морето и од копното пристигнал спасувачки тим од пет лица, бидејќи пристапот до повредената туристка бил многу недостапен.

За среќа, жената се здобила со полесни повреди и била пренесена во болница.

Станува збор за спектакуларен залив кој се наоѓа на 20 километри од центарот на Ханија на Крит. За да се дојде до плажата се оди по патот до аеродромот, потоа се свртува кон селото Хордаки и се стигнува до паркинг со стрмни серпентини, но не и до плажата.

Од паркингот се оди 15 минути по екстремно стрмен пат до плажата, што не е за секого.

Најважно е да не се оди со влечки, туку со добри патики, да не се брза и да се внимава буквално на секој чекор.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Нова рунда разговори меѓу Грција и Турција во НАТО, Столтенберг се надева на решавање на проблемите

Објавено пред

Турската и грчката воена делегација денеска ќе го одржат шестиот круг технички разговори во седиштето на НАТО во Брисел за да разговараат за Источен Медитеран, соопшти турското Министерство за национална одбрана, пренесува „Анадолија“.

Разговорите, чија цел е да се намали ризикот од инцидент во услови на зголемени тензии во Источен Медитеран, беа испланирани по состанокот меѓу претседателот Реџеп Таип Ердоган и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Столтенберг денеска  изјави дека дека техничките воени преговори меѓу Турција и Грција, предводени од НАТО, можат да помогнат во решавање на основните проблеми меѓу двата сојузника.

Тој посочи дека НАТО е загрижен во врска со тензиите меѓу двата НАТО-сојузника, додавајќи дека презеле иницијатива да ги обединат двата високо ценети сојузници да седнат и да разгледаат како можат да ги развијат воените механизми за деконфликција.

„Ова е во врска со тоа како да се осигуриме дека бродовите, авионите, ја држат потребната оддалеченост, и се однесуваат на одговорен начин. Значи спречуваме, избегнуваме инциденти и несреќи. И секогаш постојат ризици кога имате толку многу бродови на исто место на истата територија, како што видовме во Источниот Медитеран“, рече тој.

Столтенберг, исто така, рече дека неговите неодамнешни разговори со грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, и со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, довеле до почеток на техничките воени разговори.

„Се надевам дека ако можеме да најдеме решение, да ги воспоставиме овие механизми, тогаш тоа може да помогне во поддршката на напорите предводени од Германија за олеснување на разговорите за основниот проблем, “ додаде тој.

 

Прикажи повеќе...

Регион

Помпео ја посети грчко-американската воена база на Крит

Објавено пред

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, ја посети грчко-американската воена база во рамките на НАТО на Крит пред средбата со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на вториот ден од неговата посета на Грција.

Помпео претходно се состана и со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас.

На состанокот, неколку дена откако Грција и Турција ветија дека ќе продолжат со дипломатскиот дијалог за спорот, што летово предизвика стравувања од воен конфликт во спорната поморска област, тие се согласија дека САД и Грција имаат заеднички ставови за источен Медитеран и ја потврдија нивната убеденост дека поморските гранични спорови треба да се решат мирно.

Во октомври минатата година Помпео ја посети Атина и потпиша ревидиран договор за воена соработка со Грција, кој предвидува зголемување на заедничките активности на САД и Грција и на НАТО во три бази во Грција.

Програмата за посетата на Помпео вклучува потпишување договор за соработка на САД со Грција во науката и технологијата, состанок со бизнисмени од енергетскиот сектор за диверзификација на енергијата и инфраструктурни проекти во Грција.

За време на турнејата, Помпео ќе ги посети и Италија, Ватикан и Хрватска.

Прикажи повеќе...

Регион

Екипаж на крузер во Грција заразен со коронавирус, 922 патници не смеат да го напуштат бродот

Објавено пред

На крузерот „Мајн Шиф 6“ беше спроведено случајно тестирање на 150 од 666 члена на екипажот. Целиот заразен персонал е асимптоматски, пишува „Гардијан“.

„Во понеделникот ги добивме резултатите од тестирањето на персоналот и беше утврдено дека 12 члена на екипажот се позитивни на коронавирусот“, соопшти туристичката компанија „Туи“.

„Како дел од мерките на претпазливост и во согласност со строгите мерки за продолжување на крстосувањето договорено со властите во Грција, позитивните лица веднаш беа ставени во изолација на бродот“, додаваат од компанијата.

Крузерот со знаме на Малта патувал преку Пиреја до Крф. Капетанот престанал да плови веднаш штом дознал за резултатите од позитивните тестови и се закотвил пред островот Милос, се додека грчките власти не му наредиле да се упати кон главниот пристаништен град.

Грчките медиуми јавуваат дека сите 922 патници ќе бидат затворени во своите кабини за време на патувањето.

Сепак, ова тврдење беше демантирано од компанијата „Туи“, која управува со овој луксузен брод заедно со американската компанија „Ројал карибијан“.

„Патниците може да се движат нормално со брод, а крстосувањето продолжува според планираното“, кажаа од „Туи“.

Експертите за јавно здравје ќе го посетат крузерот кога ќе пристигне во Пиреја, а властите навестија дека никој нема да смее да се симне од бродот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија37 минути

Осум починати и 112 новозаболени од Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на...

Македонија2 часа

Царовска: Место да ја бојкотираат онлајн-наставата, родителите, градоначалниците и директорите да седнат и да се договорат

Бојкот на онлајн-наставата нема да им донесе ништо добро на децата, рече денес министерката за образование и наука, Мила Царовска....

Македонија2 часа

Затворска казна за Груевски, а условна за Јанакиески и за извршителите во „Насилство во Центар“

Судот изрече казна затвор од 1 година и 6 месеци за Никола Груевски, а за Миле Јанакиески условна казна од...

Македонија3 часа

Илјадници ученици и денес не можат да се приклучат за онлајн учење, Царовска повикува на трпение

Фијаско и на генералната проба, националната платформа за онлајн учење и денес паѓа. Илјадници ученици, наставници и родители и утрово...

Свет3 часа

(Видео) Гори цивилен автобус погоден од азербејџански дрон

Ерменскиот министер за одбрана објави на Твитер дека гори цивилен автобус, погоден од азербејџански дрон. In #Vardenis which is located...

Топ4 часа

Се преврте автобус со 16 војници на АРМ, пренесени се во болница со полесни повреди

Изутринава се случи сообраќајна незгода на патот Струмица – Штип кога се преврте автобус во кој се превезувале 16 војници...

Македонија4 часа

МОН: За еден ден, на платформата за учење на далечина 
се пријавиле над 88 илјади корисници

„Како што беше најавено во текот на вчерашниот ден, кога почнавме со тестирање на Националната платформа за учење на далечина,...

Свет5 часа

Трамп и Бајден ќе се соочат на првата дебата за претседателските избори

За прв пат лице в лице, во првата од трите претседателски дебати, Доналд Трамп и Џозеф Бајден ќе се сретнат...

Свет6 часа

(Видео) Судирот ескалира: соборен авион на азербејџанските сили, убиени се уште 26 ерменски војници

Армијата на Нагорно-Карабах собори авион на азербејџанските сили, изјави портпаролот на претседателот на таа непризнаена република, Ваграм Погосјан. Како што...

Македонија6 часа

Министрите на владина седница ќе потпишат кодекс за етичко однесување

Владата на Република Северна Македонија, денеска, со почеток во 12 часот, во свечената сала ќе ја одржи седмата седница. На...

Свет6 часа

Итна седница на Советот за безбедност на ОН за Нагорно-Карабах

Денеска треба да се одржи итна седница на Советот за безбедност на ООН за регионот Нагорно- Карабах, каде се водат...

Европа6 часа

Село во Романија третпат избра ист градоначалник иако е мртов

Жителите на едно село во Романија го реизбраа истиот градоначалник на локалните избори, иако тој почина пред две недели од...

Спорт15 часа

Дури 11 фудбалери на Џенова имаат КОВИД-19, нејасно е дали Пандев е меѓу нив!

Италијанските медиуми тврдат дека дури 11 фудбалери на Џенова и 3 членови на тимот имаат позитивен тест на КОВИД-19, вклучувајќи...

Регион17 часа

Србинка заврши со притвор со новороденчето – била шеф на балканска наркобанда во Шпанија

37-годишна Србинка заедно со нејзиното новороденче е притворена во Шпанија, откако тамошната полиција спровела истрага во која е откриена балканска...

Свет19 часа

Ако Баку користи турски авиони „Ф-16“ – Ереван ќе ги користи ракетите „Искандер“

Ерменскиот амбасадор во Русија, Вардан Тогањан, изјави дека Ереван ќе користи ракети „Искандер“ доколку Баку употреби турски ловци „Ф-16“ во...

Свет19 часа

Ерменија бара итна реакција од Европскиот суд за човекови права

Ерменија итно реагираше до Европскиот суд за човекови права од кого побара привремени мерки против Азербејџан, каде што траат борбите...

Македонија20 часа

Јанкулоска спроведeна во затворот „Идризово“

Ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска од нејзиниот дом е спроведена во затворот „Идризиво“, потврдуваат од МВР. Таа треба да...

Македонија21 час

Јанакиески до судот: Дали треба да се најде жртвено јагне за да ја понесе одговорноста за постапките на Груевски?

„Ниту сум прифатил, ниту сум дал насоки, ниту сум поттикнувал“, вели обвинетиот ексминистер Миле Јанакиески во завршните зборови на рочиштето...

Македонија1 ден

Четири лица починаа, потврдени 48 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа потврдени се 48 нови случаи на коронавирус од 387 теста, а починаа четири лица, соопшти Министерството...

Македонија1 ден

МОН: Во тек се тестирањата на Националната платформа за онлајн-настава

Во тек се тестирањата на платформата, се работи на нејзина оптимизација, велат од Министерството за образование и наука по реакциите...

Досие