Контакт

Регион

Според „Асошиетед прес“, стравувањата за конфликт на Балканот не се неосновани

Објавено пред

Стравувањата од некои европски официјални претставници дека на Балканот може повторно да има конфликти доколку бргу не го прифатат членките на ЕУ, не се неосновани, проценува американската агенција „Асошиетед прес“ (АП) тврдејќи дека руското влијание се зголемува на Балканот, во балтичките земји и во Централна Европа.

Агенцијата проценува дека тензиите меѓу Белград и Приштина се во пораст и покрај напорите на ЕУ за постигнување трајно решение меѓу двајцата поранешни воени непријатели.

Исто така, потсетува дека Белград пред две недели ја зголеми борбената подготвеност на армијата поради присуството на косовската специјална полиција во северно Косово, населено со Срби.

Агенцијата, всушност, сугерира дека ЕУ поради свои проблеми, со години ги игнорира балканските земји и дека некои официјални претставници на ЕУ сега се плашат дека Балканот може повторно да стане воено жариште, освен ако набргу не го прифатат членките на блокот.


Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, предупреди на ризикот од избувнување војна на Балканот ако ЕУ дозволи да се изгасат надежите за влез во ЕУ.

АП исто така тврди дека двајца руски воени разузнавача работеле од Србија во 2016 година кога се обиделе да организираат државен удар во Црна Гора со цел да го спречат да се приклучи кон НАТО.

Се проценува дека победата на Милорад Додик за српски член на Претседателството на БиХ го зајакна влијанието на Москва во Западен Балкан бидејќи „тој сега може да ја блокира секоја стратешка одлука доколку Путин каже“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Нова демократија повторно побара објавување на писмото со оставката на Коѕијас

Објавено пред

Водечката грчка опозициска партија Нова демократија повторно порача дека писмото со оставката на поранешниот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас мора да биде објавено во јавноста, пренесе грчката новинска агенција „АНА“

„Писмото мора да биде објавено. Доколку премиерот Ципрас се плаши, тогаш Коѕијас има обврска тоа да го направи“, пишува во соопштението.

Претходно Панос Каменос, грчкиот министер за одбрана и лидер на десничарската партија Независни Грци, кој е малцински партнер во владата на Ципрас, порача дека не треба да се очекува пад на актуелната влада во Атина.

Тој рече дека изборите во Грција ќе бидат одржани или во октомври или на крајот на четиригодишниот мандат на владата, или пак во мај следната година.

Каменос нагласи дека до март, односно тогаш кога преспанскиот договор ќе се најде во грчкиот парламент, по ова прашање нема да се расправа со партнерот во владата.

Прикажи повеќе...

Регион

Црна Гора официјално стана членка на мисијата на КФОР во Косово

Објавено пред

„Црна гора од денеска стана членка на КФОР- најдолгата и наусшешна НАТО мисија“, се наведува во соопштението на КФОР на Косово.

Како што пренесе „РСЕ“, учеството на Црна Гора во КФОР претставува дополнителна поддршка за мисијата и нејзината посветеност. Во Приштина по тој повод беше одржан свечен прием, на кој присуствуваа министерот за одбрана на Црна Гора, Предраг Бошковиќ, како и командантот на КФОР, генерал мајор, Салваторе Куочи.

„За земјите од соседството, каква што е Црна Гора, важно е што ќе придонесува кон безбедноста и сигурното опкружување, како и слободата на движење на западен Балкан, а одлуката да биде дел од операција каква што е КФОР, претставува конкретен чекор кон нормализација на регионот“, рече Куочи за време на церемонијата.

Прикажи повеќе...

Регион

ЕУ ѝ додели на Србија неповратни над 170 милиони евра за земјоделството

Објавено пред

Во српската влада денеска на земјоделците им беше врачено решение за доделување на неповратни 175 милиони евра од ИПАРД програмата на Европската Унија за купување на нова опрема и механизација.

Шефот на делегацијата на Европската унија во Србија, Сем Фабрици рече дека ИПАРД програмата е пресвртница која овозможува Србија да стане дел од заедничката европска политика за земјоделство.

„Сакаме на српските земјоделци со набавката на трактори и друга опрема да им обезбедиме ефикасни алати за да ја извршуваат нивната работа“, рече Фабрици и посети дека последните години е двојно зголемен извозот на земјоделки производи од Србија во ЕУ.

Министерката за европска интеграција, Јадранка Јоксимовиќ рече дека земјоделството во Србија треба да стане поконкурентно бидејќи европскиот пазар има високи критериуми.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

(Видео) Мицкоски: Ајде да донесеме закон за амнестија за да нема селективна правда

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прославата на 23 Октомври од говорницата побара да биде донесен закон за амнестија за...

Македонија7 часа

Сашо Мијалков е исклучен од партијата

По предлогот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, дисциплинската комисија на општинскиот комитет Центар го исклучи Сашо Мијалков од партијата. „Се...

Македонија7 часа

ВМРО-ДПМНЕ слави без Груевски, исклучените членови и разрешените функционери

Ниту еден од исклучените партиски членови и разрешените функционери не пристигна во Македонскиот народен театар, каде вечерва ВМРО-ДПМНЕ одржува свеченост,...

Македонија11 час

Јанчев: Барам јавно извинување и од Христијан Мицковски и од Александар Николовски или ќе ги тужам за клевета

На вчерашната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ до мене беа упатени неосновани обвинувања. Обвинувањата беа насочени кон мене како потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ...

Македонија12 часа

СЈО не добило барање од Мијалков за судот да му го врати пасошот

Кривичниот суд во Скопје ги демантира информациите кои се појавија во одредени портали, дека му бил вратен пасошот на ексдиректорот...

Македонија12 часа

МНР ги демантира тврдењата на Русија дека мнозинството во македонскиот парламент е обезбедено со уцени и закани

Министерството за надворешни работи на Република Македонија категорично ги отфрла вчерашните наводи и квалификации изнесени во коментарот на Департманот за...

Свет13 часа

Ердоган: Имаме силни докази дека убиството на саудискиот новинар било со денови планирано

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во турскиот парламент рече дека постојат силни докази дека убиството на новинарот Џамал Кашоги...

Свет13 часа

Пронајдено телото на убиениот саудиски новинар

Телото на саудискиот новинар Џамал Кашоги е пронајдено во бунар на територијата на резиденцијата и конзулатот на Саудиска Арабија во...

Македонија14 часа

Софија Куновска: И мене ме разреши СДСМ зашто реагирав дека слават во барокниот театар

Немаше да го напишам овој текст ако не почуствував дека сега е моментот да бидеме искрени до крај ако навистина...

Свет15 часа

Караван мигранти од Хондурас се движи кон САД и покрај заканите на Трамп

Илјада мигранти од Хондурас ја преминаа границата со Мексико и се упатија кон американската граница наспроти предупредувањата на мексиканските власти...

Свет15 часа

Мексико се подготвува за удар на ураганот Виља, се евакуираат илјадници луѓе

Мексиканските власти започнаа евакуација на илјадници граѓани во подрачјето на ниска надморска височина, поради исклучително опасниот ураган Виља, кој се...

Македонија1 ден

(Видео) ЦК предложи Мијалков и Тодоров да бидат исклучени од ВМРО-ДПМНЕ

За ексдиректорот на УБК и поранешен висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, како и поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров,...

Македонија1 ден

Јанчев и Богданов исклучени од функциите во ВМРО-ДПМНЕ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, и членот на Извршниот комитет Костадин Богданов, кој дојде од редот на реформаторите, се разрешени...

Македонија1 ден

(Видео) Палмер: Не се сретнавме со Мицкоски зашто ми ги кажа ставовите во писмото

Заменикот на помошник-државниот секретар на САД, Метју Палмер, на заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев изјави дека не остварил средба...

Македонија1 ден

(Видео) Да дозволиме помирувањето од Собранието да продолжи во институциите, порача Заев

Помирувањето започна во Собранието, да дозволиме да продолжи во институциите, порача првиот човек на Владата, Зоран Заев, на заедничката прес-конференција...

Економија1 ден

Општините со три милијарди денари ќе ги покриваат долговите

Владата го усвои законското предлог-решение со кое на општините им се ставаат на располагање 3 милијарди денари за покривање на...

Македонија1 ден

Ѕанакопулос очекува договорот од Преспа да помине во грчкиот парламент

Со гласањето за почеток на уставните промени беше направен историски чекор што ќе ги однесе двете страни поблиску до стапување...

Македонија1 ден

Поддршка за Мицкоски или барање за негова смена на состанокот на ЦК?

Од обвинувања за изолација на партијата и избрзани одлуки на раководството со исклучувањето на пратениците до поддршка за лидерот на...

Македонија1 ден

Кирацовски: Ќе видиме дали националното помирување ќе биде само за 27 април или пошироко

Пратеникот на СДСМ, Александар Кирацоски, ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат кон иницијативата за национално обединување бидејќи, како...

Македонија2 дена

Беса може да го условува спроведувањето на уставните измени во Собранието

Пратеникот Фадил Зендели, дел од крилото на Беса со кое предводи Биљал Касами, вели дека во процесот на уставните измени...

Досие