Регион
Србин убиен во Колумбија: дошол како турист, изрешетан со неколку истрели во автомобилот

Слободан Марјановиќ (40), родум од Жабљак, е убиен вчера во Санта Марта, Колумбија. Според колумбиските медиуми, телото на српски државјанин било пронајдено покрај автопатот, а првите резултати од истрагата укажуваат дека тој бил убиен со неколку истрели и дека телото потоа било исфрлено од автомобилот. Засега наведуваат дека тој престојувал во Колумбија како турист.
Првите податоци укажуваат дека тој во Санта Марта пристигнал пред неколку дена како турист, врз основа на нараквицата што ја имал на раката, според која е утврдено дека бил гостин во хотелот „Ел Родадеру“, според Елинформадор.
Полициските извештаи покажуваат дека тој имал најмалку три рани од куршуми.
„Се проверува дали е убиен во автомобилот од кој бил фрлен со оглед на тоа што мештаните пријавиле во полиција дека слушнале истрели, а потоа телото го пронашле покрај патот. Еден правец на истрагата е дека убиениот Марјановиќ бил пресретнат од неколку лица за да го ограбат и затоа бил убиен. Другиот правец на истрагата е дека ги познавал луѓето што го убиле и оти отишол да ги пречека“, откриваат тие.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Шест лица повредени во судир на автобус и камион: тешка сообраќајна несреќа во Ниш

Шест патници кои се наоѓале во автобусот на транспортната компанија „Нишекспрес“ се повредени во 14.30 часот во сообраќајна несреќа на крстосницата од Булевар 12. Февруари и улица Хумска во Ниш.
До несреќата дошло кога возило од градски сообраќај се судрило со камион со панчевски регистарски таблички.
Интервенирале две екипи на Брза помош и повредените патници ги пренеле во Универзитетскиот клинички центар Ниш.
Според првичните информации сите патници се со полесни повреди.
Полицијата врши увид, се утврдува причината за несреќата.
Регион
(Видео) Хрватските навивачи донесени во суд во Атина, еден од нив извика: Пленковиќ извади не надвор

Денеска, во судот во Атина продолжи распитот на Бeд Блу Бојс, осомничени за навивачките нереди во август во кои беше убиен еден навивач на АЕК.
Првата група од 38 навивачи вчера доби можност да ја дополни одбраната откако во истрагата беа извршени ДНК и дактилоскопски вештачења во кои не беа пронајдени нови докази против нив.
Денеска пред суд беше изведена уште една група.
На снимката од пристигнувањето на Бeд Блу Бојс во судот објавена од хрватската Н1, се слуша како еден од навивачите вика: „Пленковиќ, извади не надвор“.
Регион
Неколку лица избодени со нож при тепачка во градски парк во Приштина

Неколку лица се избодени со нож во градски парк во Приштина, каде непосредно претходно настанала тепачка, пренесува Телеграфи.
Според првите информации, конфликтот се случил во населбата „Качаларет“.
Еден од учесниците во инцидентот, кој е осомничен дека замавнал со нож, бил сопрен од граѓанин.
Косовската полиција се уште не излезе со официјално соопштение.