Контакт

Регион

Србин член на „Пинк Пантер“ уапсен во Тенерифе

Објавено пред

Српски државјанин, кој е осомничен дека е еден од членовите на меѓународната криминална група „Пинк Пантер“ е уапсен во Тенерифе, јавуваат шпанските медиуми. Според агенцијата „Европа прес“, тој бил уапсен како дел од акцијата за апсење на припадници на мото-бандата „Ангели на пеколот“ со пет други лица од повеќе европски земји, под обвинение за трговија со дрога, перење пари и изнуда.

Покрај српскиот државјанин, уапсени се и двајца Германци и по еден државјанин на Полска, Франција и Шпанија. Сите приведени имаат полициско досие, а за Србинот е издадена и потерница под сомнение дека е еден од членовите, а можно е и еден од водачите на „Пинк Пантер“, група која е позната по кражби на мултимилионски накит, скапоцени камења и часовници…

Србинот бил фатен додека го „контролирал“ растот на стебленца од марихуана на плантажа што ја држеле „Ангелите на пеколот“ во градот Гуаргачо. Моторџиите се уапсени во акција со специфично име „Вепар-Вулкан“, а истрагата против нив започнала во септември минатата година.

Со помош на колегите од Данска, Франција и Норвешка, полицијата во Тенерифе влегла во траг на бандата чии членови се исто така обвинети за мито и трговија со луѓе во нивните матични земји.

Во акцијата се запленети голема количина наркотични средства и оружје.

Регион

Србија: Во последните 24 часа регистрирани 82 нови случаи, двајца починале

Објавено пред

Во последните 24 часа се регистрирани 82 нови случаи на коронавирус од 6.877 тестирани во Србија, а две лица починаа, објави Кризниот штаб.

Во болниците има 320 лица, од кои 21 се на апарати за дишење.

Од почетокот на епидемијата, тестирани се вкупно 1.056.256 лица, починале 738 пациенти, а стапката на смртност е 2,26 проценти.

Министерството за труд соопшти дека заклучно со денес, потврдено е присуство на вирус кај 60 корисници и 23 вработени во институциите за социјална заштита и домовите за возрасни и стари лица.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Словенија првпат над 1.000 активни случаи на коронавирус

Објавено пред

Во последните 24 часа во Словенија се потврдени 104 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број од почетокот на епидемијата се искачи на 4.058. Ова е мало намалување во споредба со вчера кога бројот на нови случаи беше 123.

Во последните 24 часа едно лице починало од коронавирус, така што вкупниот број смртни случаи е 136.

Првпат бројот на активни случаи во Словенија надмина 1.000 и изнесува 1.026.

Хоспитализирани се 62 лица.

Во текот на вчерашниот ден биле тестирани 3.070 лица, а од почетокот на епидемијата во Словенија се извршени вкупно 191.413 теста.

Прикажи повеќе...

Регион

Косовска пратеничка: Ѝ го предадовме Косово на Србија

Објавено пред

Пратеничката во движењето „Самоопределување“, Фиторе Пацоли, упати критики кон косовскиот премиер Авдулаху Хоти.

Таа напоменала дека со договорот во Вашингтон, особено точката 15, која е во врска со мораториумот, Косово всушност се одрекло од својата државност, пренесува „Коха“.

„Оваа обврска ја истакна подготвеноста на оваа нелегитимна влада да го суспендира членството во меѓународните организации. Овој мораториум ќе му нанесе штета на Косово. Претпоследната точка од договорот го наведува тоа. Имено, имаме илегален премиер, кој го повреди Уставот. Тоа е постапка без преседан“, рекла Пацоли.

Според неа, не постои држава што одлучила да ги забрани активностите на Косово за членство во меѓународните организации, како и дека не постои пример во светот каде што една земја доброволно се откажува од членството, како што е случајот со членството во СЗО и УНЕСКО, што е само една од спорните точки од договорот во Вашингтон.

Како што рекла Пацоли, српската кампања продолжува и нема гаранции дека Србија ќе запре.

„Тоа е предавање Косово на Србија“, рекла таа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија38 минути

Мајките на протест, бараат породилното отсуство да биде продолжено до крајот на годинава

Со барање за укинување на одлуката на 23 септември да се вратат на работа, мајките на деца до шестгодишна возраст...

Топ1 час

Лажна дојава ја блокираше „Партизанска“ – место бомба, пронајдена вага

Голем број полициски екипи има пред познатата пекарница „Силбо“ во Скопје. Според досегашните информации од полицијата, станувало збор за дојава...

Свет1 час

Навални номиниран за Нобелова награда

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е номиниран за Нобелова награда за мир, најави Сергеј Ерофеев, професор на универзитетот „Рутгерс“ во...

Македонија2 часа

Мицкоски: Власта многу добро ги знае сторителите и нарачателите на нападот на Палевски

Власта многу добро ги знае сторителите и нарачателите на ваквиот крвав инцидент, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по веста...

Топ3 часа

Бизнисменот Љупчо Палевски претепан со метален предмет во Скопје

Бизнисменот Љупчо Палевски попладнево бил нападнат во Скопје. „Денеска околу 17:15 часот пријавено е дека на ул.Златко Шнајдер од страна...

Топ5 часа

Откриен случај на детска проституција, макро била 20-годишна велешанка

СВР Велес поднесе кривична пријава против Н.Д.(20) од Велес поради детска проституција. Во периодот од 4.7. до 13.7.2020 девојката во...

Култура5 часа

„Браќа Манаки“ ќе се одржи само еден ден во Битола и нема да има повеќе од 80 гости

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ нема да се одржи во својата реална форма, но достојно ќе биде одбележан...

Економија7 часа

Светската банка: Закрепнувањето на глобалната економија ќе трае пет години

Глобалното економско закрепнување од кризата предизвикана од пандемијата може да трае до пет години, изјави денеска главната економистка на Светската...

Македонија7 часа

Седуммина починати и 186 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија седум лица починaа од коронавирус, а потврдени се 186 нови случаи од 1.674 теста,...

Македонија7 часа

ЗНМ повикува на транспарентна и непристрасна истрага за рекламирањето на партиите на последните избори

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира на објавата на Основното jавно oбвинителство во која информираат дека е отворена истрага...

Македонија8 часа

(Видео) Костадинов: Односите со Бугарија ги градиме во духот на договорот за добрососедство

Македонскиот јазик e признат од целиот свет, односите со Бугарија ги градиме во духот на договорот за добрососедство, изјави портпаролот...

Македонија9 часа

Владата: Потребата на родителите да не одат на работа е беспредметна

Обезбедена е целосна грижа и доволно места за децата во градинките, единствен логичен чекор е родителите да се вратат на...

Македонија9 часа

Целиот тим на ракометниот клуб Голден арт КЛ7 во изолација поради коронавирус

Ракометниот клуб Голден арт КЛ7 ги информира целокупната спортска јавноста и надлежните институции дека по натпреварот од второто коло на...

Македонија10 часа

(Видео) Ќе се гради пругата кон Бугарија

Новиот министер за транспорт и врски, Благој Бочварски, најави изградба на пруга на Коридорот 8, односно пругата до Бугарија. Тој...

Македонија11 час

Засилени контроли во Скопје – за еден ден казнети 379 возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија...

Регион11 час

Нова одлука во Србија – сите што се враќаат во земјата мора да се пријават во здравствениот систем

Од утре, од 18 часот, во Србија стапува во сила нова одлука – сите државјани на Србија што ќе се...

Свет12 часа

Се затвора џамијата „Ал-Акса“ во Ерусалим поради коронавирусот

Третото најсвето исламско место во светот, ерусалимската џамија „Ал-Акса“ во Израел, од петок ќе биде затворена поради зголемување на бројот...

Свет12 часа

Трамп го нарече докторот збунет, а тој му одговори: Маската ме штити повеќе од вакцина

Дури и ако вакцината против коронавирусот е одобрена во наредните недели, тешко дека ќе биде широко достапна за јавноста до...

Свет13 часа

Богатите земји откупиле повеќе од половина од потенцијалната вакцина против коронавирус

Богатите нации, вклучувајќи ги САД, Велика Британија и Јапонија, веќе откупија повеќе од половина од дозите на потенцијалната вакцина против...

Свет13 часа

СЗО: Дури во 2022 година светот може да размислува за враќање на животот пред Ковид-19

Дури во 2022 година светот може да почне да размислува за враќање на животот пред Ковид-19, рече д-р Соумја Сваминатан,...

Досие