Контакт

Регион

Србите од 14 мај ќе можат да патуваат во Грција преку Македонија

Објавено пред

Српската министерка за трговија, туризам и телекомуникации Татјана Матиќ изјави за телевизијата К1 дека граѓаните на Србија ќе можат да патуваат во Грција под одредени услови од 14 мај, преку Северна Македонија.

Таа рече дека кон средината на овој месец ќе може да се влезе во Грција преку Бугарија, со, како што вели, потврда за вакцинација или негативен тест.

„Работиме на тоа оние кои ќе патуваат на море да можат да се пријават за вакцинација преку туристичките агенции“, рече Тајтана Матиќ, додавајќи дека се чини оти српските граѓани ќе можат да патуваат и во Хрватска и Турција.

Претходно, министрите за туризам на Србија и Грција, Татјана Матиќ и Харис Теохарис, се согласија дека српските граѓани годинава ќе можат да го поминат летниот одмор во Грција, потврдувајќи дека биле вакцинирани со каква било вакцина или со негативен ПЦР или брз тест. Границите за српските туристи најверојатно ќе бидат отворени веќе во средината на април, иако сезоната официјално започнува на 14 мај.

Како што претходно беше прецизирано, граѓаните кои се вакцинирани и кои се упатуваат кон Грција ќе бидат насочени кон зелената лента на границата, што би го намалило метежот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Чешкиот претседател му се извини на Вучиќ за бомбардирањето во 1999 година

Објавено пред

Претседателот на Чешка, Милош Земан, ѝ се извини на Србија за бомбардирањето на НАТО во 1999 година, оценувајќи дека тоа е „грешка“ и „полошо од злосторство“ и побара прошка од српскиот народ.

„Како човек, би сакал да го замолам српскиот народ да ни прости. Тоа цело време ме мачеше. Со ова барање за прошка, ја решив мојата долгогодишна траума, затоа што каењето ослободува”, изјави Земан пред новинарите по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Земан објасни дека Чешка, кога започна бомбардирањето на тогашна СР Југославија, била членка на НАТО само неколку недели и дека затоа не можела да најде држава што ќе ја поддржува во спротивставувањето на нападот врз Србија.

На 24 март 1999 година земјите членки на НАТО ја започнаа операцијата „Сојузнички сили“ – бомбардирањето на Сојузна Република Југославија, кое траеше до 1 јуни 1999 година – со што се стави крај на конфликтот на Косово.

Во 78-дневните напади сериозно беа оштетени инфраструктурата, деловните субјекти, училиштата, здравствените установи, медиумските куќи, спомениците на културата, црквите и манастирите, а се проценува дека загинале најмалку 1.300 лица и околу 12.000 биле повредени.

Економските експерти од Групата 17 ја проценуваат штетата на околу 30 милијарди долари, додека некои проценки се движат до 100 милијарди.

Заблагодарувајќи му се на Земан, Вучиќ рече дека српскиот народ никогаш нема да го заборави неговото извинување.

Српскиот и чешкиот народ досега беа пријателски народи, а од денес се братски, истакна Вучиќ за време на обраќањето што некои белградски електронски медиуми го пренесуваа во живо од Прага.

Тој оцени дека Земан е храбар човек кој никому не се додворува и го најави доаѓањето на чешкиот претседател во Србија на крајот на годината, кога се очекува отворање на „Чешката куќа“ во Белград.

Прикажи повеќе...

Регион

Ердоган остро ја нападна Австрија поради поставувањето на израелското знаме

Објавено пред

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган остро ја осуди австриската влада затоа што во неделата го закачи израелското знаме на нејзината зграда во Виена.

На овој начин Виена испрати поддршка до Израел во ескалацијата на конфликтот со Палестинците.

„Австриската држава се обидува да ги принуди муслиманите да ја платат цената за геноцидот што го извршија врз Евреите“, рече Ердоган, цитиран од „Ројтерс“.

Тој додаде дека Израел е „незаменлив убиец“.

„Израел убива деца на возраст од 5-6 години. Убиваат жени, убиваат стари луѓе“, рече Ердоган, истакнувајќи дека Турција продолжува да прави напори за заштита на Палестина и Ерусалим, пренесе „Анадолија“.

Претседателот на Турција ги повика сите меѓународни организации да ги преземат неопходните чекори и мерки за заштита на Палестинците.

„Ги повикуваме Обединетите нации, Советот за безбедност, Организацијата за исламска соработка и сите други меѓународни организации да дејствуваат во корист на угнетените Палестинци и Ал Кудс (Ерусалим)“, рече Ердоган по состанокот на неговиот кабинет во Анкара.

Тој предложи формирање комисија составена од претставници на трите главни религии за управување со Ерусалим.

Прикажи повеќе...

Регион

Лидерите на Западен Балкан со заедничка декларација: Итен почеток на преговорите со Скопје и Тирана

Објавено пред

Декларацијата усвоена од лидерите на Процесот „Брдо – Бриони“ на самитот укажува на важноста од брзото проширување на ЕУ за целиот регион на Западен Балкан, а не за одделни земји.

Лидерите на Словенија, Хрватска, Албанија, Црна Гора, Косово, Северна Македонија, Србија и на Босна и Херцеговина присуствуваа на состанокот по повод 10-годишнината од иницијативата.

Заедничката изјава го поздравува усвојувањето на Економскиот и инвестициски план на ЕУ за Западен Балкан од октомври 2020 година, како и фактот дека, како што се наведува, е придружен со значителни финансиски средства.

Документот нагласува дека, како составен дел на Европа, Западен Балкан има права и обврски да го следи развојот на земјите членки на ЕУ што е можно повеќе, со олеснет пристап до Унијата.

Лидерите на Процесот „Брдо – Бриони“ истакнаа дека се посветени на заедничката стратешка визија за Европа и ја истакнаа нивната посветеност на мирот и стабилноста, вклучително и добрососедските односи.

„Западен Балкан е дел од Европа и обединувањето на Европа не е целосно без Западен Балкан. Со членството во ЕУ границите меѓу земјите членки стануваат помалку важни, што создава поширок простор за соживот и плуралност на националните интереси“, се вели во документот.

„Ја повикуваме ЕУ да го забрза процесот на пристапување многу бргу и да го вклучи целиот Западен Балкан во Унијата имајќи го предвид напредокот што го направи секоја земја“, порачаа политичките лидери.

Тие изразија јасен став за отворање на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија, без натамошно одложување.

Во однос на предизвиците на пандемијата на Ковид-19 и нејзините економски и социјални последици, тие ја истакнаа потребата да се искористи закрепнувањето како можност за зелена и дигитална транзиција, што ќе доведе до одржлив развој и ќе им понуди можности на помладите генерации.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Дипломат од руската амбасада во Македонија прогласен за непожелна личност

Министерството за надворешни работи одлучи да прогласи еден дипломат од руската амбасада за непожелна личност и тој треба да ја...

Македонија3 часа

Џамбаски го критикува хрватскиот претседател поради Македонија: „Тој зазема страна во спорот, ова е антибугарска кампања“

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски остро го критикуваше хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кој, како што рече, ја обвини Софија за мешање...

Топ5 часа

Тешка сообраќајна несреќа синоќа во Скопје, неколку лица завршија во болница

Синоќа во 23:50 часот, десетина минути пред почетокот на полицискиот час, во Скопје се случила тешка сообраќајна несреќа на  крстосницата кај...

Македонија6 часа

Пристигна нова пратка од 9.360 дози вакцини на „Фајзер“

Министерството за здравство соопшти дека вчера во нашата земја стигнаа 9.360 дози вакцини од производителот „Фајзер“. „Од нив 4.680 се...

Свет6 часа

(Видео) Израел го гранатираше Либан, поради одмазда истрела 22 гранати

Израелската армија ја гранатираше територијата на Либан како одмазда за истрелувањето на неколку ракети од нејзината територија кон Израел. Шест...

Македонија6 часа

Пендаровски и бугарскиот претседател заедно ќе заминат во Рим на чествувањето на Кирил и Методиј

Претседателот Стево Пендаровски и бугарскиот претседател Румен Радев заеднички ќе оддадат почит на делото на светите браќа Кирил и Методиј...

Свет7 часа

Денеска во Брисел вонреден состанок на ЕУ за конфликтот во Газа

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ денеска во Брисел ќе одржат вонреден состанок на кој ќе биде...

Свет7 часа

Во налет на циклонот во Индија загинаа најмалку 21 човек, исчезнати се 96 луѓе

Најмалку 21 човек загинаа, а 96 се водат за исчезнати во голем удар на циклон во западна Индија, носејќи им...

Свет7 часа

Израел ја уништи единствената лабораторија за испитување коронавирус во Газа

Со денови се интензивираат судирите меѓу Израел и Палестина, а во еден од нападите на Појасот Газа израелските сили ја...

Свет8 часа

Испалени над 90 ракети од Појасот Газа кон Израел

Во текот на ноќта од Појасот Газа беа истрелани околу 90 ракети кон Израел, објави израелската армија. Се наведува дека...

Регион21 час

Лидерите на Западен Балкан со заедничка декларација: Итен почеток на преговорите со Скопје и Тирана

Декларацијата усвоена од лидерите на Процесот „Брдо – Бриони“ на самитот укажува на важноста од брзото проширување на ЕУ за...

Македонија21 час

Хрватскиот претседател: Членка на ЕУ навлегува во интимниот простор на Северна Македонија

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, најави дека ќе се спротивстави на условите што ги поставува Бугарија за почеток на преговорите...

Македонија21 час

Заев: Следните парламентарни избори ќе се одржат во 2024 година, нема да има предвремени

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека предвремени парламентарни избори нема да има и дека следните ќе се...

Европа21 час

ЕМА: Вакцината на „Фајзер“ може да се чува во обичен ладилник до еден месец

Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача да се продолжи времето на чување на вакцините на „Фајзер/Бионтек“ на стандардни температури во...

Македонија1 ден

Денеска се регистрирани 27 нови случаи на Ковид-19, починати се 19 лица

Министерството за здравство информира дек во последните 24 часа се направени 1.314 тестирања, а регистрирани се 27 нови случаи на...

Економија1 ден

Oд полноќ се намалува цената на еуросупер БС-95 и на мазутот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Свет1 ден

Индија почна со дистрибуција на свој лек против коронавирус

Индија почна со дистрибуција на нов, домашен лек за лекување на симптомите од Ковид-19. Властите го одобрија лекот 2-ДГ, кој...

Македонија1 ден

Захариева: Властите во Македонија ќе направат сѐ што можат Бугарите таму да се сѐ помалку

И Европа и ние ќе го следиме пописот во РСМ и очекуваме да се спроведе според сите европски стандарди и...

Свет1 ден

(Видео) Тврдат дека Израел фрлил забранета бомба врз Газа, од која се топи човечко месо

На социјалните мрежи се шири видео со ракетирање на Појасот Газа, за кое се тврди дека е доказ дека Израел...

Свет1 ден

СЗО: Животниот век на работниците загрозен по пандемијата на коронавирусот

Премногу долгото работно време е смртоносно за стотици илјади луѓе во светот и ова е тренд што може да се...

Досие