Регион
Србија досега вакцинираше 22.000 лица

Заклучно со вчерашниот ден, 22.000 лица биле вакцинирани против коронавирус во Србија, а имунизациите биле извршени во 10 градови, изјави државниот секретар во Министерството за здравство, Мирсад Џерлек.
Тој посочи дека сè поминало без никакви проблеми, како и дека интересот за вакцинација е поголем од очекуваниот.
Како што соопшти, преку веб-страницата на е-влада досега се пријавиле околу 280.000 граѓани кои се заинтересирани да примат вакцина.
Гостувајќи во утринската програма на РТС, Џерлек рече дека целта е во наредните денови да се отворат повеќе од 300 пунктови за вакцинација низ цела Србија.
„На контролните пунктови ќе има три до 10 тимови за вакцинација, а идејата е да се вакцинираат од 50 до 100 лица за еден час, како и да се зголеми тој број од 22.000 за четири до пет пати во наредните денови“, рече Џерлек.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ: Ве молам вакцинирајте се

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва на прес-конференција истакна дека е важно што повеќе луѓе во Србија да бидат вакцинирани. Тој ги повика граѓаните да се вакцинираат.
„ Имаме и ќе имаме вакцини. Ве молам, како Бог, вакцинирајте се, не слушајте приказни за неодговорни луѓе. Тие го прават тоа за свое добро со цел да си ги наполнат џебовите. Вакцинацијата ја одредува и економската иднина на Србија. Но, јас ќе се вратам на спасување на животите на нашите луѓе, особено на старите лица. Се разбира, и помладите умираат, но тоа е ретко”, нагласи српскиот претседател.
Вучиќ рече дека 95% од случаите на луѓе кои умираат биле на возраст од 57 и 58 години. Тој побара да се вакцинираат старите лица и изјави дека најмалку вакцинирани има во општините Тутин, Мерошина, Бабужница и Чагубица, каде биле вакцинирани од 9,5 до 12 проценти.
Најави дека најмалку милион и пол вакцини ќе пристигнат во април во Србија. Тој додаде дека повеќето луѓе се вакцинирани во богатите општини, и дека тој и премиерката Ана Брнабиќ ќе патуваат кај нив за да ги мотивираат луѓето да се вакцинираат.
„ Ќе одам на некои места, ќе одам кога ќе поминеме милион ревакцинирани, ќе одам да се вакцинирам во Чагубица или Мерошин за да ги замолам луѓето да се вакцинираат“, рече тој.
Вучиќ нагласи дека ако не била извршена вакцинацијата, тогаш ќе имало 10 и 13.000 заразени на дневна основа, само благодарение на ревакцинацијата, успеале да ги држат броевите под контрола.
Регион
Авион принудно слета во Софија поради агресивно однесување на патник

Авион кој летал од Париз за Њу Делхи вчера попладне морал принудно да слета во Софија поради агресивно однесување на едне патник. Патникот, кој е државјанин на Индија, за време на летот на компанијата „Ер Франс“, почнал агресивно да се однесува набрзо по полетувањето.
Како што објаснил претствник на Националната истражна агенција, Ивајло Ангелов, патникот се карал со останатите патници, ги навредувал стјуардесите и удирал по вратата на копилотот.
Поради неговото однесување, капетанот морал да бара принудно слетување во Софија, пренесе „Ројтерс“.
„Ги истражуваме неговите мотиви и однесување, за кое не постои разумно објаснување“ рекол Ангелов.
Човекот, чие име не е откриено, е изнесен од авионот и обвинет за загрозување на безбедноста на летот за што му се заканува затворска казна од 10 години.
Регион
(Видео) Во Србија стигнаа уште 500.000 вакцини од „Синофарм“

Во Србија синоќа пристигнаа 500.000 вакцини од руската компанија „Синофарм“. Авионот со вакцини на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград го пречека претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
„Согласно протоколите вечерва дојдов сам на аеродромот ‘Никола Тесла’. Нашиот најголем авион А330 достави 500.000 вакцини на ‘Синофарм’. Дојдов уште еднаш да му покажам почит и благодарност на претседателот Шји Ѓинпинг и на кинескиот народ”, рече Вучиќ во видео обраќање на социјалните мрежи.
„Благодарен сум на Кина, горд на Србија!“, напиша претседателот на Србија.
Вучиќ ги повика граѓаните да се вакцинираат и со тоа да спасат животи.
„Вечерва имаме вкупно 2.620.000 вакцини и се договоривме за вкупно 13 милиони и 350.000 вакцини“, рече претседателот на Србија.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“