Контакт

Регион

Србија и Косово не успеаја во преговорите за нормализација на односите

Објавено пред

Србија и Косово синоќа не успеаја да пронајдат заедничко решение во најновите обиди да се приближат кон постигнување договор за нормализација на односите што го очекува Европската Унија.

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, по разговорите со косовскиот претседател, Хашим Тачи, и високата претставничка на ЕУ за надворешни работи, Федерика Могерини, изјави дека дијалогот со Косово ќе продолжи кога Приштина ќе ги повлече нејзините противправни одлуки.

„Никој од нашите претставници нема да се појави во Брисел додека тоа не биде направено“, изјави Вучиќ и истакна дека во политичка смисла на Србија ѝ претстојат тешки денови.

Вучиќ образложи дека Приштина донела две противправни одлуки, од кои едната за воведувањето дополнителни давачки на стоката што од Србија се увезува во Косово и формирањето на косовската армија.

Од другата страна, Тачи по разговорите рече дека Србија поставува ултиматуми и додека е така не е можно да се води дијалогот.

„Дискурсот на Вучиќ беше агресивен, додека ние имавме правичен и избалансиран однос“, оцени Тачи.

Шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, изрази очекување од Белград и Приштина да ги исполнат своите обврски.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Харадинај побарал до Курц да се одлучува за визната либерализација на Косово

Објавено пред

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај побарал од австрискиот канцелар, Себастијан Курц, прашањето за визната либерализација на Косово да биде ставено на дневниот ред на Советот на ЕУ.

Харадинај, кој престојува во Виена на работниот појадок на Курц со премиерите Западен Балкан, напиша на својот профил на „Фејсбук“ дека австрискиот канцелар предочил оти Косово е единствената земја чии што граѓани не можат слободно да се движат.

„Покрај правото на слободно движење, либерализацијата за нас значи поголемо партнерство и поголеми трговски можности за размена на земјите од ЕУ и регионот“, напиша Харадинај.

Додаде дека Косово ги исполнило сите услови за добивањето на визната либерализација.

Прикажи повеќе...

Регион

Студен бран го погоди Балканот, најмногу снег на Маврово

Објавено пред

Студен бран пристигна во земјите од Западен Балкан. Во целиот регион најмногу снег во изминатите 24 часа наврна на Маврово, каде што висината на снежната покривка достигнува 25 сантиметри, јавува агенцијата „Танјуг“.

Оттаму се додава дека врнежи од снег се регистрирани и во Хрватска, а во Босна и Херцеговина е објавен црвен аларм поради најавените врнежи.

Во Македонија обилни врнежи од дожд се регистрирани во Битола, каде што наврнале 41 литар на квадратен метар.

Во Федерацијата БиХ е издадено црвено предупредување поради поројни дождови за подрачјето на Херцеговина и југозападна Босна. Врнежите се очекуваат од вечерните часови, односно во ноќта од понеделникот кон вторникот. Снег или мешавина од снег и дожд се очекуваат во Краина и во западна Босна и на планините во централните региони на Босна.

Снег и натаму паѓа во повеќето делови на централна Хрватска, а и во Горски Котар. Снег во делови од Хрватска се најавува и за утре, а од среда натаму се прогнозираат врнежи од дожд.

Покрај врнежите, дува непријатен ветар од северен правец, кој е изразен на јадранскиот брег, а особено под Велебит, каде што го отежнува сообраќајот.

 

Прикажи повеќе...

Регион

Крадци во Албанија бараат потонати антички бродови

Објавено пред

Потонати антички бродови останати со векови на дното на Јадранското и Јонското Море, полни со скапоцености и обложени со школки: денес тие се цел на подморските разбојници.

Од 2006 година Американската асоцијација за научни истражувања – RPM Nautical Foundation идентификува четириесет остатоци од бродови по должината на 450 километри од албанскиот брег.

Таму има потонати антички бродови, римски, можеби феникиски, грчки или ирски, понекогаш од VII век пред нашата ера, но исто така и модерни воени бродови. Но, денес, поголемиот дел од богатството што лежи на длабочина од 20 до 30 метри речиси целосно исчезнало без трага, вели археологот и историчар на уметноста, Неритан Цека.

Според него, Албанците и странците соработувале во шверцување археолошки предмети.

Тешко е да се процени вкупната вредност на шверцуваните антички предмети во Албанија.

На светско ниво се работи за повеќе од 3,5 милијарди евра годишно, според Аурон Таре, Албанец, кој претседава со Научно-техничкиот совет на културното наследство при УНЕСКО.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија34 минути

Скајп, МСН и е-маил комуникациите на обвинетите меѓу доказите за „Монструм“

Како што изјави Катерина Јовановска, началник на Одделението за дигитална форензика во МВР, по наредба од судот на 1 мај...

Европа1 час

Гласањето за доверба на Тереза Меј зависи од уште шест писма

Шест писма ќе одлучат дали довербата во Тереза Меј ќе биде ставена на тест. На противниците на британската премиерка, Тереза...

Македонија1 час

Анѓушев, наместо Заев, на работниот појадок кај Курц

Во Виена почна официјалниот работен појадок за премиерите од Западен Балкан, организиран од австрискиот канцелар Себастијан Курц. На местото на...

Регион2 часа

Студен бран го погоди Балканот, најмногу снег на Маврово

Студен бран пристигна во земјите од Западен Балкан. Во целиот регион најмногу снег во изминатите 24 часа наврна на Маврово,...

Економија2 часа

Мисијата на ММФ за Македонија: Економската активност закрепнува, но невработеноста сѐ уште е висока

Враќањето на политичката стабилност и напредокот во решавањето на спорот за името со Грција конкретно ги зголеми шансите за отворање...

Економија3 часа

Фирмите со блокирани сметки уште 1 година ќе може да плаќаат сметки со цесија и преземање долг

Министерството за финансии подготвува измени на Законот за платниот промет, е објавено на Единствениот национален регистар на прописи на РМ....

Македонија4 часа

Земјотерес во Грција изутринава почувствуван и во земјава

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при...

Македонија5 часа

Во Маврово 25 сантиметри снежна покривка

Најмногу снег наврна во Маврови Анови и Лазарополе. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Маврoви Анови има снежна покривка...

Македонија16 часа

(Видео) Протестот заврши, за малку избегнат инцидент

По речиси два часа заврши протестот пред Собранието против уставните имени. За малку беше избегнат инцидент меѓу организаторите – движењето...

Спорт16 часа

Зверев го „здроби“ Ѓоковиќ за својот најголем трофеј во кариерата

Александер Зверев стигна до својата најголема победа во кариерата, откако го совлада светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ со 6:4/6:3...

Европа19 часа

Европа: Сообраќајките се водечка причина за смртност кај децата

Во Европа на секои шест минути има по една жртва на патиштата, 230 секој ден или 83 000 секоја година,...

Вести20 часа

Нови тврдења: Можно е телото на Кашоги да било изнесено од Турција како багаж

Убијците на саудискиот новинар Џамал Кашоги можно е да го изнеле неговото распарчено тело од Турција како багаж, изјави министерот...

Економија20 часа

Џеф Безос: „Амазон“ ќе банкротира

„Амазон“ еден ден ќе пропадне и ќе банкротира, рекол основачот на оваа компанија, Џеф Безос, кој е најбогат човек во...

Свет22 часа

Папата: Неправдата е изопачен корен на сиромаштијата, богатите се се помалубројни, но побогати

Папата Франциско го криткуваше растот на нееднаквоста во богатството во светот, но и третманот кон мигрантите. Поглаварот на Римокатоличката црква...

Македонија23 часа

СЈО истражува криминал при купопродажбата на акциите на „Фершпед“

Специјалното јавно обвинителство води предистражна постапка за купопродажбата на акциите на „Фершпед“ од 2013 година, кога повеќе акционери пријавија дека...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: На претседателските избори ќе ги победиме СДСМ

И покрај целокупниот политички терор и покрај сите, закани и уцени кои што ми ги упатуваат мене и моето семејство...

Бегството на Груевски1 ден

Maкедонија нема договор за екстрадиција со Унгарија – Груевски ќе го бараме со други правни акти

Македонија нема склучено меѓудржавен договор за екстрадиција со Унгарија со кој би го побарала експремиерот Никола Греувски да ја издржи...

Свет1 ден

(Видео) Трамп ја посети Калифорнија: Тажно е ова, итно да им се помогне на оние кои се најлошо погодени

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Калифорнија за да го испита теренот кој беше погоен од најсмртоносниот шумски пожар во...

Регион1 ден

(Видео) Запалено американското знаме за време на судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Атина

Грчката полиција доцна синоќа се судри со групи маскирани лица во Атина, по завршувањето на протестниот марш за одбелужвањето на...

Свет1 ден

Стејт департмент: Извештаите за убиството на Кашоги се уште не се конечни

Американскиот Стејт департмент издаде соопштение дека владата на сАД не донела конечен заклучок за тоа кој учествувал во убиството на...

Досие