Регион
Србија купува 12 нови „рафали“ од Франција, позната е и цената
Србија вчера потпиша договор со Франција за купување дванаесет нови борбени авиони „рафал“ во вредност од 2,7 милијарди евра.
Договорот потпишан од српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ и извршниот директор на Dassault Aviation, Ерик Трапиер, вклучува целосен логистички пакет, резервни мотори и делови за овие повеќенаменски авиони.
Договорот беше потпишан во склоп на посетата на Белград на францускиот претседател Емануел Макрон, кој рече дека купувањето „рафали“ е јасен избор што ја претставува волјата за долгорочен сојуз меѓу двете земји во рамките на силна суверена Европска Унија.
„Ова ќе придонесе за значително зголемување на оперативните способности на нашата армија“, рече Вучиќ на заедничката прес-конференција со Макрон.
Делегациите на Србија и Франција потпишаа дванаесет документи, вклучително и за партнерство и соработка во истражување и експлоатација на критични и стратешки минерални суровини.
Макрон рече дека Србија има место во Европската Унија и дека на Унијата „ѝ треба силна Србија“, а на Србија ѝ треба „силна и суверена ЕУ за да ги брани своите интереси“.
Тој додаде дека ќе продолжи да покренува иницијативи во рамките на европската политичка заедница, во која се почитува и слуша гласот на Србија, и го охрабри Белград да ги применува договорите со Косово од Брисел и Охрид, со поддршка за формирање заедница на српски општини во Косово.
Макрон доаѓа во Србија во време на големи предизвици со кои се соочува Вучиќ, пред се во време на се помасовни и жестоки протести против ископувањето на литиум, што српскиот државен врв го гледа како голема економска можност и економско позиционирање во регионот и Европа, а еколошките активисти, граѓанското општество и опозицијата како корумпиран бизнис и долгорочна закана за животната средина со несогледливи последици.
Макрон и Вучиќ се сретнаа неколкупати во последните месеци на разни европски и светски форуми, последен пат за време на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз кога Вучиќ ја најави посетата на Макрон на Србија на крајот на август.
Францускиот претседател денеска ќе го посети Нови Сад.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Студентите блокираа повеќе од 20 факултети во Белград
Бран студентски протести во Србија, поттикнати од насилството врз учесниците на комеморативните собири во чест на жртвите од декемвриската несреќа на станицата во Нови Сад, од ден на ден добива на размери, а повеќе од 20 факултети во четири универзитетски центри се веќе блокирани.
Студентите на универзитетите во Белград и Нови Сад, кои од минатиот понеделник ги блокираа зградите на неколку факултети, откако нивните колеги од Факултетот за драмски уметности беа нападнати за време на оддавањето почит на 15-те жртви од падот на настрешницата на Нови Сад, им се придружија колегите од универзитетите во Ниш и Крагуевац, блокирајќи ги нивните факултети и ректорати.
Само во Белград во моментов има повеќе од 20 факултети на протести и блокади, а денеска им се приклучија Земјоделскиот, шумарскиот факултет, Правниот факултет на Белградскиот универзитет, како и приватниот Факултет за современи уметности (ФСУ) и ден претходно Фармацевтскиот факултет во Белград.
Во блокадата денеска се приклучија и студентите на Природно-математичкиот факултет во Ниш.
Регион
Успешно опериран Милорад Додик, од операционата сала е префрлен на одделението за интензивна нега
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денеска е успешно опериран во Белград, соопштија од Кабинетот на претседателот на Република Српска.
По неколкучасовна комплицирана операција, која започна во 8 часот, претседателот Додик беше сместен на Одделот за интензивна нега.
Во соопштението се додава дека претседателот на Српска им се заблагодарил на странските државници и на сите жители на Република Српска за пораките за поддршка и желби за брзо закрепнување што ги доби синоќа и денеска.
– Јавноста ќе биде навремено информирана за здравствената состојба на претседателот на Република Српска, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот на Српска.
Додик вчера беше итно хоспитализиран поради акутни болки. Во болницата го посети и српскиот претседател Александар Вучиќ и му посака брзо закрепнување.
„Го посетив претседателот Милорад Додик пред утрешната интервенција и му посакав брзо закрепнување и добро здравје. Очекувам продолжување на соработката и нови средби со раководството на Српска. Ни претстои многу заедничка работа“, рече Вучиќ.
„Според првата дијагноза, по потребните подготовки, ќе има операција на хранопроводот и желудникот на претседателот Додик. Јавноста ќе биде навремено информирана за здравствената состојба на претседателот на Република Српска“, изјавија вчера од кабинетот на Додик.
Регион
Додик заврши во болница во Белград, ќе биде опериран
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, попладнево поради акутни болки бил на преглед во Белград, по што бил хоспитализиран.
Како што е соопштено од неговиот кабинет, според првата дијагноза, по потребните подготовки, ќе има операција на хранопроводникот и желудникот.
„Јавноста ќе биде навремено информирана за здравствената состојба на претседателот на Република Српска“, се вели во соопштението, пренесува РТС.