Регион
Србија: 1.787 новозаразени со Ковид-19, починаа 35 лица

Во последните 24 часа, потврдени се 1.787 нови случаи на коронавирус во Србија, а 35 лица починаа.Според податоците на Министерството за здравство, последното деноноќие тестирани се 8.845 примероци.Најголем број на новоинфицирани има во Белград – 545. На респиратор има 229 пациенти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Во Србија 1.483 новозаболени од коронавирус, починале 19 лица

Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 1.483 новозаболени од коронавирус, а починале 19 лица.
Во последните 24 часа биле тестирани 9.434 примероци, а 2.536.948 од почетокот на епидемијата.
Според последните податоци, вакцинирани се 163.355 лица.
Од почетокот на епидемијата во Србија починале 3.868 лица.
Регион
Во Хрватска 599 нови случаи на коронавирус, 29 лица починаа

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 599 нови случаи на коронавирус, 29 лица починаа, а бројот на активни случаи е 3.232.
1.468 пациенти се во болница, од кои 142 се на апарати за дишење.
Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај во Хрватска, вкупно 228.568 лица се заразени со новиот коронавирус, од кои 4.799 починале, а вкупно 220.537 оздравеле, од кои 659 во последните 24 часа.
Во моментов има 16.114 лица во самоизолација.
До денес се тестирани вкупно 1.149.691 лице, од кои 4.872 во последните 24 часа.
Регион
Црна Гора најави дека во земјата ќе пристигнат три различни вакцини

Граѓаните на Црна Гора ќе имаат можност да бираат помеѓу вакцините на „Фајзер / Бионтек“, кинеската „Синофарм“ и руската вакцина „Спутник В“, потврди министерката за здравство на Црна Гора, Јелена Боровиниќ Бојовиќ.
Таа кажа дека Владата договорила или е во завршна фаза од договорот за набавка на 250.000 дози вакцини против коронавирус за првиот квартал на оваа година, а првите дози се очекува да пристигнат на почетокот на февруари.
„Прво ќе бидат вакцинирани штитениците во домовите за стари лица и персоналот што работи со нив. После тоа, ќе започне вакцинацијата на лица постари од 80, 75, 70 години, приближувајќи се на 65-годишна возраст, и секако на здравствените работници кои се на првата линија во борбата со вирусот“, рече Боровиниќ Бојовиќ.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот