Контакт

Регион

Среде Загреб огромен графит што го слави Хитлер

Објавено пред

Во центарот на градот, на ѕидот на Клиниката за трауматологија е напишано Ein volk ein reich ein fuhrer („Еден народ, едно царство, еден водач”).

Тоа е парола на нацистите кои го слават Хитлер и Третиот рајх, а покрај овој натпис на ѕидот се напишани свастика и усташки симболи.

Графитот на тоа место е веќе некое време, но  ниту градските служби,  ниту Клиниката за трауматологија, ниту, пак, некој друг не покажува интерес да го отстранат.

Затоа Европската граѓанска иницијатива од Загреб испрати пријава до Градот Загреб во која бараат итно да се отстрани графитот.

Регион

Ердоган: Ако е потребно, ќе направиме ревизија на владата, но без надворешни притисоци

Објавено пред

Не можеме да ги предвидиме пораките на народот и да се оглушиме на нив, истакна денеска турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, во обраќањето на седницата на својата партиска група во парламентот, прва по објавувањето на резултатите од повторените избори за градоначалник на Истанбул, на кои победи кандидатот на главната опозициска партија, Екрем Имамолу.

Ердоан истакна дека во сфаќањето на политиката на неговата партија во никој случај нема лутење или обвинување на народот, туку токму спротивно, преиспитување на причините зошто таа не успеала доволно да се изрази на изборите од 31 март и 23 јуни.

„Во секоја борба што ја водиме 17 години, секогаш имавме поддршка од нашиот народ и секогаш силата за понатамошна борба ја добивавме од него. Продолжуваме да се спротивставуваме на непријателската политика во светот што се води против исламот, муслиманите и Турците“, нагласи Ердоан.

Турскиот претседател рече дека пред нив стојат целите до 2023 година изразувајќи надеж дека тие ќе бидат постигнати и дека во наредниот период на дневен ред се прашањата од економијата и безбедноста.

На новинарско прашање во врска со можна ревизија на Владата, Ердоган одговори: „Ако е потребно такво нешто, тоа ќе го направиме ние. Измени во владата не се прават со наметнувања однадвор“.

А. А. Кочан

Прикажи повеќе...

Регион

Мета ја осуди одлуката на изборната комисија, го повика Рама на дијалог

Објавено пред

Албанскиот претседател, Илир Мета, ја осуди одлуката на албанската изборна комисија за одржување на локалните избори на 30 јуни повикувајќи ја владејачката коалиција на чело со Социјалистичката партија на Еди Рама да седнат зад предговарачката маса и да не спроведуваат, како што рече, имагинарен процес на гласање, пренесе АП.

Претседателот Мета изјави дека преговорите за членство на Албанија во Европската Унија нема да бидат отворени ако во земјата в недела се одржат локални избори, без опозицијата која бојкотира.

Изборниот колегиум составен од пет судии вчера донесе одлука локалните избори да бидат одржани во земјата според првичниот план на 30 јуни одбивајќи да ја прифати уредбата на претседателот за одложување на изборите поради актуелната политичка криза.

Мета одложувањето на изборите го образложи со стравување дека гласањето би било недемократско без учество на опозициските партии и нагласи дека во таков случај постои можност за граѓански немири.

Албанскиот премиер, Еди Рама, инсистира изборите да бидат одржани на 30 јуни, а одлуката на претседателот Мета за одложувањето на изборите ја оцени како антиуставна.

На вчерашниот состанок албанската обединета опозиција на чело со Демократската партија на Љуљзим Баша го потврди ставот за бојкот на изборите порачувајќи дека на 30 јуни нема да бидат одржани локалните избори.

Тие наведоа дека против владејачката хунта оправдан е секој вид отпор.

Прикажи повеќе...

Регион

Мицотакис ги повика Грците масовно да излезат на изборите

Објавено пред

Лидерот на најголемата грчка опозициска партија, Нова демократија, Киријакос Мицотакис, ги повика граѓаните што помасовно да учествуваат на претстојните предвремени избори во земјата.

Како што рече, силниот мандат што Нова демократија сака да го добие може да зависи од неколку гласа, пренесе новинската агенција АНА-МПА.

Мицотакис истакна дека силниот мандат на Нова демократија ќе овозможи формирање влада која ќе има капацитет за спроведување на реформите во Грција.

Предвремените парламентарни избори во Грција, кои се закажани за 7 јули, беа распишани по барање на премиерот Алексис Ципрас бидејќи неговата партија на локалните избори и на изборите за Европскиот парламент освои речиси десет отсто помалку гласови од Нова демократија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 час

Владата ќе испитува дали има основа да се раскине концесијата за Иловица

Владата на денешната 141 седница донесе одлука да го задолжи Министерството за економија да ја испита правната исполнетост на барањето...

Свет11 час

ОН: Богатите ќе купуваат спас од жештините и гладот, на повидок е климатски апартхејд

Светот е на пат кон климатски апартхејд, во кој богатите ќе купуваат излез од најлошите ефекти од климатските промени, додека...

Економија13 часа

Во Љуботен запленети над 12 тони тутун, нелегално се увезувал од сите соседни земји

Над 12 тони тутун е одземен од жителите на Љуботен по спроведената акција во селото. Нема уапсени, бидејќи истрагата не...

Македонија14 часа

Дураки поднесе оставка: Моето раководење ќе остави траен белег во заштитата на животната средина

Садула Дураки поднесе оставка на функцијата министер за животна средина и просторно планирање од причина што е предложен за министер...

Регион15 часа

Ердоган: Ако е потребно, ќе направиме ревизија на владата, но без надворешни притисоци

Не можеме да ги предвидиме пораките на народот и да се оглушиме на нив, истакна денеска турскиот претседател, Реџеп Таип...

Македонија16 часа

Здравствениот инспекторат побара проверка на стручноста на лекарите за смртта на родилката

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) вчера извршил вонреден инспекциски надзори во сите здравствени установи каде што била лекувана родилката од...

Македонија16 часа

(Видео) Арсовски: Советник од ДУИ незаконски гради бетонска база во Охрид

Безвластието и самоволието на локалните шерифи во Охрид е само слика и прилика од владеењето на Зоран Заев и СДСМ,...

Македонија18 часа

Кавадарчани фалсификувале американски долари, обвинение против 12 лица, меѓу кои и вработени во банка

Основното јавно обвинителство Велес поднесе обвинителен акт за фалсификување американски долари. Од Обинителството информираат дека обвинението се однесува на 12...

Македонија19 часа

Поднесено е обвинение против Ел Чека

Основното јавно обвинителство Кичево поднесе обвинение против Ел Чека за, како што се наведува, продолжено кривично дело – неовластено прислушување...

Македонија19 часа

Финансиската полиција спроведе акција во скопско Љуботен, жителите вознемирени

Финансиската полиција од утрово спроведува акција во скопското село Љуботен, каде што со помош на припадници на МВР се врши...

Свет21 час

Иран: САД го затвори патот на дипломатијата засекогаш

Техеран порача дека со воведувањето на нови американски санкции кон ирански претставници значи постојано затворање на патот на дипломатијата меѓу...

Свет21 час

Русија се враќа во Советот на Европа

Русија доби поддршка од Парламентарното Собрание на Советот на Европа, по неколку години да се врати во тоа тело, пренесе...

Македонија1 ден

Герила акција: Скопските дрвја во синџири

О2 иницијативата во соработка со Институтот за комуникациски студии спроведе герила акција со цел да укаже дека е неопходна слобода на...

Топ2 дена

Две лица се обиделе да запалат кафуле во Лисиче

Синоќа во 22 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред кафе бар на улицата „Горно Лисиче“ во Скопје две...

Македонија2 дена

Тројца стружани со државни пари точеле гориво во своите приватни возила

Полицијата поднесе кривична пријава против три лица од струшко кои се сомничат за злоупотреба на службена положба и овластување. Од МВР...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ: Атанасов направи храбар чекор и ѝ кажа „не“ на неработливата и криминална Влада

ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави одлуката на Петар Атанасов да се повлече од функцијата заменик-министер за образование. „ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува одлуката на...

Македонија2 дена

Јанкулоска не оди во затвор, Врховен ѝ го прифати барањето за одлагање

Врховниот суд ѝ го прифати барањето на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, за одлагање на извршувањето на казната...

Македонија2 дена

Атанасов до Заев: Поднесувам оставка

Заменик-министерот за образование, Петар Атанасов, на „Фејсбук“ му се обрати на премиерот Заев порачувајќи му дека поднесува оставка од функцијата...

Топ2 дена

Камион поклопи маж при истовар на стока

Педесет и седумгодишен маж од село Скудриње вчера почина кога бил поклопен од неговиот камион ТАМ. Несреќата се случила кога...

Регион2 дена

Напнато на Медитеранот, грчките воени сили во состојба на готовност

Грчките вооружени сили се во состојба на готовност поради продолжување на можниот турски провокативен настап на истокот од Медитеранот, пишува...

Досие