Контакт

Регион

Српскиот министер за здравство: Животот на Вучиќ беше во опасност

Објавено пред

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, денеска во изјава за „Танјуг“ нагласи дека претседателот на државата, Александар Вучиќ, имал хронични, помали проблеми со срцето, но дека неговата здравствена состојба сериозно се влошила во петокот, кога решил да се обрати во Воената медицинска академија (ВМА) во Белград.

„Веднаш по приемот, беше проценето дека претседателот на Србија е животно загрозен“, изјави министерот Лончар.

Според него, Вучиќ добро реагирал на терапијата што му била пропишана и му било препорачано да ги намали своите редовни активности во наредниот период, со цел целосно да се опорави од влошената здравствена состојба.

Регион

По 20 дена ослободени киднапираните грчки морнари

Објавено пред

Осуммина членови на екипажот на грчки танкер се ослободени по 20 дена од киднапирањето од вооружени напаѓачи на брегот на Камерун, западна Африка, соопшти денес Министерството за трговија на морнарицата.

Во соопштението се вели дека осум членови на екипажот, вклучително и пет Грци, на возраст од 21 до 45 години, беа ослободени по успешните преговори.

За петмина Грци, меѓу кои и капетанот, се вели дека се сo добра здравствена состојба и на безбедна локација и ќе се упатат дома по лекарски преглед, пренесува АП.

На 31 декември, пиратите го киднапирале екипажот на танкерот „Хепи лејди“, кој пловел под грчко знаме, додека бил закотвен близу пристаништето Лимбо.

Според Меѓународното поморско биро, пиратството во Гвинејскиот Залив се зголеми за 50 проценти минатата година.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Волк во кафез донесен на фудбалски турнир во Улцињ

Објавено пред

На неодамна одржан фудбалски турнир во Улцињ организаторите донеле волк во минијатурен кафез и го изложиле како трофеј, па целиот настан предизвика зачуденост во јавноста и кај здруженијата за заштита на животните.

Видеото, кое се распространи на социјалните мрежи, прикажува неколку мажи како носат кафез со волк среде преполна сала, како и маж што се обидува да седне врз кафезот додека насобраната толпата вика и навива. Преплашеното животно се грчи и нервозно врти во круг, пишува порталот CdM од Подгорица.

Не е јасно која била целта на овој чин и што сакале со него да постигнат организаторите.

Невладината организација „Галоп“ објави дека дознале оти се работи за некава традиција на турнирот, но сметаат дека вакви работи не треба да се повторат.

„Тие неофицијално ни рекоа дека традицијата потекнува од претходните години кога наводно бил носен мртов волк. Во моментот собираме информации и набргу ќе поднесеме кривични пријави. Ова е тешко да се гледа и се надеваме дека конечно ќе ги насочиме ваквите работи на вистинскиот пат“, изјавиле од организацијата.

Прикажи повеќе...

Регион

Приштина се согласила да ги укине царините за српски производи, тврдат косовските медиуми

Објавено пред

Приштинскиот портал „Газета експрес“ објави документ во кој, меѓу другото, постои и обврска Косово да ги укине царините за Србија, пренесува „Спутник“.

Според информациите од регионалните медиуми, се работи за документ потпишан во Берлин за воспоставување авиолинија на релација Белград – Приштина.

Приштинскиот портал тврди дека наводно го поседува целосниот документ што двете страни го објавиле како писмо со намери и тоа како посебни документи во однос на тоа што двете страни одделно се обврзуваат да испорачаат со цел слободни воздушни коридори.

Косово, според документот за приштинската страна и КФОР со „Луфтханза“, исто така се обврзува дека договорите за слобода на движење и т.н. ИБМ-договор (за интегрирано управување со премините), кои се постигнати во Брисел, ќе се однесуваат на патници, пошта и товар што ќе се пренесуваат на оваа релација, пренесе „Б92“.

Приштинскиот весник „Коха диторе“ проценува дека косовската државност е доведена во прашање во документот потпишан од косовска страна во Берлин бидејќи во него се избегнува употреба на називите на косовските институции.

„Во писмото потпишано од Косово се зборува за отворање посебна линија меѓу Приштина и Белград, но се избегнува терминологија за именувања на државните институции“, пишува приштинскиот весник.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

Бојан Јовановски: Не си играјте со мојот живот, 55 пати сум носен во болница

Педесет и пет пати сум носен во болница. Пред малигнитет сум. Ве замолувам, не си играјте со мојот живот, изјави...

Свет39 минути

Кинеското министерство: Автобусите и траектите повеќе не одат во Вухан

Кинеското Министерство за транспорт го прекина целосно автобускиот и траектниот сообраќај кон градот Вухан, поради епидемијата на вирусот корона, од...

Македонија52 минути

(Видео) Рочиштето за „Рекет“ одложено по вторпат

Поради влошена здравствена состојба на адвокатите на ексшфицата на СЈО Катица Јанева, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска, вторпат се одложува...

Регион1 час

По 20 дена ослободени киднапираните грчки морнари

Осуммина членови на екипажот на грчки танкер се ослободени по 20 дена од киднапирањето од вооружени напаѓачи на брегот на...

Свет2 часа

СЗО денеска ќе одлучува дали ќе прогласи вонредна состојба

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ќе донесе одлука дали да прогласи глобална вонредна состојба поради избувнување на новиот корона вирус,...

Македонија14 часа

Изгласан Законот за младински додаток: Младите до 23 години ќе добиваат по 3.000 денари за работа во производство

Вечерва во Собранието пратениците го изгласаа Законот за младински додаток по скратена постапка. Овој закон предвидува на младите до 23...

Македонија19 часа

Раскината концесијата за Охридското Езеро, Димковски тврди дека концесионерот ги кршел законите

Владата донесе одлука за раскинување на договорот за концесија за Охридското Езеро со концесионерот „Летница-Белвица“. Причината за оваа одлука, како...

Македонија19 часа

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ со 3.000 амандмани го блокира предлог-законот за отпис на камати

ВМРО-ДПМНЕ поднел 3.000 амандмани за предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавните препријатија, за кој...

Македонија19 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја тужи Царовска за в.д. директорите во центрите за социјална работа

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе биде поведена постапка за злоупотреба на службена дожност против ексминистерката Мила Царовска поради тоа што,...

Топ19 часа

Измамник во Свети Николе изнудил 2.000 евра од жена, ја излажал дека е полицаец

Седумдесет и осумгодишна жена од Свети Николе пријавила дека била измамена за сума од 2.000 евра. Според пријавеното, вчера лицето...

Македонија20 часа

Микиќ: Нема потреба од паника за корона вирусот во Македонија

Информативните летоци ќе бидат превентивна мерка во Македонија да не се рашири смртоносниот корона вирус. Доктор Владимир Микиќ од Институтот...

Македонија21 час

Уставниот суд нема да ја оценува уставноста на амнестијата на обвинетите за 27 април

Нема да се оценува уставноста на амнестијата со која некои од обвинетите за упадот во Собранието на 27 април се...

Македонија22 часа

Спасовски: Во земјата не се увезува штетен отпад

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, уверува дека во државата не се увезува штетен отпад за кој нема сертификати. Тој вели дека...

Македонија22 часа

Филипче: Чекаме препораки од СЗО за заштита од корона вирусот

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека чекаат Светската здравствена организација да даде препораки за тоа што треба да се...

Македонија22 часа

(Видео) Крпен студентски живот: 61 денар за оброк дневно, еден килограм месо месечно

Просечно по 61 денар се издвојува дневно за оброк за станарите во студентските домови. На секој станар му следуваат по...

Свет22 часа

СЗО: Постои голема веројатност корона вирусот да се прошири и надвор од Кина

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека постои голема веројатност новиот корона вирус да се прошири и во други делови на...

Свет23 часа

Сенатот на САД ги усвои правилата за постапката за импичмент на Трамп

По 13-часовна расправа, американскиот Сенат ги усвои правилата за водење на постапката за отповикување на претседателот Доналд Трамп вклучувајќи го...

Свет23 часа

Трамп: Имаме добар план за новиот корона вирус

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека САД имаат план за борба против корона вирусот, од коj во Кина загинаа деветмина,...

Регион23 часа

Протести на грчките острови поради преполните мигрантски кампови

Штрајкови и протести се одржаа на грчките острови Лезбос, Самос и Киос поради владиното справување со мигрантите што пристигнуваат од...

Свет1 ден

Саудиска Арабија негира дека го хакирала телефонот на Џеф Безос

Саудиска Арабија ги отфрли како апсурдни пишувањата на „Гардијан“ дека го хакирала телефонот на сопственикот на „Амазон“ и на „Вашингтон...

Досие