Контакт

Регион

Српски епидемиолог: Луѓето се изморија од мерки и ограничувања, тоа е проблем во целиот свет

Објавено пред

Српскиот епидемиолог Бранислав Тиодоровиќ вели дека сите треба да се замислат кога ќе слушнат дека пациент роден 1994 година починал од коронавирусот.

„Сега младите исто така се на удар бидејќи се во најголемо движење. Верувам дека ситуацијата полека се смирува бидејќи мерките повеќе се почитуваат. Но, има и нешто друго, народот веќе е уморен од вируси, ограничувања и маски, од препораки и мерки… Не само кај нас, целиот свет има идентичен проблем“, смета тој.

Доктор Тиодоровиќ предупреди на замор и голем притисок врз здравствениот ситем, кој, според него, е доведен до работ на издржливост.

„Ова веќе не е респираторно заболување, она што го гледаме сега е системско заболување. Понатаму, се јавува тромбоза, предизвикува мозочни удари и срцев удар, а тоа се однесува на луѓе што имаат хронично заболување. Секако, болести може да бидат присутни и кај помладите луѓе, така што короната предизвикува компликации. Некои сметаат дека пред нас имаме непријател кој е невидлив, но тој е видлив и тоа како“, смета епидемиологот.

Регион

Експлозија на боца со кислород, ковид-пациент доби изгореници во болница во Приштина

Објавено пред

На Клиниката за пулмологија на Универзитетскиот клинички центар на Косово во Приштина експлодира боца со кислород, пренесува „Косово онлајн“.

Притоа е повреден пациент кој се лекувал од Ковид-19 и кој бил на кислородна терапија, пишува „Љајми“.

Приштинскиот медиум наведува дека пациентот се здобил со повреди и изгореници на горните екстремитети.

Сведок на настанот изјави за РТК дека тој е на клиниката веќе 12 дена и дека има постојан недостаток на кислород, особено кај неподвижни пациенти.

Тој посочи дека експлозијата се случила затоа што немало никој да му помогне на пациентот во лични потреби и апелираше до институциите да го решат проблемот со кислородот.

Прикажи повеќе...

Регион

Грчките премини „Дојрани“ и „Ники“ ќе се отворат по 15 август

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека грчките гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ ќе бидат целосно затворени за сообраќај до 15.08.2020 (сабота).

Вакво известување до граничните служби на граничните премини „Стар Дојран“ и „Меџитлија“ било доставено од страна на грчката гранична служба од граничните премини „Дојрани“ и „Ники“, а во врска со новите протоколи на грчката влада за рестрикитивни мерки  за Ковид-19.

Сите патнички и товарни моторни возила што планираат да остварат влез и излез од и во Грција до наведениот период, тоа ќе може да го остварат на грчкиот граничен премин „Евзони“. 

Прикажи повеќе...

Регион

Црна Гора ги отвора границите за Русите и Азербејџанците

Објавено пред

Националното координативно тело за инфективни болести на Црна Гора (НКТ) одлучи да ги отвори границите за граѓаните на Русија и Азербејџан.

Според изјавата на црногорската влада, оперативниот штаб за туризам му предложил на НКТ Русија и Азербејџан да бидат да бидат додадени во „зелениот список“ на земји чии граѓани можат да влезат во Црна Гора без услови, и дека НКТ ја разгледува понатамошната либерализација во Црна Гора да влезат граѓаните на државите од Западен Балкан, пренесува ЦДМ.

Владата соопшти дека НКТ, со оглед на епидемиолошката состојба во земјите од регионот и особено веродостојноста и релевантноста на достапните податоци, како и потребите на црногорската туристичка економија и националните интереси на Црна Гора, оцени дека не постојат пречки за либерализација на влезот на руските и азербејџанските граѓани.

Сепак, како што велат, одлуката за граѓаните на околните земји е продолжена се додека црногорскиот Институт за јавно здравје не достави проценка на епидемиолошкиот ризик за Црна Гора, заснована врз либерализацијата на влезот на жителите од соседните земји за секоја земја поединечно.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија27 минути

(Видео) Конститутивната седница се одржува со зајакнати мерки за заштита од коронавирус

Конститутивната седница на новиот парламентарен состав се одржува под зајакнати мерки за заштита од коронавирус. Пратениците веќе почнаа да пристигнуваат...

Свет28 минути

Следната година Русите ќе ја тестираат вакцината против коронавирус врз деца

Националниот истражувачки центар „Гамалеи“ во Русија планира да започне со тестирање на вакцината против коронавирус врз деца во јануари-февруари следната...

Регион51 минута

Грчките премини „Дојрани“ и „Ники“ ќе се отворат по 15 август

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека грчките гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ ќе бидат целосно затворени за сообраќај до 15.08.2020...

Топ1 час

Прегазена жена во Охрид

Деветнаесетгодишен скопјанец со „мерцедес“ на ул.„Сирма Војвода“ во Охрид удрил во пешакот М.Т.(58) од Охрид. Жената била префрлена за укажување...

Свет3 часа

Гутереш: Коронавирусот ќе уништи генерации поради затворањето на училиштата

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, предупреди дека светот се соочува со генерациска катастрофа поради затворањето на училиштата во...

Свет3 часа

СЗО ќе распореди меѓународен тим експерти во Вухан

Светската здравствена организација соопшти дека тимот што го истражува потеклото на пандемијата на коронавирусот ја завршил својата мисија во Кина...

Европа4 часа

Расте бројот на тешко заболени од коронавирус во Франција

Бројот на пациенти заразени со коронавирус во одделите за интензивна нега во Франција денеска се искачи на 384, што е...

Македонија15 часа

Привремено е прекината потрагата по момчето кое се удави во Преспанското езеро

Потрагата по момчето кое исчезна во водите на Преспанското езеро е привремено прекината поради временските услови. Како што информираат од...

Регион15 часа

Преглед на состојбата во регионот: Во Албанија почина уште еден лекар, во Србија пад на бројот на новозаразени

Преглед на состојбата со коронавирусот во регионот во изминатото деноноќие. Уште еден лекар почина во Албанија од коронавирус Во болницата...

Македонија17 часа

Поранешни вработени во СЈО бараат од Пендаровски да им се извини: „Обвинителството не беше една личност“

Поранешни вработени во Специјалното јавно обвинителство реагираа на говорот на претседателот Стево Пендаровски во Пелинце. Тие велат дека СЈО не...

Топ19 часа

Лекар од Итната помош физички нападнат од татко на починато лице

Taтко на момче кое починало во сообраќајна несреќа, нападнал лекар од Итната медицинска помош. Лекарот бил на интервенција по претходно...

Македонија19 часа

Досега 500 лица починаа од коронавирус во Македонија

Бројот на починати од коронавирус во земјава достигна 500 лица, откако денеска беа потврдени 3 нови смртни случаи. Тројцата починати...

Македонија20 часа

Гостивар со најмногу новозаразени во изминатото деноноќие

Гостивар е на врвот на листата со најмногу новозаразени од коронавирус во земјава во изминатите 24 часа. Според податоците на...

Свет21 час

СЗО: Mајките да ги дојат своите деца и кога имаат ковид-19

Светската здравствена организација денеска предупреди дека наспроти големите надежи за пронаоѓање на вакцина, можеби никогаш нема да има чудотворено решение...

Македонија22 часа

Нови 74 заболени и тројца починати од ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 689 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на...

Свет23 часа

Германските ученици се вратија во училишните клупи во екот на пандемијата

Десетици илјади училишни деца денеска се вратија во училиштата во северна Германија. Мекленбург-Западна Померанија е првата од 16 германски држави...

Македонија23 часа

Џафери: Добро се чувствувам, јас ќе ја водам седницата

Претседателот на Собранието, Тала Џафери изјави дека утре тој ќе ја води конститутивната седница. Џафери денеска ја напушта Клиниката за...

Свет1 ден

Руски доктор: Пандемијата личи на проба за биолошка војна

Ситуацијата со пандемијата на коронавирус личи на проба за биолошка војна, изјави рускиот детски хирург, Леонид Рошаљ, пренесе „Спутник“. „...

Свет1 ден

Мелбурн ги затвора речиси сите продавници и фабрики за да го спречи вирусот

Вториот по големина австралиски град Мелбурн, во кој веќе на сила е ноќен полициски час, најави нови ограничувања за индустријата,...

Свет1 ден

Латинска Америка најтешко погоден регион во светот, има речиси пет милиони заразени

Аргентина вчера надмина 200.000 случаи на ковида-19, Колумбија поставува дневен рекорд, а во Латинска Америка се рушат црните рекорди со...

Досие