Контакт

Регион

Српски цариници пронајдоа пијалаци, пари и злато во автомобил на Бугари, оделе на свадба во Германија

Објавено пред

Српските цариници спречија обид за шверц на повеќе од еден и пол килограм златен накит и над 90 шишиња виски и ракија на преминот Градина. Прекршокот е откриен кога „мерцедес спринтер“ со бугарски регистарски таблички пристигнал на влезот во земјата за контрола. Со автомобилот од Бугарија за Германија патувале две брачни двојки бугарски државјани.

Тие им кажале на цариниците дека патуваат во Германија на свадба и дека немаат што да пријават освен личниот багаж.

По темелниот преглед на комбето и багажот, цариниците пронашле неколку кутии со 51 шише виски „џони вокер“ и 40 шишиња бугарска ракија од грозје.

Понатамошната контрола открила непријавен златен накит вреден повеќе од 40.000 евра.

Една патничка имала скоро 900 грама златни ѓердани, нараквици, обетки и прстени. Кај друга се пронајдени над 470 грама, а кај еден маж пронашле околу 340 грама непријавен златен накит.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Протест пред француската амбасада во Бугарија против одлуката на Макрон за Северна Македонија

Објавено пред

Десетици интелектуалци, јавни личности и граѓани се собраа вечерва пред француската амбасада во Софија за да го искажат своето несогласување со одлуката на францускиот претседател, Емануел Макрон, да го блокира почетокот на претпристапните преговори на Северна Македонија и Албанија.

Како што пренесува БГНЕС, учесниците извикуваат „Бугарија и Македонија под едно небо!“, „’Не’ на лицемерството, ‘да’ на Македонија“.

„Сведоци сме за заживување на француско-српската унија, која последниве години беше запоставена и има цел да ја блокира европската иднина на Македонија“, изјави познатиот балкански специјалист и публицист Иван Николов.

Тие повикаа на бескомпромисна и постојана поддршка за европското членство на Македонија бидејќи во спротивно поддршката од надворешни националисти ќе го дестабилизира целиот регион.

Учесниците на собирот го повикаа Макрон да ја преиспита својата одлука и да биде во висина на големите француски државници, како Де Гол и Ширак, и да не ги загрозува стабилноста и безбедноста на Балканот. Тие истакнаа дека„ова е прв протест во Европа за членство на една држава во ЕУ.

Во писмото до Маркон, кое му го доставија на претставник на француската амбасада, организаторите на собирот го повикаа францускиот претседател да не дозволи Република Северна Македонија да биде извор на политички хаос.

Прикажи повеќе...

Регион

Рама: Нашиот пат продолжува без никаков потрес, дури и да имавме „да“, задачите се исти

Објавено пред

Албанскиот премиер, Еди Рама, по средбата што ја одржа со претседателството на неговата Социјалистичка партија (ПС), ја обвини опозицијата дека се обидува да го попречи процесот на европската интеграција за Албанија. Тој го отфрли барањето на опозицијата за оставка по одлуката на Советот на ЕУ да не се отворат преговори со Албанија.

„Тие (опозицијата) работеа многу напорно и не оставија непоместен ни камен за да не успее процесот. Не успеаја затоа што успеавме да ја надминеме вештачки подигнатата бариера во првите шест месеци од годината и да ја добиеме поддршката на Германија“, рече Рама.

Рама го повтори ставот дека неотворањето на преговорите за Албанија не се должи на недостиг на напредок на земјата, туку на внатрешните проблеми на ЕУ.

„Двете држави, Албанија и Северна Македонија, не можеа да го добијат она што им следува како резултат на внатрешниот судир во европското семејство“, посочи Рама.

Тој додаде дека оваа одлука не менува ништо за земјата и дека владата ќе продолжи со реформите.

„Но, како што можете да видите, сонцето повторно изгреа, денот повторно почна и нашиот пат продолжува, без никаков потрес и изедначување. Во практична смисла, ние сме јасни, мора да ја продолжиме нашата работа секој ден. Дури и да имавме ‘да’, задачите се исти и без тоа ‘да’“, нагласи премиерот Рама.

Тој потврди дека набргу ќе има значајни средби, меѓу кои ќе биде и средбата со францускиот претстедател, Емануел Макрон. Истакна дека Социјалистичката партија ќе го води напред процесот на реорганизирање, дека ќе продолжи работата со изборните реформи и дека се добредојдени сите страни што сакаат да придонесуваат. Според Рама, во текот на јануари ќе бидат изгласани сите препораки на ОБСЕ/ОДИХР.

Прикажи повеќе...

Регион

Двајца американски геј-војници претепани во Хрватска, ги нападнале 10 мажи

Објавено пред

Група од десетина лица нападнале двајца американски војници во саботата вечерта, станува збор за хомосексуалци со темна кожа, кои се забавувале во ноќен клуб во Задар, Хрватска.

Двајцата американски војници не криеле дека се хомосексуалци, а еден од нив го опишал нападот во видео, кое го објавил на својот инстаграм-профил.

Тој им порачал на сите дека не стигнува да одговори на пораките, но дека е добро. А за самиот инцидент, тој вели дека се бореле за живот.

„10-ина мажи нè нападнаа. Во еден момент, некој ме држеше, а тројца ме удираа. Ја изгубив свеста“, раскажал тој, пренесува порталот „Индекс“.

Задарската полиција соопшти дека настанот бил класифициран како прекршок.

„По пристигнувањето, полицајците откриле двајца државјани на САД на возраст од 24 и 25 години, кои биле повредени и пренесени во болница“, соопшти полицијата додавајќи дека во тек е истрага за инцидентот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

(Видео) Мицкоски: Едногласно ја преименувавме коалицијата во „Обнова на Македонија“

По средбата со коалициските партнери, Мицкоски рече дека едногласно се договориле да го сменат името на коалицијата во „Обнова на...

Македонија11 час

(Видео) Мицкоски на средба со коалициските партнери

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва во седиштето на партијата е на средба со своите коалициски партнери. Состанокот следува по...

Регион12 часа

Протест пред француската амбасада во Бугарија против одлуката на Макрон за Северна Македонија

Десетици интелектуалци, јавни личности и граѓани се собраа вечерва пред француската амбасада во Софија за да го искажат своето несогласување...

Свет13 часа

Претседателот на британскиот Парламент одби гласање за договорот за брегзит

Барањето на британската влада пратениците да гласаат со „да“ или „не“ за договорот за брегзит, што го постигна премиерот Борис...

Македонија15 часа

Конте: Преговорите за проширување на Балканот треба да почнат во ноември

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, порача дека Рим ќе предложи Европската Унија повторно во ноември да ги почне преговорите за проширување...

Топ16 часа

Млад скопјанец се фрлил од вториот кат на зграда

Во Полициската станица Центар во вечерните часови на 20 октомври било пријавено дека на скопскиот булевар Кирил и Методиј едно...

Македонија17 часа

(Видео) Симовски: Нема попис во април, ќе се пролонгира

Април е непогоден термин за пописот и треба да се пролонгира, вели Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика,...

Економија18 часа

Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат, додека цената на дизелот останува иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена...

Македонија19 часа

Столтенберг телефонски разговараше со Заев: Со нетрпение ја очекувам Северна Македонија во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на својот твитер-профил денеска напиша дека имал добар телефонски разговор со премиерот Зоран Заев...

Топ19 часа

Возило удри во две девојки – возачот прво побегнал, па потоа сам се пријавил во полиција

Две девојки се повредени во Скопје, кога возило удрило во нив на булеварот Кочо Рацин во Скопје. Возачот најпрво побегнал,...

Македонија20 часа

(Видео) Татко му на Боки 13: Не сум Сталоне па да тепам луѓе за една минута

Поради отсуство на скопската обвинителка Имран Османи, утрово во кривичниот суд беше одложено судењето за татко му на Боки 13,...

Свет21 час

Студенти во Индија носат кутии на главите за време на испит за да нема измами

Индиските студенти носат кутии на главите за време на испитот за да спречат измама. Вакви фотографии се појавија во јавноста...

Европа21 час

Aко планот на Џонсон не помине, ЕУ ќе го одложи брегзит до февруари 2020 година

Европската Унија ќе го одложи брегзит до февруари 2020 година, ако британскиот премиер Борис Џонсон не добие поддршка за неговиот...

Македонија22 часа

Земјотрес во Албанија, почувствуван во западните делови од нашата земја

Земјотрес со јачина од 3,1 степен синоќа ја погоди Албанија, а потресот бил почувствуван во западните делови на нашата земја,...

Свет23 часа

10 илјади полицајци на улиците на Чиле, приведени 1.462 демонстранти

По итен состанок доцна во неделата претседателот на Чиле, Себастијан Пињера, ја бранеше својата одлука да воведе вонредна состојба и...

Свет23 часа

(Видео) Ескалираше бранот насилство во Чиле, петмина загинаа во запалена фабрика

Пет лица загинаа откако фабрика за облека беше запалена од ограбувачи во близина на главниот град на Чиле, Сантијаго, среде...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: По 3 јануари имаме техничка влада и нова реалност

Имаме нова реалност. На 3 јануари имаме нов технички премиер, а по изборите и нова влада, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Предвремени избори на 12 април

Дванаесетти април идната година е датумот на кој ќе се одржат предвремените избори, изјави претседателот на СДСМ и премиер, Зоран...

Македонија2 дена

Пендаровски: Имаме државен консензус за ЕУ, не размислуваме за алтернатива

Имаме јасен државен консензус, а тоа е дека Република Северна Македонија треба што поскоро да ги почне преговорите со Европската...

Топ2 дена

Стружанец пијан паднал од балкон и починал

Педесет и осумгодишен стружанец доцна синоќа починал по пад од незаграден балкон во неговиот дом. МВР соопшти дека мажот бил...

Досие