Контакт

Европа

Столтенберг: Безбедноста и стабилноста на Западен Балкан се важни за НАТО

Објавено пред

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека алијансата целосно ја почитува политиката на воена неутралност на Србија.
Столтенберг во интервју за подгоричка „Побједа“ вели дека Србија како суверена нација има право да го избере својот пат и дека НАТО е посветен на градење силно партнерство со неа.

На прашањето како ја гледа реториката на српскиот претседател Александар Вучиќ, Столтенберг одговорил дека води редовен дијалог со претседателот Вучиќ и со другите лидери во регионот.

„Се соочуваме со заеднички безбедносни предизвици, а партнерството со НАТО може да донесе вистинска корист за Србија и нејзините граѓани, но и за поширокиот регион“, додал Столтенберг.

На прашањето што гледа како поголем безбедносен предизвик за регионот – ситуацијата во БиХ или статус кво на Косово и недостигот на напредок во дијалогот Белград – Приштина, Столтенберг рекол дека НАТО ќе продолжи да ги промовира стабилноста, безбедноста и кооперацијата во регионот, мисиите на КФОР во Косово и под покровителство на ОН и канцелариите на алијансата во Сараево и Белград.

Тој истакнал дека соработката со Европската Унија останува суштинска за соработката со НАТО и дека алијансата ќе продолжи да работи со Унијата за зачувување на стабилноста и поддршка на реформите.

Кога станува збор за БиХ, Столтенберг оценил дека нејзините уникатни структури се важни за стабилноста на земјата, особено на вооружените сили.

На прашањето дали НАТО има механизми за спречување дополнителни тензии, освен преку мисијата на КФОР и преку соработка со вооружените сили на БиХ, Столтенберг рекол дека НАТО е единствениот трансатлантски форум за консултации и одлуки за сите прашања што ја засегаат нашата заедничка безбедност, пишуваат медиумите во регионот.

„Управувањето со кризи е и ќе биде една од нашите основни задачи. Безбедноста и стабилноста на Западен Балкан се важни за НАТО“, нагласил Столтенберг.

Тој изјавил дека алијансата иднината на регионот ја гледа во евро-атлантската соработка и интеграција на оние што тоа го сакаат и дека е решена да им помогне на земјите од регионот да ги спроведат реформите за доброто на своите граѓани.

Додал дека ова не е лесен пат и дека бара вистинска посветеност и вистински напредок во реформите и помирувањето, но дека тоа е можно, што, според него, го покажале Црна Гора и Северна Македонија.

Тој ги повикал сите лидери во регионот да покажат посветеност на реформите и помирувањето додавајќи дека тоа е клучно за консолидирање на стабилноста во регионот.

Европа

Фридрих Мерц е новиот лидер на ЦДУ

Објавено пред

Членовите на германската централно-десничарска партија Христијанско-демократска унија (ЦДУ) денеска го избраа Фридрих Мерц за лидер на партијата.

Генералниот секретар на ЦДУ, Пол Чимјак, рече дека Мерц добил речиси 95 отсто од гласовите на виртуелната партиска конференција.

Официјалните избори дојдоа по неформалното гласање минатиот месец во кое Мерц ги победи противниците Норберт Ротген и Хелга Браун.

Мерц го обвини германскиот канцелар Олаф Шолц дека нема јасна позиција во спорот со Русија поради акумулацијата на руските сили недалеку од границата со Украина.

Прикажи повеќе...

Европа

НАТО ги отфрли руските барања да се повлече од Бугарија и Романија

Објавено пред

НАТО ги отфрли руските барања за повлекување на своите сили од Романија и Бугарија, објави „Ројтерс“.

„НАТО нема да се откаже од можноста да ги заштити и брани своите членки, па ќе има присуство и во земјите источно од границите на НАТО“, рече портпаролката на алијансата, Oана Лунгеску.

Претходно, Москва побара правно обврзувачки гаранции од НАТО дека алијансата нема да се проширува на исток и дека ќе се врати во рамки на границите од 1997 година.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека безбедносните гаранции што Москва ги бара од Западот вклучуваат и повлекување на силите на НАТО од Романија и Бугарија.

Прикажи повеќе...

Европа

Украина се вооружува со американски противтенковски и противвоздушни ракети

Објавено пред

Членките на НАТО, Естонија, Летонија и Литванија ќе ѝ достават на Украина противтенковски и противвоздушни ракети од американско производство, соопштија министрите за одбрана на овие земји во заедничка изјава.

„Естонија, Летонија и Литванија и нивните сојузници работат заедно за брзо предавање на безбедносната помош на Украина“, се вели во соопштението. Естонија ќе испрати противтенковски ракети „џавелин“, а Летонија и Литванија ќе испратат противвоздушни ракети „стингер“.

Стејт департментот на САД им дозволи на Литванија, Летонија и Естонија да испратат американски проектили и друго оружје во Украина, изјавиле во средата три извори запознаени со одлуката, откако американскиот претседател Џо Бајден прогнозираше дека Русија ќе тргне на Украина.

Западните земји стравуваат дека Москва планира нов напад врз Украина, по оној од 2014 година кога беше извршена анексија на Крим.

Русија го негира ова, но вели дека би можела да преземе неодредена воена акција доколку не се исполнат нејзините безбедносни барања, вклучително и ветувањето дека Украина никогаш нема да може да се приклучи на НАТО.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија35 минути

Пецаков да одговара што не се изолирал додека чекал резултати од тестот за ковид, порача владејачката партија

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков додека чекал резултати од тестот за коронавирусот наместо да се изолира, свесно присуствувал на јавен...

Македонија41 минута

Трет викенд по ред недела е неработен ден

Трет викенд по ред недела е неработен ден за 92 отсто од работниците. Законското решение предвидува оние што се ангажирани...

Свет13 часа

Захарова: Очекуваме воена провокација во пресрет на Олимпијадата во Кина

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека постои опасност од провокации од страна на САД и...

Македонија14 часа

Аки Рахимовски се јавил кај пријател во Македонија, се договориле да го пречека на скопскиот аеродром

Аки Рахимовски утрово планирал патување во Македонија и посета на мајка си. Тој телефонски разговарал со пријателот Здравко Ситновски во...

Македонија14 часа

Нови 1.913 случаи на коронавирус во Македонија, починаа 21 лице

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 7.219 тестови, а регистрирани се 1.913...

Македонија18 часа

Млад пациент доби срце, а кај двајца се трансплантираат бубрези од починат донор

Млад пациент доби срце, а кај двајца пациенти на дијализа се трансплантираат бубрезите од лице кое почина од мозочна смрт....

Регион20 часа

Почина Аки Рахимовски од „Парни Ваљак“

Пејачот на групата Парни Ваљак, Аки Рахимовски почина на 66-годишна возраст. Веста за смртта беше објавена и на официјалната страна...

Македонија20 часа

Стоилковски извади списоци: „Паркинг не плаќале стотици функционери од Демократскиот сојуз, СДСМ и ДУИ“

Стотици автомобили на функционери од власта и членови на Демократскиот сојуз, на СДСМ, на ДУИ биле ослободени од плаќање паркинг...

Македонија21 час

Пецаков вели дека не се изолирал и на Водици излегол оти побарал тест заради патување

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков вели дека не се изолирал по тестирањето за Ковид-19 и на Водици излегол да ја...

Македонија23 часа

Родители бараат укинување на задолжителното носење маски во училиштата

Иницијативата „Стоп за носењето маски во училиштата“ која обединува 12.000 родители, преку допис до медиумите тврди дека имаат поддршка од...

Свет23 часа

Првата пратка на американско оружје пристигна во Украина

Првата пратка оружје од американскиот пакет безбедносна поддршка за Украина во вредност од 200 милиони долари пристигна во Киев, соопшти...

Македонија1 ден

Спасовски и МВР му дадоа македонски пасош на Звицер кој сакал да изврши атентат врз Вучиќ, oбвини ВМРО-ДПМНЕ

Скандал го тресе МВР по информациите на Европол дека е откриен заговор за атентат врз претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од...

Свет1 ден

СЗО: Повеќе од 340 милиони луѓе во светот се заразиле со коронавирус

Бројот на регистрирани случаи на зараза со коронавирус во светот надмина 340 милиони луѓе, соопшти Светската здравствена организација. Според информациите,...

Македонија1 ден

Во притвор е спроведен возачот кој ја усмрти 24-годишната радовишанка на „Партизанска“

Судот доцна синоќа му одреди 30-дневен притвор на 22-годишниот Јордан Ѓ. кој со автомобил „цитроен Ц4“ ја усмрти 24-годишната радовишанка...

Македонија2 дена

Регистрирани 2.071 нов случај на Ковид-19 и 11 починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 6.010 тестови, а регистрирани се 2.071 нов случај на...

Македонија2 дена

Комисијата за заразни болести со препорака периодот за изолација да се намали на 7 дена

Намалување на периодот на изолција од 10 на 7 дена за ковид-позитивните пациенти е ставот што произлезе од денешната вонредна...

Македонија2 дена

Фон дер Лајен до Ковачевски: Лично сум подготвена да помогнам во процесот со Бугарија

Премиерот Димитар Ковачевски попладневно остварил телефонски разговор со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која му го честитала...

Македонија2 дена

Опасност од одрон на карпа тешка 20 тони врз кањонот Матка – од ЦУК велат нема простор за паника

Центарот за управување со кризи доби известување од ЕВН за опасност од одрон на голема карпа над кањонот Матка. Директорот...

Регион2 дена

Петков: Бугарија сама одлучува за својата одбрана

Бугарија сама ќе одлучува за плановите за одбрана во координација со партнерите од НАТО, изјави денеска бугарскиот премиер Кирил Петков....

Свет2 дена

Лавров по средбата со Блинкен: Следната недела од САД ќе добиеме писмени одговори

САД ќе ѝ дадат писмени одговори на Русија на барањата за безбедносни гаранции следната недела, изјави рускиот министер за надворешни работи,...

Досие