Регион
Стотици луѓе се собраа на погребот на загрепскиот градоначалник Бандиќ

Градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, ќе биде погребан напладне на гробиштата „Мирогој“ во Загреб, каде што се собраа стотици граѓани изутрината и покрај забраната за собирање повеќе од 25 лица.
Ковчегот со телото на починатиот градоначалник е поставен пред мртовечницата околу 10 часот, а голем број граѓани чекаат на ред да му изразат сочувство на неговото семејство.
Соработникот на Бандиќ и раководител на Загрепскиот наставен институт за јавно здравје, Звонимир Шостар, најави дека на погребот ќе се почитуваат епидемиолошките мерки поради што тој најави пристигнување 300 ковид-редари, кои треба да обезбедат почитување на мерките.
Иако мерките на главниот штаб забрануваат собирање повеќе од 25 лица на погреб, повеќе од еден час пред погребот се се собраа стотина луѓе на „Мирогој“.
Луѓето носат маски, но нема или има многу мало растојание меѓу нив.
Денес во Загреб е прогласен ден на жалост по повод смртта на градоначалникот Милан Бандиќ.
Бандиќ ненадејно почина на 66-годишна возраст од последици од срцев удар. Тој беше прв човек на Загреб во текот на шест мандати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Европратеничката Фајон за нон-пејперот: На Балканот му должиме европска перспектива, а не нови граници

Тања Фајон, словенечка членка на Европскиот парламент и претседател на социјалдемократите, денеска на прес-конференција јавно ги објасни своите ставови за политиката на проширување на Западен Балкан, во светло на информациите кои ги преплавија регионалните медиуми изминативе денови, а кои се однесуваат на т.н. нон-пејпер.
„Во време кога треба да промовираме заемна помош и соработка, некои европски лидери се одлучуваат да промовираат разорни идеи со националистички тенденции и преку недипломатски потези го оптоваруваат веќе загриженото население со дополнителни проблеми“, предупреди Фајон.
„Секоја идеја за поставување и поместување на граници меѓу земјите, особено во Босна и Херцеговина, која претрпе најголема штета, е крајно опасен потег. Таквите експерименти се минато. Но, треба да размислиме за решенија што ќе ја направат Босна и Херцеговина земја што подобро функционира. Посакувам границите да станат симболични со пристапувањето во Европската Унија“, рече Фајон.
Тој ја застапува истата цел во однос и на другите земји, а тоа е нивни прием во Европската Унија што е можно поскоро.
„Тоа е меѓусебен однос, волја. Се појави недоверба и во овие земји затоа што во Европа ветуваме нешто, но не го исполнуваме. Но, луѓето заслужуваат побрз и подинамичен пристап кон ЕУ. Преговорите со Северна Македонија и Албанија мора да се започнат итно, двете земји ги исполнија условите и не смеат да станат заложници на парцијални интереси. Словенија може да има многу важна улога во ова за време на нејзиното претседателство“, нагласува европратеничката.
На новинарско прашање за вмешаноста на Словенија во спорниот нон-пејпер, пратеничката вели:
„Перцепцијата за Словенија се влошува. Го повикувам премиерот (Јанез Јанша) да го појасни својот став за проширувањето на Западен Балкан, особено за Босна и Херцеговина. Јас не сум запознаена со официјалниот документ, не сум го видела, но верувам дека кружат нарушувачки, националистички идеи и не би била изненадена ако некоја од нив потекнува и од Словенија“, беше децидна Тања Фајон.
Покрај премиерот, Тања Фајон исто така го покани и претседателот Борут Пахор да даде јавно образложение до Националното собрание и пошироката јавност за позицијата на Словенија кон Западен Балкан.
Во однос на бугарското вето за земјава, Фајон кон крајот на минатата година изјави дека тоа предизвикало разочарување не само кај „народот на Северна Македонија, чија иднина очигледно е во Европската Унија, туку и кај Европскиот парламент, кој останува силен поддржувач и сојузник на Северна Македонија“.
Регион
Грција и Либија ќе ги продолжат разговорите за заедничко обележување на поморската граница

Грција се согласи да ги продолжи разговорите за обележување на поморските погранични области во Медитеранот со либиските власти, најави грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, пренесува „Грик рипортер“.
Во официјалното соопштение Мицотакис вели дека се согласил со либиската влада за итно продолжување на разговорите меѓу Грција и Либија за разграничување на поморските зони. Неговата изјава дојде по состанокот со претседателот на либискиот Претседателски совет, Мохамед ал-Менфи.
Односите меѓу Либија и Грција се влошија во 2019 година откако меѓународно признатата либиска Влада на национален договор (ГНА) потпиша договор за поморските граници со Турција по што Грција тогаш рече дека таквиот договор би бил географски апсурден бидејќи се игнорира постоењето на грчкиот остров Крит помеѓу бреговите на Турција и Либија.
Мицотакис рече дека Атина се надева дека ќе ги обнови односите со Либија.
Регион
Песков: Путин во посета на Србија штом ќе дозволи епидемиолошката состојба

Времето на посетата на претседателот на Русија на Србија ќе биде договорено многу бргу, веднаш штом епидемиолошката состојба го дозволи тоа, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Навистина постои актуелна покана до претседателот (на Русија) да ја посети Србија. Вие знаете дека претседателот високо ги цени нашите братски и партнерски односи и ваквите суштински, сериозни и заемно корисни односи за народите од двете земји. Секако, штом епидемиолошката состојба дозволи, датумите за таква посета ќе бидат договорени по дипломатски канали многу бргу“, одговори Песков на новинарско прашање за можноста за посета на Путин на Србија.
Српскиот амбасадор во Москва, Мирослав Лазански, во средата рече дека Србија се надева дека рускиот претседател Владимир Путин ќе дојде во Белград во мај затоа што тогаш ќе биде и отворањето на храмот „Свети Сава“.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш