Контакт

Регион

Полицискиот час останува и за време на празниците во Грција, казна од 300 евра за прекршување на мерките

Објавено пред

Грчката полиција ќе даде посебен акцент на одржување на ограничувачките мерки за време на Божик кога секој што ќе ги прекрши ограничувачките мерки, ќе плати 300 евра, пренесе агенцијата АНА.

Иако сè уште не е прецизирано што ќе биде опфатено со ограничувачките мерки, можно е да се затворат метро-станиците во Атина, особено станицата „Синтагма“, каде што се очекува граѓаните да го одбележат раѓањето на Исус.

Конечната одлука за ограничувачките мерки ќе ја даде полицијата, а она што е веќе познато е дека полицискиот час од 22 до 5 часот ќе остане во сила за време на празниците, вклучително и за Бадник и за новогодишната ноќ.

Секој што вози на улиците на Атина за време на полицискиот час ќе биде запрен и ќе му се бараат документи, односно потврда за дозвола за движење за време на полициски час, што може да ја имаат само медицински лица и работници на некои други служби.

Оној што сака да го напушти домот на Божик за да ги посети роднините, ќе мора да испрати СМС и да ги извести властите каде оди, а тоа важи и за враќање дома.

Регион

Србија почнува со масовна вакцинација против коронавирус

Објавено пред

Србија почнува со масовна вакцинација за населението, откако земјата досега набави вкупно 1.054.950 вакцини и има договор за набавка на уште 6 милиони дози.

Претседателот Александар Вучиќ, најави дека во Србија денеска или утре ќе пристигнат 250.000 вакцини „Спутник V“, а се очекува наскоро преку Полска да се набави и четвртата вакцина од производителот Астра-Зенека.

Денеска ќе почне и масовната вакцинација со кинеската вакцина Синофарм.

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, апелираше до граѓаните да се пријават за вакцинација.

Прикажи повеќе...

Регион

Судот му определи притвор на Мирослав Мика Алексиќ

Објавено пред

Судот му определи притвор на српскиот режисер, сценарист и учител по глума Мирослав Мика Алексиќ кој попладнево беше сослушан пред Вишото јавно обвинителство. Тој ги негирал обвиненијата за силување поднесени од српската актерка Милена Радуловиќ и други негови ученички во школата за глума.

Тој е обвинет за осум кривични дела силување и седум кривични дела сексуално вознемирување извршени во периодот од 2008 до 2020 година.

Осомничен е за силување и сексуално вознемирување на шест женски лица, а некои од нив во времето на извршување на кривичното дело биле малолетни.

На Алексиќ му се заканува казна затвор од 15 години.

Прикажи повеќе...

Регион

Српскиот учител по глума Мирослав Мика Алексиќ ги негира обвиненијата за силување

Објавено пред

Српскиот режисер, сценарист и учител по глума Мирослав Мика Алексиќ беше сослушан денес пред Вишото јавно обвинителство. Тој ги негирал обвиненијата за силување поднесени од српската актерка Милена Радуловиќ и други негови ученички во школата за глума.

Обвинителството по сослушувањето му предложи на судот да му одреди притвор на Алексиќ.

Тој е обвинет за осум кривични дела силување и седум кривични дела сексуално вознемирување извршени во периодот од 2008 до 2020 година.

Осомничен е за силување и сексуално вознемирување на шест женски лица, а некои од нив во времето на извршување на кривичното дело биле малолетни.

На Алексиќ му се заканува казна затвор од 15 години.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион19 минути

Србија почнува со масовна вакцинација против коронавирус

Србија почнува со масовна вакцинација за населението, откако земјата досега набави вкупно 1.054.950 вакцини и има договор за набавка на...

Македонија29 минути

Повеќе нема да се лекуваат пациенти со коронавирус на очна и на клиниката за уво, нос и грло

Ковид центарот на Клиниката за Очни бочести од вчера е затворен. Од Министерството за здравство информираат дека во текот на денешниот...

Македонија39 минути

Вучиќ: Помошта со вакцини за Северна Македонија е братски и пријателски потег

Сепскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска истакна дека не вреди за Србите да бидат здрави, ако луѓето во околината имаат милион...

Македонија49 минути

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 30 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 30 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 283 лица...

Македонија2 часа

Водици годинава без скокање по крстот

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици кој се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето...

Македонија2 часа

Не е исклучена можноста жените да одат во пензија и на 62 години

Во однос на дилемите во јавноста за задолжителното пензионирање на 64 години возраст и 15 години стаж, Министерството за труд...

Свет17 часа

Објавено ново видео од упадот во Конгресот на САД

Објавено е ново видео од упадот на приврзаниците на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп во зградата на американскиот Конгрес...

Спорт18 часа

Чиле „падна“, Македонија во главната рунда на Светското првенство

Македонската ракометна репрезентација по двата високи порази во пресметките со Шведска и домаќинот Египет, ја забележа првата победа на Светското...

Македонија18 часа

Во Македонија 63 нови случаи на коронавирус, 13 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 63 нови случаи на коронавирус, 13 лица починаа, а 176 оздравеа, соопшти...

Свет20 часа

Судот во Москва му одреди притвор на Навални

Рускиот суд му одреди притвор од 30 дена на опозиционерот Алексеј Навални. Притворот ќе трае до 15 февруари, соопшти неговиот...

Македонија21 час

Мицкоски побара поддршка од Орбан и Сијарто за деблокирање на Македонија на патот кон ЕУ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и потпретседателот Александар Николоски, денеска во Будимпешта имаа работна средба со премиерот на Унгарија, Виктор...

Свет22 часа

Пристапот „прво јас“ нè турка кон катастрофален пад во дистрибуцијата на вакцините, вели директорот на СЗО

Светот е на работ на катастрофален морален пад во дистрибуцијата на вакцини против Ковид-19, изјави денеска генералниот директор на Светската...

Македонија22 часа

Бектеши смета дека кафулињата треба да работат до 23 часот

Министерот за економија, Крешник Бектеши, смета дека работното време на угостителските објекти ќе биде продолжено до 23 часот. „Продолжување на...

Топ23 часа

Детали за инцидентот во врска со прилепчанецот убиен на лов

Во полициската станица во Прилеп во претпладневните часови на 17 јануари било пријавено дека во атарот на прилепското село Витолиште...

Македонија24 часа

Заев: Од Србија ќе добиеме 8.000 вакцини на „Фајзер“

Србија ќе ни отстапи 8.000 вакцини од „Фајзер“, a потоа можеби и ковид-вакцини од другите производители. Премиерот Зоран Заев соопшти...

Македонија1 ден

Институтот за трансфузиологија апелира: Донирајте крвна плазма, помогнете им на оние што се борат со Ковид-19

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени 802 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени од Ковид-19...

Европа1 ден

Во Германија откриена досега непозната мутација на коронавирусот

Според германските медиуми, на клиниката „Гармиш-Партенкирхен“ е пронајден нов, досега непознат вид коронавирус. Во болницата во Гармиш-Партенкирхен 73 пациенти и...

Свет1 ден

Захарова им порача на критичарите на апсењето на Навални да се занимаваат со своите проблеми

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, се јави по повод пораките од политичарите за итно ослободување на...

Регион1 ден

Во Хрватска вакцинирани речиси 46.000 лица, кај 80 забележани лесни несакани ефекти

До овој викенд вакцинирани се речиси 46.000 граѓани во Хрватска, а 80 од нив имаат претежно лесни несакани ефекти, изјави...

Свет1 ден

Портпаролката на Навални: Не знаеме што се случува со него и каде го одведоа

Заводот за извршување кривични санкции во Русија објави дека опозиционерот Алексеј Навални, кој беше уапсен синоќа на враќање од Германија...

Досие