Контакт

Регион

Судот во Загреб донесе одлука, Тодориќ останува во затворот „Реметинец“

Објавено пред

Судијата што ја води истрагата за хрватскиот тајкун Ивица Тодориќ одлучи основачот на „Агрокор“, кој вчера од Велика Британија беше екстрадиран во Хрватска да остане во затворот „Реметинец“, објавија хрватските медиуми.

Предлогот на адвокатката на Тодориќ за негово пуштање на слобода беше одбиен. Адвокатката на Тодориќ бараше поништување на истражниот притвор бидејќи оцени дека неможноста на обвинителството во период од една година да ги испита сите сведоци  не може да биде на штета на обвинетиот.

Хрватскиот тајкун Ивица Тодориќ вчера пристигна во Хрватска со редовниот лет на линијата Лондон-Загреб.

Основачот на „Агрокор“ веднаш беше одведен во истражниот затвор „Реметинец“ поради аферата „Агрокор“, во која е осомничен дека на незаконски начин стекнал 1,1 милијарда куни.

Тодориќ по една година по бегството од Хрватска, вчера беше вратен во земјата.

Регион

Поранешните министри во владата на Ципрас сметките ќе ги расчистуваат на суд?

Објавено пред

Поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, денеска изјави дека ќе го тужи својот некогашен колега од владата на Ципрас, поранешниот министер за одбрана Панос Каменос, бидејќи го обвинил за корупција, пишува весникот „Катимерини“.

„Обвинителот ќе се позанимава со тој господин“, изјавил Коѕијас за грчкиот News 24/7, а пренесе агенцијата „Танјуг“.

Коѕијас категорично ги отфрли обвинувањата на Каменос за недозволена соработка со американско-унгарскиот финансиер Џорџ Сорос, нарекувајќи го Каменос клеветник и лажго.

Во октомври минатата година Никос Коѕијас поднесе оставка од функцијата министер за надворешни работи. Првично, медиумите објавија дека станува збор оставка поради несогласувања во коалициската влада во врска со Договорот од Преспа, особено на линија Коѕијас-Каменос, за потоа да се пишува дека Коѕијас поднел оставка поради неактивноста Ципрас на обвинувањата од страна на Каменос на негова сметка како министер за надворешни работи, а во врска со злоупотреби на државните фондови.

Каменос на почетокот од годинава поднесе оставка од функцијата министер за одбрана, поради несогласувањата со премиерот во врска со Договорот од Преспа. Каменос по неговата оставка рече дека не постојат други разлики во грчката влада, освен кога станува збор за Договорот со Македонија.

Прикажи повеќе...

Регион

Наставник се заклучил во училиште во Шибеник, интервенирала и полицијата

Објавено пред

Наставник од основно училиште во Шибеник утрово ја заклучил влезната врата и останал сам во празната зграда со порака за извинување до децата и објаснување дека едноставно не може да постапи поинаку.

Портпаролката на полицијата во Шибеник потврди дека добиле порака оти човек бил заклучен во основното училиште „Бродарица“ во градот.

Таа рекла оти било утврдено дека станува збор за 49-годишен маж кој ѝ се предал на полицијата и по инцидентот бил однесен на информативен разговор.

Агенцијата „Танјуг“ повикувајќи се на хрватските медиуми пренесува дека засега не е точно познато што наставникот сакал да постигне со овој потег, но се чини дека станува збор за конфликт помеѓу училишниот персонал.

Неофицијално, на наставникот му се заканувала смена од училишниот одбор бидејќи гласал за претходниот директор, а не за новопоставениот од кој наводно трпел мобинг.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Србија обид за шверц на заштитен вид на папагали

Објавено пред

Српските царински службеници на граничниот премин Бачки Виногради, со Унгарија, спречиле обид за шверц на 11 живи папагали кои во Србија се обиделе да ги прошверцуцаат двајца српски државјани, пренесува агенцијата „Танјуг“.

Птиците биле откриени при контрола на автомобил од Суботица, а папагалите биле завиткани во мрежести вреќи за компири, ставени во торба во багажникот, во резервното тркало, на подот под нозете на совозачот и во внатрешниот џеб на јакната што ја носел возачот.

Истрагата покажала дека пет папагали се од вид заштитен со Конвенцијата на CITES.

Меѓу нив имало и три примероци на Amazona albifrons, кои на пазарот достигнуваат цени и до 800 евра.

Српските медиуми информираат дека птиците се згрижени во зоолошката градина во Палиќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

Директорот на Шутка: Постои можност Ченто да го внел мобилниот телефон преку чуварите

Директорот на КПД „Скопје“ во Шуто Оризари, Ѓоко Котевски, не ја исклучува можноста вработените во затворот да се замешани во...

Економија45 минути

Поскапуваат бензините и дизелот

Цените на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се зголемуваат за 2,5, односно 3,5 денари, соопшти Регулаторната комисија за...

Бегството на Груевски55 минути

(Видео) Груевски повторно „уловен“, овој пат на шопинг во Будимпешта

Експремиерот Никола Груевски вчеравечер бил на шопинг во трговски центар во Будимпешта. Како што објавуваат унгарските портали, во времето кога...

Бегството на Груевски2 часа

(Видео) Телохранителите на Груевски сослушани за неговото бегство, роднините нема да се сослушуваат

Роднините на Груевски нема да бидат повикани да дадат исказ пред Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за неговото...

Вести2 часа

(Видео) Трамп, Макрон и Меј го откажаа учеството на економскиот форум во Давос

Подготовките за Светскиот економски форум во Давос, кој ќе почне на 22 јануари и ќе трае до петок, 25 јануари,...

Гордана Јанкулоска, судење, Титаник Гордана Јанкулоска, судење, Титаник
Македонија2 часа

Апелациските судии в понеделник ќе одлучуваат за затворската казна на Јанкулоска

В понеделник, на 28 јануари, во 9:30 минути, во Апелацискиот суд во Скопје треба да се одржи рочиштето за пресудата...

Свет3 часа

(Видео) Израел објави видео од ракетните напади врз Сирија

Израелската војска објави видео на кое се забележани воздушните напади врз Сирија. Цел на нападите биле иранските сили. During our...

Македонија3 часа

Груевски ја повлече тужбата за клевета за Заев со која првично бараше половина милион евра

Утре нема да се одржи судско рочиште за тужбата за клевета и навреда од бегалецот Никола Груевски против премиерот Зоран...

Регион4 часа

Повредени новинари на протестите во Атина: Нападот беше испланиран

Грчката државна телевизија ЕРТ соопшти дека непознати лица за време на вчерашните протеsти во Атина ја нападнале нејзината екипа, а...

Свет5 часа

(Видео) Супер волшебна месечина: Ретко целосно затемнување на небото во северната хемисфера

Илјадници луѓе на северната хемисфера се бореа со ниските температури за да го видат целосното затемнување на Месечината, феномен познат...

Свет5 часа

Поради снежна бура во САД откажани 5 000 летови

Поради снежната бура и последиците од естремно ниските температури што ги зафатија сојузните држави во централните и северноисточните делови на...

Свет7 часа

„Кликни за молитва“ : Папата Франциско промовираше католичка мобилна апликација

Папата Франциско лансираше нова дигитална платформа во своето традиционално неделно обраќање што ќе им овозможи на верниците да се молат...

Македонија20 часа

Со мерките за загаденоста, властите се борат со последиците наместо со проблемот

Над 150 деца во моментов се хоспитализирани на Детската клиника, а голем дел од нив се соочуваат со респираторни нарушувања...

Македонија22 часа

Поради големото загадување на воздухот, се продолжува распустот за сите ученици

Поради големото загадување на воздухот, се продолжува зимскиот распуст за сите ученици заклучно со вторник 22 јануари, соопшти Владата на...

Македонија22 часа

„Никоб“: Обврската на вработените е да обезбедуваат, а не да напаѓаат новинари

Националната агенција за обезбедување „Никоб“ и годинава традиционално ја обезбедуваше манифестацијата на положување на Светиот Крст во водите на Вардар....

Спорт23 часа

Македонија се намачи, но го победи Чиле

Македонија официјално го заврши настапот на Светското првенство во ракомет во Германија и Данска со пласман на 15. место, откако...

Македонија1 ден

Бесплатен јавен превоз, поскап паркинг и запирање на градежните работи поради загадувањето

Наместо градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, на прес-конференција денеска се појави неговиот портпарол Ваљон Салиху кој ги соопшти чекорите...

Свет1 ден

Британците го молат принцот Филип да ја врати возачката дозвола

Војводата од Единбург е забележан како вози нов „Ленд Ровер“, два дена откако учествуваше во сообраќајна несреќа на пат во...

Свет1 ден

(Видео) Ужас во француски ски-центар, две лица изгореа во пожар во хотел

Најмалку две лица загинаа а повеќе се повредени во пожар кој изби во хотел рано утрово, во ски ресортот Куршевел...

Свет1 ден

(Видео) Силен земјотрес во Чиле, двајца загинати и илјадници без струја

Силен земјотрес со интензитет од 6,7 степени по Рихтер го погоди средишниот и северниот дел на Чиле. Најмалку две лица...

Досие