Контакт

Регион

Таткото на исчезнатото сириско девојче бара азил во Хрватска

Објавено пред

Сириецот, кој тврди дека ќерка му исчезнала во близина на Плитвице, кога хрватската полиција го депортира во БиХ, сега бара азил во Хрватска, објави „Н1“.

Имено, самохраниот татко на девојчето Алсе денес разговара со пограничната полиција по што побара азил во Хрватска. Полицијата во БиХ потврди дека Сириецот го пријавил исчезнувањето на ќерката пред три дена.

Претходно, Сирицот објави очаен повик за помош на социјалните мрежи. Според него, пред десет дена хрватската полиција го одвоила од ќерката во областа на Плитвице, го скршила неговиот мобилен телефон и го депортирала во БиХ.

Полицијата вчера соопшти дека никој официјално не пријавил исчезнување девојче.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Бројот на заразени со коронавирус расте во Србија, регистрирани се 96 нови случаи

Објавено пред

Во последните 24 часа, во Србија се регистрирани 96 пациенти со коронавирус.

Според најновите податоци, едно лице починало, а 12 од нив се на респиратор, пишува „Блиц“.

Вкупно 4795 пациенти биле тестирани за ковид-19 во последните 24 часа.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Словенија наврна 70 сантиметри снег

Објавено пред

Во Словенија, кај Кредарица, тамошната највисоко позиционирана метеоролошка станица, денеска се измерени 70 сантиметри снег.

Кредарица се наоѓа на 2.514 метри надморска височина, и иако се приближува летото, овој планински врв е покриен со снег.

Снег таму имаше и во мај.

Најмногу снег во јуни бил измерен на 1 јуни 1978 година – дури 422 сантиметри. Нешто помалку, 415 сентиметри биле измерени на 1 јуни 1984 година.

Прикажи повеќе...

Регион

Семејна трагедија во Дубровник: ја застрелал мајка си во главата, а болниот татко во градите

Објавено пред

Десетици полицајци го блокираа хрватскиот град Дубровник при обид да го лоцираат 37-годишниот маж, кој ја застрелал мајка си во главата, а болниот татко во градите, по што и двајцата се борат за живот. Станува збор за Драги Г., кој е осомничен дека во семејната куќа сериозно ги повредил родителите, 68-годишниот татко и 67-годишната мајка. Ја застрелал мајка си во главата, а татка си го погодил во градите.

Повредените сопружници итно биле пренесени во болницата во Дубровник. Тие биле сместени на одделот за интензивна нега. Мајката има прострелна рана во главата и е во особено сериозна состојба. Лекарите се борат за нејзиниот живот. Нејзиниот сопруг има повреда на ‘рбетниот мозок, а како што неофицијално дознаваат хрватските медиуми, поради сериозноста на повредите, тој би можел да остане неподвижен.

Четири и пол часа по пукањето, 37-годишниот Драги беше пронајден и уапсен. Тој се криел во трошна зграда на речиси 500 метри од семејниот дом. Потрагата по оружјето сè уште трае.

Медиумите известуваат дека никој не знае да шпекулира што ѝ претходело на ваквата семејна трагедија. Таткото и синот, заедно со друг партнер, воделе туристичка агенција, која организирала патувања до Елафити и на други локации околу Дубровник. Во текот на сезоната тие имале работа преку глава. Но, луѓе блиски до семејството за тамошнте медиуми велат дека сè се случило поради лошата состојба во која се нашло семејството, како и другите туристички работници, погодини од мерките воведени поради корнавирусот.

Никој не може да потврди дали тие можеби имале финансиски тешкотии, но медиумите наведуваат дека синот бил избувлив и заедно со татка си веќе биле пријавувани за нарушување на јавниот ред и мир. Таткото имал и здравствени проблеми со белите дробови. Ден пред овој трагичен настан тој се вратил дома од болница, каде што бил хоспитализиран седум дена.

На осомничениот му бил направен алкотест, но сè уште не се знае дали тој бил под дејство на алкохол. Тој ќе се појави пред истражниот судија в петок наутро.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Влада: 30 милиони денари за здруженија и фондации за справување со корона кризата

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за мерки...

Македонија9 часа

Не се планираат рестрикции од понеделник и покрај бројките на новозаболени

Не се планираат никакви рестриктивни мерки од понеделник и покрај големите бројки на новозаболени од коронавирус. Министерот за здравство Венко...

Македонија10 часа

Заболени 11 здравствени работници од ГОБ „8 Септември“

Единаесет здравствени работници од ГОБ „8 Септември“ се заболени од коронавирусот. Дополнително, новозаболени има и од Гинеколошко-акушерската клиника, соопшти министерот...

Македонија10 часа

Филипче: 90 отсто од новозаболените се асимптоматски, кластерите се под контрола

Ситуацијата е под контрола, убедува министерот за здравство Венко Филипче откако денеска земјава го достигна пикот според новозаразени. Тој не...

Македонија10 часа

Регистрирани 180 случаи на коронавирус, 109 се од Скопје

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1272 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на...

Македонија11 час

Петровска: Пронајдени се снимките од кафеаната каде што беше Мицкоски

Одземен е уредот за снимање од кафеаната каде што седел лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кога инспектори беа спречени да...

Македонија12 часа

Заев до Ахмети: Ако ДУИ условува со позицијата премиер, нема да биде дел од идната Влада

Доколку ДУИ има услов за коалиција за Влада, тогаш ДУИ нема да биде дел од идната Влада, порача на „Фејсбук“...

Македонија13 часа

Коронавирусот се врати во Дебар, заразена e жена која била во контакт и со медицински персонал

Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, вели дека во градот се појавил еден нов случај на жител заразен со коорнавирус. Тој...

Свет14 часа

Босанец осомничен за напад на полицајци при немирите во Њујорк, се поврзува со тероризам

Џенан Камовиќ, Босанец кој живее во Америка, е осомничен дека повредил тројца полицајци во Њујорк. ФБИ сега истражува дали станува...

Топ15 часа

Паркиран камион се придвижил и удрил во две лица во Виница, жена почина на самото место

Во попладневните часови на 4 јуни кај стариот градски „Зелен пазар“ во Виница, претходно паркирано товарно возило „застава“ без регистарски...

Европа16 часа

Регионална шпанска влада осудена за негрижа кон здравствените работници

Судот во провинцијата Арагон, на истокот на Шпанија, ја осуди регионалната власт затоа што не им обезбеди на лекарите заштитен...

Свет17 часа

(Видео) Илјадници луѓе на комеморацијата за убиениот Џорџ Флојд

Илјадници луѓе присуствуваа на комеморацијата за Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше убиен за време на полициско апсење во Минеаполис. Меѓу...

Регион1 ден

Семејна трагедија во Дубровник: ја застрелал мајка си во главата, а болниот татко во градите

Десетици полицајци го блокираа хрватскиот град Дубровник при обид да го лоцираат 37-годишниот маж, кој ја застрелал мајка си во...

Регион1 ден

Нови 48 случаи на коронавирус во Србија, заразени 28 лица во старски дом во Нови Сад

Уште едно лице почина од коронавирус во Србија во последните 24 часа, а потврдени се и 48 нови случаи на...

Македонија1 ден

Велешкото Обвинителство отвори предмет по повикот на Агатангел за масовно одење во верските храмови

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите во медиумите и јавното соопштение на митрополитот Агатангел и...

Топ1 ден

Пријава за охриѓанец кој со лажна полициска палка запирал возила на патот Охрид – Кичево

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А. И. (44) од Охрид поради лажно претставување. На 15.3.2020, на социјалната мрежа „Фејсбук“,...

Македонија1 ден

Судот во Стразбур донесе пресуда во корист на Љубе Бошкоски за случајот „Кампања“

Судот во Стразбур донесе пресуда во корист на претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, за случајот „Кампања“. Како што...

Македонија1 ден

Филипче: Епископот да го повлече повикот да се посетуваат верските храмови

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, одговорајќи на новинарско прашање за повикот на епископот верниците да ги посетуваат храмовите...

Македонија1 ден

Заев: Ако Мицкоски се грижеше за здравјето на граѓаните, немаше да ги крши мерките

Ако Мицкоски се грижеше за здравјето на граѓаните, немаше да ги крши здравствените мерки, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев,...

Регион2 дена

Во Словенија има само девет активни случаи на коронавирус

Во Словенија во последните 24 часа се тестирани 828 лица и не се потврдени нови случаи на коронавирус, објави словенечката...

Досие