Контакт

Регион

Тахири бара доброволно предавање на нелегалното оружје

Објавено пред

 

Албанскиот министер за внатрешни работи Саимир Тахири апелираше до населението кое поседува нелегално оружје од 1997-та година, кога во земјата беа отворени воените магазини и истото да го предаде доброволно бидејќи со законот кој е на сила предвидена е целосна амнестија.

 

Тахири на средбата со жителите во градот Ѓирокастро рече дека „законот овозможува предавање на оружјето од наведениот период без притоа да се превземаат  сакнции кон оние кои ќе го предадат оружјето“.

 

Во 1997-та година кога во земјата поради хаосот кој се јави во системот, населението отвори голем број на воени магазини и притоа беа украдени големи количини на лесно, но и на тешко вооружување. Добар дел од оружјето беше изнесено во соседството а  помал дел и денеска е во сопственост на самото население. Се проценува дека кај населението се уште има илјадници парчиња и муниција на лесно оружје./крај/мф/мн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Израел ја користи војната за проширување на територијата, смета Турција

Објавено пред

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан го обвини Израел дека ја користи војната на Блискиот Исток како изговор за проширување на територијата.

„Израел не сака само да ја обезбеди својата безбедност, туку сака уште територија. Владата на Нетанјаху ја користи безбедноста како изговор за окупација“, изјави Фидан на дипломатски форум во Анталија.

Според него, покрај палестинските територии, Израел се обидува да ја прошири својата доминација и кон делови од Либан и Сирија.

„Ова е континуирана окупација и експанзионизам. Ова мора да престане“, рече Фидан.

Тој додаде дека конфликтот на Блискиот Исток ги оттурнал во втор план напорите за решавање на војната меѓу Русија и Украина.

Прикажи повеќе...

Регион

Почина еден од основачите на бендот „Дивље јагоде“

Објавено пред

Еден од основачите на рок-групата „Дивље јагоде“, Нихад Јусуфходжиќ, почина во средата во Бихаќ.

Музичарот имаше 73-години, а во последните неколку месеци се лекувал во Кантоналната болница во Бихаќ. За него претходно биле организирани и акции за дарување крв.

Веста за неговата смрт потресе бројни колеги, а од него се прости и пејачот Анте Јанковиќ.

„Денес ме затекна вест која тешко се прифаќа. Замина мојот пријател Нихад Јусуфходжиќ, човек со кој не делев само сцена, туку и дел од животот низ ‘Дивље јагоде’. Заедно свиревме, се смеевме и минувавме низ сè што музиката и вистинското пријателство можат да донесат. Тие спомени засекогаш ќе останат со мене. Ти благодарам за сè што беше и што остави зад себе. Почивај во мир, пријателу“, напиша Јанковиќ на социјалните мрежи.

Јусуфходжиќ, заедно со Сеад Липовача и Јанковиќ, ја основал групата „Дивље јагоде“, со која учествувал во снимањето на првите четири сингл-плочи и дебитантскиот албум од 1978 година.

Прикажи повеќе...

Регион

Закани со бомби во двата најголеми трговски центри во Сараево

Објавено пред

Два од најголемите трговски центри во Сараево мораа привремено да бидат затворени денес откако полицијата добила пријави за поставени експлозивни направи, потврди Министерството за внатрешни работи во Сараевската жупанија.

Saraevo City Center (SCC) и Алта, обете во самиот центар на градот и во близина на седиштето на државниот парламент и Советот на министри на Босна и Херцеговина, беа евакуирани во утринските часови, а полициски екипи беа испратени да ја проверат ситуацијата на терен.

Како што потврди за локалните медиуми портпаролката на Министерството за внатрешни работи на Сараевската жупанија, Мерсиха Новалиќ, закани за бомби пристигнале преку е-пошта на адресите на полицијата и некои медиуми.

„Килограм експлозив во SCC, два килограми во Алта“
Во пораката се наведува дека „се поставени експлозивни направи“. Анонимните испраќачи наведоа дека во SCC е поставен еден килограм експлозив, а во Алта е поставен уред со два килограми експлозив со далечински управуван детонатор.

„Веродостојноста на содржината на заканите и ситуацијата на терен ќе бидат проверени“, рече Новалиќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Балканската платформа за мир како форум за конкретни резултати, порача Муцунски во Анталија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на неговиот турски домаќин, Хакан Фидан, учествуваше на...

Црна хроника9 минути

Кривична за уцена во Тетово: барал 20.000 евра и се заканувал со објавување видеа

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.К. (54) поради сомнение за сторено кривично дело „уцена“. Според пријавата, на 5 август...

Топ57 минути

Судир на пет возила во Скопје: повеќе лица повредени, 19-годишник потешко

Синоќа околу 21:20 часот, на улицата „Ѓорче Петров“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале пет патнички возила....

Македонија1 час

Без камата за старите долгови: „Водовод“ со акција за отплата на рати од 20 април до 5 јуни

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје, дека акцијата за отплата на долговите...

Македонија1 час

Трипуновски: Интепелацијата на СДСМ е нелегитимна, а Љупчо Николовски политички не постои

Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски реагираше по најавата за интерпелација од страна на Социјалдемократски сојуз на Македонија, оценувајќи дека станува...

Македонија1 час

Во Анталија потврдена соработката: Сиљановска-Давкова и Ерен за нови проекти со ТИКА

На маргините на Дипломатскиот форум во Анталија, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претседателот на ТИКА, Абдула Ерен, на којашто...

Македонија2 часа

Реконструиран кејот кај Маџир Маало: нови спортски терени и простор за рекреација

Кејот на Вардар кај Маџир Маало доби нов, современ изглед и повторно се отвора како простор за спорт, рекреација и...

Македонија2 часа

СДСМ поднесе интерпелација за Трипуновски, обвинува за корупција и колапс во земјоделството

Пратеникот од Социјалдемократски сојуз на Македонија, Љупчо Николовски, соопшти дека пратеничката група поднела интерпелација за министерот за земјоделство Цветан Трипуновски,...

Регион3 часа

Израел ја користи војната за проширување на територијата, смета Турција

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан го обвини Израел дека ја користи војната на Блискиот Исток како изговор за...