Контакт

Регион

Тачи: Без договор со Србија, нема да имаме решение за Косово

Објавено пред

Косовскиот претседател Хашим Тачи на заедничката прес-конференција со премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, порача дека нема да се постигне решение за Косово, без договор со Србија. Тој рече дека Косово ќе направи демаркација, 430 километри меѓу Србија и Косово.

„Да бидеме реални, Косово ќе направи демаркација на 430 километри со границата со Србија и јас сум многу се гордеам на овој процес. Договор меѓу Косово и Србија ќе биде многу тешко да се постигне, ќе биде во духот на мултиетничност. Косово има специфично прашање со Србија, ова ќе биде комплексен процес, нема да има лесни дебати, но за нас е единствен пат што треба да го преземеме“, изјави Тачи.

Регион

Грција мора да плати казна поради помош на бродоградилиште

Објавено пред

Грција мора да плати казна во висина од 10 милиони евра поради тоа што не побара враќање на непрописно исплатената државна помош на бродоградилиштето „Хеленик шипјардс“ за време на економската криза, објави Европскиот суд на правдата (ЕСП).

Од 2008 година, Европската комисија бара од Грција да обезбеди враќање на повеќе од 280 милиони евра непрописна државна помош исплатена за „Хеленик шипјардс“, кое долго време е во финансиски тешкотии.

Во меѓувреме, вкупниот износ на помош што бродоградилиштето треба да го плати надмина 600 милиони евра, велат судиите.

 

Прикажи повеќе...

Регион

Прв протест на трансродовите лица во Љубљана

Објавено пред

Десетина трансродови лица првпат излегоа на протест во парк во Љубљана и јавно побараа од државата да им ја олесни процедурата за впишување промена на полот во личните документи. Тие своите барања јавно ги соопштија и на протест пред Министерството за внатрешни работи.

Претседателот на Здружението „ТраксАкција“ и негов основач, Лин Џулијан Колетник, рече дека преку протестот тие сакаат да го свртат внианието и да информираат за кршењето на човековите права на трансродовите лица.

Според него, тоа во Словенија е постојана пракса, а Министерството за внатрешни работи и бирократијата избегнувале да ја преземат одговорноста и да им ги олеснат процедурите за промена на официјалните податоци за полот во документите и регистрите.

„Место да ни помогнат, од трансродовите лице се бара да им се утврди дијагноза на нивното ментално здравје или да се третираат како лица со душевни растројства и насилно да се подложат на третман“, вели Колетник.

Прикажи повеќе...

Регион

Словенија ќе лансира два сателита

Објавено пред

Словенечката влада објави дека одобри почетни средства за првите два сателита проектирани во Словенија, кои треба да бидат лансирани во вселената во првата половина на следната година со ракетата „Вега“ на фирмата „Аријанеспејс“.

Станува збор за микросателитот „Немо ХД“, кој го направиле словнечки инженери, при што 85 отсто од средствата се од Европската Унија, а преостанатите 15 отсто од државниот буџет.

Сателитот од 65 килограми, кој ќе ја снима Земјата од висина од 600 километри, е дополнување на европскиот систем „Коперникус“, кој е извор на податоци за потребите на урбанизмот, екологијата, земјоделството, шумарството и транспортот.

За новиот проект владата обезбедила 830 илјади евра, а од подготовката на проектот до лансирањето вкупните трошоци ќе изнесуваат 2,3 милиона евра во рамките на програмата на Европската вселенска агенција (ЕСА).

Словенија пред две години стана придружна членка на ЕСА, а конкурира за постојано членство.

Освен микросателитот „Немо ХД“, Словенија со ракетата „Вега“ во вселената ќе го лансира и наносателитот „Трисат“ со маса од 4,4 килограми.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија23 минути

МВР: Не постои ниту една причина Груевски да добие азил во Унгарија

Не постои ниту една причина Никола Груевски да добие азил во Република Унгарија, изјавија од Министерството за внатрешни работи откако...

Македонија46 минути

Европратеничка прашува дали Груевски има ВИП-третман во барањето за азил

Холандската европратеничка Џудит Саргентини јавно ги праша унгарските власти дали ќе го одбијат барањето за азил на Никола Груевски оти...

Македонија1 час

Заев: Нема никаков политички договор со Груевски, очекуваме Унгарија да го екстрадира

Премиерот Зоран Заев ги отфрла шпекулациите дека имало каков било политички договор со неговиот претходник Никола Груевски кој е во...

Македонија2 часа

Груевски повеќе не може да се води како оправдано отсутен од Собранието, платата ќе му биде намалена

Отсуството на пратеникот Никола Груевски од собраниските седници повеќе нема да се води како оправдано, а платата ќе му се...

Македонија2 часа

(Видео) Стефанова за Мијалков: Нема недопирливи во оваа држава

Доколку постои најмал основ за сомнение дека постои опасност од бегство или влијание врз кој било сведок, веднаш ќе биде...

Македонија3 часа

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за целосна амнестија на 26 ноември пред пратениците

Предлог-законот за амнестија на осомничените, осудените и обвинетите за 27 април доставен од ВМРО-ДПМНЕ пред пратениците ќе се најде на...

Свет3 часа

Снимка од разговор во случајот со Кашоги: Кажи му на шефот дека мисијата е извршена

Кусо по убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, член на саудискиот одред на...

Македонија4 часа

Стефанова: Јанакиески и Божиновски се подготвувале за бегство

Миле Јанакиески и Кирил Божиновски се подготвувале да бегаат. До вакви сознанија дошло специјалното јавно обвинителство, кое веднаш побарало од...

Македонија4 часа

(Видео) Јанкулоска: Нема причина да ми се определи притвор

Јас ги почитувам мерките за претпазливост, не постои никаква причина да се преиначат, изјави ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска,...

Македонија5 часа

Судот потврди – Јанакиески и Божиновски притворени оти може да избегаат

Судот ја потврди информацијата дека Миле Јанакиески и Кирил Божиновски рано изутринава биле притворени поради опасност од бегство. „Кривичниот совет...

Македонија17 часа

Јанакиески: Немам намера да бегам, ја осудувам постапката на Груевски

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески го осудува бегството на експремиерот Никола Груевски. ,,Најостро го осудувам ваквиот чин...

Македонија18 часа

СЈО ќе бара притвори за обвинети, по бегството на Груевски

Специјалното јавно обвинителство од надлежниот суд ќе бара притвор како мерка за обезбедување  присуство за лица кои се обвинети во...

Македонија19 часа

Распишана меѓународна потерница за Груевски

Судот донел одлука за распишување меѓународна потерница за поранешниот премиер Никола Груевски, по информацијата дека тој се наоѓа во Унгарија....

Македонија20 часа

МВР потврди – Груевски е во Унгарија, побарал азил

Поранешниот премиер Никола Груевски е во Унгарија, каде што побарал азил, потврди Министерството за внатрешни работи. ,,По направените соодветни проверки,...

Македонија21 час

Унгарската влада не потврдува дали Груевски бара азил во Будимпешта

Унгарската влада ниту потврдува ниту демантира дека бившиот премиер Никола Груевски бара азил во Унгарија. Во краткиот одговорот на прашањата...

Истражувања23 часа

(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ

Доколку и официјално се потврдат информациите дека поранешниот премиер Никола Груевски навистина е во бегство надвор од државата, како што...

Македонија23 часа

Кривичниот суд: СЈО ниту еднаш не побара притвор за Груевски

На обвинетиот Никола Груевски му се одзмени и личниот и дипломатскиот пасош и тие сè уште се наоѓаат во судот,...

Крвав четврток24 часа

Вељаноски до Мукоски: Човекот ми кажа дека од камерите кај вратите речиси и ништо не се гледа

На 28.4.2017 во 14.24 часот, поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, му испратил порака на Крсто Мукоски со содржина: „Човекот...

Македонија1 ден

Арсовски: Немаме контакт и информации каде е Никола Груевски

ВМРО-ДПМНЕ не знае дали Никола Груевски е во Будимпешта. Портпаролот на партијата, Димче Арсовски, рече дека не знае каде се...

Македонија1 ден

Груевски на „Фејсбук“: Јас сум во Будимпешта, побарав политички азил

Според статус објавен на официјалната фејсбук-страница на поранешниот премиер Никола Груевски, тој избегал во Будимпешта, каде што побарал азил од...

Досие