Регион
Тачи и Борисов разговараа за самитот во Софија

Бугарскиот премиер Бојко Борисов и косовскиот премиер Хашим Тачи разговараа по телефон за претстојниот самит на ЕУ-Западен Балкан во Софија.
Тачи на својот фејсбук-профил оцени дека претстојниот самит е важен на патот на земјите на регионот кон членството во ЕУ, пренесе „Коха диторе“. Тачи додаде дека со Борисов потврдиле оти наскоро ќе се состанат за да ја координираат билатералната програма, односно евро-атланската агенда.
„Ја нагласив потребата за појаснување на европската перспектива за Косово, како предуслов за создавање нова динамика во исполнување на критерумите неопходни за полноправно членство во ЕУ“, напиша Тачи.
Самитот во Софија ќе се одржи на 17 мај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
И Хрватска го бојкотира доделувањето Нобелова награда за литература

Хрватското Министерство за надворешни и европски работи (МВЕП) донесе одлука нивниот амбасадор во Кралството Шведска да не учествува на церемонијата на доделување Нобелова награда во Стокхолм, бидејќи како што е наведено, наградата му била доделена на лице кое било политичко ангажирано за поддршка на големосрпската политика на Слободан Милошевиќ во 90-тите години на минатиот век.
Министерството го објави тоа на „Твитер“.
Годинешниот добитник на Нобелова награда за литература, австрискиот писател Питер Хандке, беше критикуван за неговите ставови за Србија и Слободан Милошевиќ.
На церемонијата, како што беше претходно соопштено, нема да присуствува ниту албанскиот амбасадор, ниту претставник на Приштина.
Доделувањето на Нобелови награди ќе се одржи денес во Стокхолм.
Регион
Бројот на новороденчиња во БиХ намален за 40 проценти во последните 20 години

Минатата година во Босна и Херцеговина се родени 28.600 бебиња, што е за 40 проценти помалку отколку во 1997 година кога се родиле 48.300 бебиња, а во првите девет месеци од оваа година продолжува падот на новороденчињата.
Во Босна и Херцеговина, 20 општини претрпеле намалување на новороденчињата и повеќе од 40 проценти за 10-годишен период, пишува „Клих“.
Се наведува дека една од главните причини за ваквата состојба е иселувањето на населението, иако нема точни показатели за тоа.
Трендот на емиграција на граѓаните на Босна и Херцеговина, претежно во земјите од Западна Европа, трае од крајот на војните на територијата на поранешна Југославија, а најважните причини се недостатокот на перспектива, политичката клима и квалитетот на животот.
Се додава дека е особено загрижувачки што во последниве години заминуваат вработени лица, дури и лица со многу повисоки приходи од просекот во земјата.
Регион
Рама ги повика граѓаните да не ги оштетуваат намерно објектите

Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска го достави првиот прелиминарен извештај за земјотресот што погоди делови од земјата на 26 ноември. Вториот прелиминарен извештај, како што најави Рама, ќе биде објавен на 16 декември, а финалниот во јануари следната година.
Владата соопшти дека од 6.000 згради што биле проверени, околу 2.450 се неупотребливи, 460 треба да се урнат, додека 43 веќе се урнати.
Училиштата почнаа да работат денеска во Драч и Тирана, но повеќе од 10.000 деца мораа да бидат префрлени во други училишта, јавуваат албанските медиуми.
Европската Унија и помага на Албанија да ги процени штетите и потребите за реконструкција, а Европската Комисија веќе испрати 15 милиони евра.
Албанија побара меѓународна финансиска помош за реконструкцијата.
Владата на Албанија издвои 117 милиони американски долари за реконструкција, додека другите седум милијарди се донирани.
Земјотресот од 6,4 степени, усмрти 51 лице, а повредени беа повеќе од 3.000 луѓе. Околу 13.000 луѓе ги загубија своите домови.
На денешниот состанок со Комисијата за реконструкција, Рама рече дека откако ќе биде објавен конечниот извештај за штети, ќе има пат за донации и обнова на уништените домови.
Рама им порача на оние кои намерно ги оштетуваат нивните домови, да не го прават тоа, бидејќи државата нема да може да им помогне.
Тој рече дека целата штета е веќе наведена и дека намерната штета нема да биде земена во предвид.
„Им порачувам на сите да не прават такви работи. Програмата е наменета за оние кои ги загубија своите домови и не можат да влезат во нивниот дом. Во овој момент, морам да бидам многу јасен дека овие штети предизвикани намерно нема да поминат“, рече Рама“, објави порталот Балкан Веб.
Инаку, претходно денеска, Рама беше во Драч, кој е еден од најтешко погодените места.
Во неделата, Рама беше во Истанбул, каде се состана со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и турските и арапските бизнисмени од кои очекува помош.
Турските инженери веќе се во Албанија, каде, како што вети претходно Ердоган, ќе градат 500 домови.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци