Контакт

Регион

Тачи: Признавањето на Косово е најдоброто решение за Србија

Објавено пред

 

Косовскиот претседател Хашим Тачи го потврдил своето учество во новата рунда од преговорите помеѓу Приштина и Белград во вторник во Брисел, додавајќи дека „дошло време за да се отвори последното поглавје од дијалогот помеѓу Косово и Србија“.

 

„Дефинитивно дојде времето за да се отвори последното поглавје во дијалогот меѓу Косово и Србија, поглавјето на нормализациајта на меѓудржавните односи, што подразбира нормализација во областа на политиката, безбедноста, економијата, регионалните и евроатланските интеграции, на основа на вредностите на европската перспектива на двете држави, изјавил Тачи за Радио Слободна Европа.

 

Тачи додал дека „што пократко трае тоа поглавје, толку ќе биде подобро и за Косово и за Србија“. Според него, темите за новиот состанок се уште не се прецизирани, но нагласил дека и Косово и Србија се автономни земји со свој суверенитет, и со оглед на тоа Косово во ова последно поглавје нема да преговара за прашања надвор од оние кои се поврзани со нормализацијата на односите меѓу двете држави.

 

„Најдоброто можно решение е Србија да го признае Косово, а тоа би било завршување на овој важен процес на дијалог, кој започна како технички, но сега влегуваме во најнапредната фаза од политичкиот дијалог, што конечно ќе доведе до тоа Србија да го признае Косово“, рекол Тачи, додавајќи дека сега „се создадени околности за двет земји да влезат во процесот на меѓудржавните односи, по тешките провокации од страна на Србија со апсењето, возот и ѕидот во Митровица“./крај/мф/бс

 

 

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Уапсен лидер на балкански нарко-картел во Црна Гора

Објавено пред

Еден од водечките членови на балкански нарко-картел е уапсен во Црна Гора во рамки на меѓународна операција поддржана од Европол, при што се приведени вкупно 12 осомничени.

Акцијата била спроведена истовремено во Црна Гора и Германија, каде се уапсени четири лица. Осомничените се товарат за шверц на повеќетонски пратки кокаин и канабис кон Европската Унија.

Според истрагата, мрежата користела морски и воздушни рути, а дрогата била транспортирана преку контејнери и други прикриени методи. Вкупно се поврзуваат со трговија на 2,7 тони кокаин и 1,5 тони канабис.

Во операцијата учествувале околу 100 полициски службеници, а истрагата опфатила повеќе европски земји.

Фото: Европол

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ предложи стратегија за роботизација и формирање на баталјон со беспилотни летала

Објавено пред

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес, по состанокот со највисокото раководство на Министерството за одбрана и Српската армија, изјави дека предложил создавање и усвојување на стратегија за роботизација и формирање на единица опремена со роботизирани платформи.

„Денес, како врховен командант на српските вооружени сили, предложив развој и усвојување на стратегија за роботизација, формирање на единица на ниво на баталјон опремена со роботизирани платформи, извршување на организациски подготовки за формирање на дивизии и баталјони со дронови за напад со долг дострел и подвижна муниција, обука на специјални и извидувачки единици за одредување на координатите на целите за контрола на артилерискиот и авијацискиот оган, понатамошно опремување и обука за употреба на беспилотни летала во други единици“, изјави Вучиќ пред новинарите по состанокот.

Тој истакна дека научил историски лекции за офицерите и додаде дека многу од нив биле легендарни команданти од времето на агресијата на НАТО, како и дека многу млади луѓе имаат многу да научат од нив, како и од други офицери.

„Ги замолив во овој револуционерен период на големи промени во нашата армија, дигитализација и роботизација на нашата армија, употреба на најмоќните и најсовремени ракети, да учествуваат во ова со голем ентузијазам, уште поголема посветеност, голема енергија“, рече Вучиќ.

Тој изјави дека безбедносната состојба е малку посложена отколку во јануари, првенствено поради акциите и понатамошните активности на воениот сојуз на Приштина, Тирана и Загреб.

„Нашата решеност да го зачуваме мирот и стабилноста не се променила, а тоа можеме да го зачуваме само ако сме доволно силни“, рече Вучиќ.

Претседателот на Србија, исто така, изјави дека земјата ќе потпише големи и важни договори за понатамошна набавка на оружје и воена опрема во наредните денови.

„Сакам да ве известам дека во наредните денови ќе потпишеме големи договори, многу важни договори за понатамошна набавка на оружје и воена опрема, дека очекуваме големи и важни посети каде што очекуваме дополнителни договори со други земји, дека направивме големи нарачки за нашата армија, дека состојбата на воените материјални резерви, состојбата на надополнување, и со војници и со муниција, е значително подобра отколку во јануари, иако ниту во јануари не бев незадоволен. Никогаш нема да бидам задоволен, но е подобро отколку што беше и тука може да се види трудот и работата на нашите офицери“, рече Вучиќ по состанокот со највисокото раководство на Министерството за одбрана и на Српската армија.

Претседателот истакна дека капацитетите на Српската армија ќе бидат подигнати на повисоко ниво, што ќе придонесе за подобрување на одбранбените способности на Србија.

„Ќе имаме такви можности што ништо нема да може да ни избега, што ќе видиме сè, од стратешка авијација во околината до оние што ги полнат туѓите авиони на големи растојанија од нашата земја, до фактот дека ќе имаме исклучително силна повеќеслојна противвоздушна одбрана што се состои од електронски блокирачи и електронски уреди за напад и од таа опрема и од тоа оружје и алатки што служат за заштита на единиците на корпусот, односно за заштита на нашите војници, до оние што најважно, служат за заштита на нашите градови, објекти, инфраструктурни објекти и сè друго“, изјави Вучиќ.

Тој нагласи дека количината на оружје и опрема, како и силата, капацитетите и дострелот се зголемуваат и додаде дека развојот на српските вооружени сили ќе продолжи по сите овие прашања.

„Количината на оружје и опрема се зголемува, моќта, капацитетот, дострелот исто така се зголемуваат и ние ќе продолжиме да се развиваме по сите овие прашања“, рече претседателот на Србија.

Прикажи повеќе...

Регион

Лавров: Српскиот народ историски има многу позитивен однос кон Русија

Објавено пред

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека српскиот народ историски има многу позитивен однос кон Русија.

Како што пренесува РТС, Лавров рече дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во разговорите со Владимир Путин повеќепати истакнал дека европската перспектива ја гледа првенствено преку економските интереси на Србија и нејзината интеграција во инфраструктурата на Европската унија, јавуваат српските медиуми.

Тој додаде дека српскиот народ треба сам да одлучи каква иднина сака, а дека Вучиќ тоа „одлично го разбира“.

Лавров нагласи дека интересите на Србија секогаш ќе се реализираат без да се загрозат односите со Русија, бидејќи, според анкетите, српскиот народ има позитивен однос и кон Русија и кон Кина.

Тој истакна дека Вучиќ повеќепати изјавил дека Србија нема да се приклучи кон Европската унија под услови кои се анти-руски.

„Го почитуваме тој став. Но слушаме и што зборува Европа. На Србија ѝ велат: ‘можете да продолжите со преговорите ако исполните два услови – да ја признаете независноста на т.н. Косово и да се придржувате до сите санкции на ЕУ против Русија’. Со други зборови, се обидуваат да ја претворат Србија во некаков вид тампон-зона за конфронтација со Русија“, изјави Лавров.

Според него, за разлика од Европската унија, Русија е заинтересирана на Балканот да постои инфраструктура што обединува – економска, културна и друга.

Лавров додаде дека истата цел ја има и кинеската иницијатива „Појас и пат“, која, како што рече, е популарна на Балканот.

„Затоа ние, како и Народна Република Кина, сме за српскиот народ. Ќе го почитуваме изборот на српскиот народ. Тој мора сам да одлучи каква иднина сака. А претседателот Вучиќ тоа одлично го разбира и ги чувствува расположенијата на граѓаните како искусен политичар“, заклучи Лавров.

Фото: Depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Свет20 минути

Столтенберг: Ако на Трамп му се дозволи да го земе Гренланд, НАТО ќе ги изгуби своите вредности

Заканите на Доналд Трамп за повлекување на САД од НАТО треба да се сфатат сериозно, предупреди поранешниот генерален секретар на...

Свет49 минути

Осмооделенец уби осум ученици и еден наставник во училиште во Турција

Девет лица, меѓу кои осум деца, беа убиени денес во пукотница во училиште во југоисточна Турција, изјави турскиот министер за...

Македонија54 минути

Утре променливо облачно време со локални врнежи од дожд

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на нестабилност...

Македонија57 минути

Муцунски – Прево: Белгиска поддршка на Македонија во нејзината европска интеграција

На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес во официјална посета на Република Северна Македонија...

Свет2 часа

Германски министер: Не учествуваме во војната во Иран, но ги чувствуваме последиците

Германија, иако не е вклучена во војната во Иран, директно ги чувствува нејзините економски последици, изјави денеска германскиот министер за...

Свет2 часа

Маѓар објави видео, од далеку се гледа Орбан на балкон: Што мислите дека чита – неговиот проштален говор или спортски вести?

Победникот на неодамнешните унгарски избори и иден премиер, Петер Маѓар, објави видео од претседателската палата Шандор во Будимпешта, каде што...

Свет2 часа

Трамп објави слика од Исус како го прегрнува: „Ми изгледа доста убаво!!!“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави слика од Исус како го прегрнува, генерирана од вештачка интелигенција, на својата социјална мрежа...

Свет3 часа

Лавров во Пекинг: Русија и Кина го зајакнуваат сојузот

Русија е подготвена да го зголеми количеството енергија што ја извезува во Кина пред очекуваната посета на претседателот Владимир Путин,...

Македонија3 часа

Савески во Врховниот суд: разговарано за поефикасно постапување по предметите во надлежност на највисокиот суд

Во рамките на заложбите за поефикасна координација меѓу Јавното обвинителство на РСМ и Врховниот суд на РСМ, државниот јавен обвинител...