Контакт

Регион

Тачи: Само САД можат да донесат договор за заемно признавање меѓу Косово и Србија

Објавено пред

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, вели дека само САД можат да донесат договор за заемно признавање меѓу Косово и Србија и дека сите останати напори се залудни, пренесува „Коха“.

За договорот што беше потпишан на 4 септември во Белата куќа, вели дека американскиот претседател постигнал нешто невозможно.

„Во времето кога Ричард Гренел го почна ова бевме многу скептични. Кога се обиде да го оствари она што сега се случи, имавме надеж и оптимизам дека тоа е вистинската адреса и дека може да се финализира во Белата куќа. Претседателот Трамп се потруди да го овозможи тоа. Го направи тоа што други не го направија 20 години. Иако може да се види дека економската нормализација може да се случи во Вашингтон, убеден сум дека може да се случи и политичка нормализација, а заемното признавање може да се случи само во Вашингтон. Останатите обиди се залудни. Тоа е губење време“, рекол Тачи.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Во Грција уште 358 заразени со коронавирус, пет лица починаа

Објавено пред

Во Грција се потврдени уште 358 нови случаи на коронавирус, а пет лица починаа како резултат на инфекција со вирусот.

Националната организација за јавно здравје соопшти дека од крајот на февруари, кога е регистриран првиот случај на Ковид-19, вкупно се заразени 16.286 лица, од кои се верува дека речиси 3.000 биле заразени во странство, а 6.808 се поврзани со веќе познати случаи, јавува агенцијата АНА.

Вкупно 73 лица се на апарати за дишење. Од болниците се пуштени 191 пациент, кои оздравеле од вирусот. Досега починаа 357 лица како резултат на инфекција со коронавирусот, од кои 132 се жени.

Прикажи повеќе...

Регион

Шпионска афера – Бугарија протера двајца руски дипломати

Објавено пред

Бугарското Министерство за надворешни работи им даде 72 часа на двајца руски дипломати да ја напуштат земјата. Обвинети се дека биле вклучени во шпионажа во таа балканска земја од 2016 година, соопшти денеска Министерството.

Портпарол на Министерството за надворешни работи изјави дека ја известил руската амбасада во Софија, пренесе „Ројтерс“.

Претходно, обвинителите објавија дека двајцата дипломати барале доверливи информации за плановите за модернизација на армијата и одржување на воената опрема од 2016 година.

Прикажи повеќе...

Регион

Босна и Херцеговина доби нов град

Објавено пред

Со нацрт-законот за градот Дервента, за кој се расправа во Националното собрание на Република Српска, се дефинира дека општината добива статус на град, рече министерката за администрација и локална самоуправа на овој ентитет, Сенка Јујиќ.

Објаснувајќи го овој предлог-закон во Националното собрание на Република Српска, Јујиќ потсети дека општина Дервента во 2019 година, врз основа на одлуката на општинското собрание, ја поведе постапката за доделување статус на град со доставување на оваа одлука до владата на Република Српска.

Таа додаде дека заедно со оваа одлука на општинското собрание е доставена студија за оправданоста на барањето за стекнување статус на град, која содржи историски претпоставки, географска положба, природни ресурси, демографски, социјален и економски развој, вработување и деловно работење во 2018 година, регионална интеграција и буџет.

Според неа, Дервента е развиена општина, која има социјален, економски, фискален и административен потенцијал, можност за градење, развој и одржување на инфраструктурата. Таа потсети дека законот за локална самоуправа предвидува дека град може да се основа со закон во урбана област која сочинува единствена географска, социјална, економска, историска и територијална единица со соодветно ниво на развој.

Јујиќ рече дека овој закон пропишува исполнување услови за добивање статус на град – да има повеќе од 50.000 жители и во последните три години, врз основа на одлуката за утврдување на нивото на развој на единицата за локална самоуправа, да има статус на развиена општина.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Уапсен германски лекар кој снимил силување на пациентка

Уапсен е болнички лекар од евангелистичката клиника „Бетел“ во Билефелд под сомнение дека им давал седативи на жени што доаѓале...

Македонија3 часа

(Видео) Мицкоски: Бараме да предложиме независен јавен обвинител за борба против мафијата

„Правдата во Македонија е нападната. Селективната правда денеска во Македонија е неправда. Имаме невини луѓе во затвори, луѓе што страдаат...

Свет3 часа

Нов Зеланд укина поголем дел од рестрикциите против пандемијата

Маските за лице повеќе не се задолжителни во поголем дел од Нов Зеланд бидејќи случаите на Ковид-19 продолжуваат да опаѓаат....

Свет6 часа

(Видео) Евакуирана Ајфеловата кула поради закана за бомба

Ајфеловата кула во Париз е евакуирана поради телефонски повик дека е поставена бомба, а целата област околу обележјето е блокирана....

Свет6 часа

Хајко Мас во карантин

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, од денеска е во карантин по утврдувањето дека еден од неговите телохранители има...

Македонија6 часа

Владата даде согласност – во 169 училишта може да има настава со физичко присуство

Владата на својата 5. седница, одржана на 22 септември, го усвои и извештајот за работата на Комисијата за разгледување поднесени...

Македонија7 часа

(Видео) Пендаровски: Овој вител на кризи и закани генерира страв, потребна е солидарност меѓу државите

„Чест ми што имам можност првпат да се обратам од името на Република Северна Македонија на овој глобален форум, кој...

Македонија8 часа

Нови 183 заболени и петмина починати од Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.769 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на...

Македонија8 часа

Спотовите на ВМРО-ДПМНЕ со ликот на Русковска предизвикале болка и анксиозност кај обвинителката

Изборните спотови со ликот на Вилма Русковска кои се емитуваа по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ предизвикале душевна болка и анксиозност кај...

Регион9 часа

Трите коалиции го поддржаа Кривокапиќ за мандатар на новата влада во Црна Гора

Здравко Кривокапиќ ќе биде мандатар за состав на новата влада во Црна Гора, одлучија пратениците на трите коалиции, пренесуваат црногорските...

Македонија9 часа

Бошковски од Инфективна: „Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично“

Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично, вели лидерот на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошковски, по информацијата дека синоќа...

Македонија9 часа

Поради несослушани сведоци, одбиени докази и толкувани снимки, Миланов смета дека Јанакиески е жртва во „Насилство во Центар“

Ако се суди според казнената политиката не би требало да има ништо повеќе од условни казни, а Миле Јанакиески е...

Свет10 часа

Путин: Во Русија наскоро ќе биде регистрирана уште една вакцина против коронавирус

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека наскоро ќе биде регистрирана втората руска вакцина против коронавирусот. „Наскоро ќе биде регистрирана друга...

Македонија10 часа

Извештај на ИЈЗ: Пораст на бројот на новозаразени и починати за една недела

Согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 14 до 20 септември, регистрирани се вкупно...

Македонија11 час

Родителите кои беа ослободени со мерките и хронично болните се враќаат на работа

Од денеска, со одлука на Владата, дел од групите кои целосно беа ослободени од работа поради состојбата со коронавирусот, се...

Македонија11 час

(Видео) Заев – Гир: За неколку месеци очекуваме успешна завршница на подготовките на преговарачката рамка

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска го прими новоименуваниот амбасадор на ЕУ во нашата земја, неговата екселенција Дејвид Гир. Тој...

Европа12 часа

Лукашенко ненајавено положи заклетва за претседател

Александар Лукашенко денеска ненадејно и без најава положи заклетва за новиот претседателски мандат, пренесува државната новинска агенција „Белта“. Церемонијата за...

Европа13 часа

Жестоки реакции против новите мерки во Британија, можно е да се вмеша и војската

Новите рестриктивни мерки што ги објави премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, против ширењето на коронавирусот, наидоа на жестоки реакции...

Свет13 часа

Jапонска компанија тврди дека има лек кој го скратува времето на закрепнување од Ковид-19

Jапонската компанија „Фуџифилм“ објави дека нејзиниот лек „Авиган“, веќе одобрен за потешките групи, обезбедил статистички значајно намалување на времето за...

Македонија13 часа

Анализа: Најголемо зголемување на вработените во полицијата, а најголемо намалување во одбраната

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на вработувањата во министерствата и општините во последните...

Досие