Регион
Тачи: Србија ги вооружува Србите на северот од Косово

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјавил дека Србија ги наоружува Србите на северот од Косово, во рамките на планот за поделба на Косово, пренесуваат српските медиумите.
Во интервју за албанскиот сервис на Deutsche Welle, Тачи рекол дека косовските институции имаат информации дека во т.н. руски воз имало оружје и припадници на параевоени формации со цел да влезат на Косово и да го дестабилизираат.
„Истовремено, знаеме за српскиот план за поделба на Косово и исто така знаеме дека Србија ги вооружува Србите на северот од Косово“, рекол Тачи.
За своите тврдења тој вели дека постојат докази оти „Србија го користи моделот кој Русија го применила во Украина“.
„Испраќаат цивили но и луѓе во униформи на северот и ги вооружуваат Србите со огнено и друго оружје, за да бидат подготвени да се одбранат од наводните албански напади“, рекол косовскиот претседател.
Тој ги повикал косовските Србите да не потпаднат под влијание и да не станат жртви на „националистичката политика на Белград, која и претходно им нанесе голема болка на Србите“.
„Наместо повиците од Србија за војна, ги повикувам косовските Срби на мир и дијалог. Наместо повици за етнички и територијални поделби, јас ги повикувам на зачленување во НАТО и ЕУ“, порачал Тачи./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Шест лица повредени во судир на автобус и камион: тешка сообраќајна несреќа во Ниш

Шест патници кои се наоѓале во автобусот на транспортната компанија „Нишекспрес“ се повредени во 14.30 часот во сообраќајна несреќа на крстосницата од Булевар 12. Февруари и улица Хумска во Ниш.
До несреќата дошло кога возило од градски сообраќај се судрило со камион со панчевски регистарски таблички.
Интервенирале две екипи на Брза помош и повредените патници ги пренеле во Универзитетскиот клинички центар Ниш.
Според првичните информации сите патници се со полесни повреди.
Полицијата врши увид, се утврдува причината за несреќата.
Регион
(Видео) Хрватските навивачи донесени во суд во Атина, еден од нив извика: Пленковиќ извади не надвор

Денеска, во судот во Атина продолжи распитот на Бeд Блу Бојс, осомничени за навивачките нереди во август во кои беше убиен еден навивач на АЕК.
Првата група од 38 навивачи вчера доби можност да ја дополни одбраната откако во истрагата беа извршени ДНК и дактилоскопски вештачења во кои не беа пронајдени нови докази против нив.
Денеска пред суд беше изведена уште една група.
На снимката од пристигнувањето на Бeд Блу Бојс во судот објавена од хрватската Н1, се слуша како еден од навивачите вика: „Пленковиќ, извади не надвор“.
Регион
Неколку лица избодени со нож при тепачка во градски парк во Приштина

Неколку лица се избодени со нож во градски парк во Приштина, каде непосредно претходно настанала тепачка, пренесува Телеграфи.
Според првите информации, конфликтот се случил во населбата „Качаларет“.
Еден од учесниците во инцидентот, кој е осомничен дека замавнал со нож, бил сопрен од граѓанин.
Косовската полиција се уште не излезе со официјално соопштение.