Контакт

Регион

Тачи тврди дека Белград под притисок ќе дозволи формирање на војска на Косово

Објавено пред

Косовскиот претседател Хашим Тачи оцени во понеделник дека Белград би можел да се согласи на формирање на војска на Косово бидејќи меѓународната заедница, доколку сака, би можела да го убеди „за пет минути“.

Тачи повтори дека создавањето ан Војска на Косово е „пат од кој нема враќање“, а под знак прашалник е дали тоа ќе се случи преку измени на Уставот на Косово или со промена на законот.

„Белград го држи Косово како заложник и неоправдана е дилемата на меѓународната заедница да ги увери косовските Срби мандатот на безбедносните сили да се промени со измени на Уставот“, рече Тачи. /крај/он/ст

Регион

Луиѓи Сорека нов амбасадор на ЕУ во Тирана

Објавено пред

Од

Нов амбасадор на Европската Унија во Тирана наместо Романа Влахутрин е италјанецот Луиѓи Сорека.

Сорека кој моментално е во Брисел, според албанскиот печат, е значаен дипломат на Европската комисија и е одличен познавач на состојбите во Албанија. Според истите извори тој имал бројни активности околу либерализацијата на визниот режим со Албанија.

„Сорека е добар познавач на состојбите во Западен Балкан, а со тоа и на Албанија во полето на безбедноста“,  истакува весникот „Дита“.

Новата функција, италјанскиот дипломат во ЕК во Тирана ја презема во септември.

К.М.

Прикажи повеќе...

Регион

Рама: Опозицијата е против почеток на преговори со ЕУ

Објавено пред

Албанскиот премиер Еди Рама ја обвини опозицијата дека со блокадите на работата на Собранието и протестите се обидува да го спречи почетокот на преговорите на земјата со ЕУ. Рама нагласи дека раководството на Демократската партија директно работи на попречување на иднината на Албанија таа да биде членка на ЕУ. „Народот треба да ја знае целта на утрешните протести на опозицијата“, истакна албанскиот премиер.

Лидерот на опозицијата Лулзим Баша, изјавата на Рама ја толкува како последен обид на Владата да го минимизира утрешниот протест на опозицијата во Тирана. „Премиерот Еди Рама и министерот за внатрешни работи Фатмир Џафај заедно со другите министри се носители на шверцот со дрога и други криминални активности со што се попречува интеграцијата на земјата во ЕУ“, истакна Баша.

Здружената десна опозиција најави големи протести со учество на голем број на членови и симпатизери. Албанските медиуми оценуваат дека утре во Тирана можни се тензии.

Прикажи повеќе...

Регион

Нова кражба на документи од Обвинителството во Драч

Објавено пред

Од

Во јавното обвинителство во албанскиот град Драч се украдени важни документи, соопшти албанската полиција. И додека пред три недели беше ограбена поштата на ова јавно обвинителство и притоа беа украдени значајни документи пристигнати на адреса на обвинителството, грабежот овој пат е извршен од канцелариите на оваа институција.

Албанските медиуми кои се повикуваат на извори на полицијата и јавното обвинителство информираат дека засега непознати лица влегле насилно во објектот, а претходно биле исклучени камерите. До овој момент приведени се три лица, албански државјани, за кои има сомнеж дека ги извршиле двете кражби.

И покрај тоа што нема официјални информации, медиумите шпекулираат дека украдените документи во двата случаи биле документи кои пристигнале во Драч од обвинителствата во Грција и Италија за одредени криминални групи и поединци. (К.М.)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

Заев се сретна со Папата: Кирил и Методиј се темел за врските меѓу Македонија и Ватикан

Светите браќа Кирил и Методиј се силни темели за историските врски меѓу Република Македонија и Ватикан. Ваков е заклучокот од...

Македонија55 минути

Каруселот од плоштад преместен во паркот кај авионот во Аеродром

Од плоштадот во центарот на Скопје, вртелешките и возот се преместени во паркот кај авионот во населбата Аеродром. Реквизитите се...

Македонија2 часа

Ципрас: За Грција ќе биде голема победа ако има одредница пред името Македонија

Премиерот на Грција, Алексис Ципрас, ги оценил денешните преговори за името во Њујорк како критични и чувствителни и рекол дека...

Македонија4 часа

Џафери: Груевски е во психолошка криза

Претседателот на Собранието , Талат Џафери, во интервју за српската Н1 телевизиjа запрашан за неговиот личен однос со експремиерот Никола...

Европа6 часа

Долгоочекуваната уредба на ЕУ за заштита на личните податоци стапи на сила

Од денеска стапи на сила општата уредба на Европската Унија за заштита на личните податоците која Европскиот Парламент ја усвои...

Вести6 часа

Објавено видео од уништувањето на полигон за нуклеарни проби во Северна Кореја

Северна Кореја, во присуство на странски новинари, уништи полигон кој тврди дека служел за нуклеарни проби. Дописникот на „Раша тудеј“...

Вести7 часа

Ким му одговори на Трамп

По одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, да ја откаже историската средба со лидерот на Северна Кореја, од Пјонгјанг соопштиле...

Македонија7 часа

Продолжуваат преговорите за името во Њујорк

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, денеска во Њујорк треба да ги...

Македонија7 часа

Пoсебен сообраќаен режим во Скопје поради празникот Задушница

По повод верскиот празник Задушница денеска како и во деновите од викендот (25/26 и 27.05) во периодот од 06 до...

Македонија8 часа

Заев на аудиенција кај папата Франциско

Премиерот Зоран Заев и придружната владина делегација денеска ќе присуствуваат на аудиенција кај папата Франциско во апостолската палата во Ватикан....

Свет1 ден

Трамп го откажа состанокот со Ким

Претседателот на САД, Доналд Трамп ја откажа средбата со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, планирана за на 12 јуни, соопшти Белата...

Македонија1 ден

(Видео) Заев и Борисов на заедничко чествување на Свети Кирил во Рим

Премиерот Зоран Заев, во придружба на сопругата и на владината делегација  денеска, во рамките на посетата на Република Италија и...

Топ1 ден

Ракометар на „Металург“ нападнат по синоќешниот натпревар

Дваесет и двегодишниот ракометар на „Металург“, Ф.К. од Битола бил нападнат синоќа по завршувањето на ракометниот натпревар помеѓу неговиот тим и...

Свет1 ден

„Имате 48 часа да ги напуштите САД“ – Америка протера двајца венецуелски дипломати

САД наредиja протерување на двајца венецуелски дипломати, како одговор на одлуката на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро да протера двајца...

Македонија1 ден

20 години затвор му се закануваат на Груевски со останатите 4 обвиненија

Доколку експремиерот, Никола Груевски, биде осуден за останатите 4 обвиненија кои му ги поднесе СЈО, може да добие максимална казна...

Македонија1 ден

Истрагата за убиениот словачки новинар води до Албанци од Македонија

Истрагата за убиството на словачкиот новинар Јан Кучијак и неговата свршеница ги донела истражителите до албански бизнисмени од Македонија, кои...

Македонија1 ден

Нова рунда преговори за името во Њујорк

Денеска и утре министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас ќе се одржат нова...

Топ1 ден

Во тешка сообраќајка во Штип загина 21-годишна девојка

Во тешка сообраќајка во Штип, утрово животот го загуби двесет и едногодишна девојка од Свети Николе. Сообраќајката се случила на...

Македонија1 ден

Денеска дожд и грмежи, од утре потопло време

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално се очекуваат пообилни...

Македонија1 ден

ЈСП со изменет возен ред поради двата празника

Денеска и утре возниот ред на автобусите од јавниот превоз ќе биде изменет поради двата празника, 24 Мај – Денот...

Досие