Контакт

Регион

Тензии на границата, мигранти од БиХ насилно се обиделе да влезат во Хрватска

Објавено пред

Полицијата на Босна и Херцеговина вчера спречи речиси 400 мигранти да влезат во Хрватска. Мигрантите запалиле оган и поставиле импровизирани шатори. Исто така, тие го блокирале патот, а полицијата соопшти дека дошло до помали судири кога мигрантите се обиделе да се приближат до границата во близина на Велика Кладуша.

„Трипати се обидоа да го пробијат полицискиот кордон, но полицијата ги враќаше назад“, рекла портпаролката на пограничната полиција, Санета Дујковиќ.

Претходно, вчера, друга група од повеќе десетина мигранти, меѓу кои и деца, со автобуси биле превезени од друг пограничен премин во селото Изачиќ, каде што ја поминале ноќта. Полицијата и таму спречила мигрантите да дојдат до границата, а децата извикувале „Хрватска, Хрватска“.

Во меѓувреме пристигнала уште една група од 100-ина мигранти со воз од Сараево. Тие од утринава се блокирани во возот затоа што полицијата не им дозволува да излезат на железничката станица.

Во моментот во тек е состанок на оперативната група за надзор над мигрантската криза и повеќе информации ќе бидат познати подоцна. Вчера, министерот за безбедност на БиХ, Драган Мектиќ, и владата на Унско-санскиот кантон се договориле мигрантите да се преместат од урбаните делови на кантонот.

Мигрантите преку Хрватска сакаат да продолжат кон западните земји. Хрватската полиција соопшти дека нема да дозволи нелегален влез во земјата, а предупреди и на лажните шпекулации дека хрватските граници ќе бидат отворени за да им се овозможи слободен влез на мигрантите.

Регион

Нови земјотреси на Закинтос

Објавено пред

Два земјотреси со интензитет од 4,1 и 4,3 степени според Рихтер го погодија грчкиот остров Закинтос, објави грчката агенција АНА.

Потресите се регистрирани во Јонско Море на 45 и 56 километри југозападно од Закинтос.

Пред три дена островот го погодија три земјотреси. АНА потсетува дека на Закинтос се регистрирани неколку последователни потреси по земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтер што се случи на 26 октомври.

Прикажи повеќе...

Регион

Протести во Бугарија, блокирани граничните премини

Објавено пред

Илјадници Бугари ги блокираа главните улици и граничните премини кон Турција и Грција во знак на протест против поскапувањето на горивата во најсиромашната земја во Европската Унија.

„Анадолија“ објави дека биле блокирани и граничните премини со Романија и со Србија.

Протестите се одржуваат секој викенд во текот на изминатиов месец. Демонстрантите повеќе часа го блокираат сообраќајот на повеќе места на главните автопати.

На автопатот кој води кон границата со Турција полицијата се обидела да ги спречи возачите да го блокираат сообраќајот, но тие го пробиле кордонот.

Протестни собори се одржаа во Софија и во другите поголеми градови, а учесниците и за утре најавија блокади на улиците.

Прикажи повеќе...

Регион

„Колона на сеќавање“ во Вуковар

Објавено пред

Во Хрватска се одбележува Денот на сеќавање на жртвите од Вуковар, тој ден Хрватите го сметаат падот на тој град. Во „Колона на сеќавање“ присуствуваа државниот врв на Хрватска, Здруженијата на бранители и голем број граѓани.

„Колоната долга пет ипол километри, се одржува секој 18 ноември во знак на сеќавање на влезот на единицата на ЈНА во 1991 година во овој град.

Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, премиерот Андреј Пленковиќ, членови на владата и илјада граѓани се собраа во дворот на вуковарската болница, од каде тргнаа кон меморијалните гробишта, каде ќе одадат почит на вуковарските жртви.

„Нема прошка, нема амнестија кај воените злосторства. Воените злосторства не застаруваат“ порача Пленковиќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

(Видео) Протестот заврши, за малку избегнат инцидент

По речиси два часа заврши протестот пред Собранието против уставните имени. За малку беше избегнат инцидент меѓу организаторите – движењето...

Спорт10 часа

Зверев го „здроби“ Ѓоковиќ за својот најголем трофеј во кариерата

Александер Зверев стигна до својата најголема победа во кариерата, откако го совлада светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ со 6:4/6:3...

Европа13 часа

Европа: Сообраќајките се водечка причина за смртност кај децата

Во Европа на секои шест минути има по една жртва на патиштата, 230 секој ден или 83 000 секоја година,...

Вести14 часа

Нови тврдења: Можно е телото на Кашоги да било изнесено од Турција како багаж

Убијците на саудискиот новинар Џамал Кашоги можно е да го изнеле неговото распарчено тело од Турција како багаж, изјави министерот...

Економија14 часа

Џеф Безос: „Амазон“ ќе банкротира

„Амазон“ еден ден ќе пропадне и ќе банкротира, рекол основачот на оваа компанија, Џеф Безос, кој е најбогат човек во...

Свет16 часа

Папата: Неправдата е изопачен корен на сиромаштијата, богатите се се помалубројни, но побогати

Папата Франциско го криткуваше растот на нееднаквоста во богатството во светот, но и третманот кон мигрантите. Поглаварот на Римокатоличката црква...

Македонија17 часа

СЈО истражува криминал при купопродажбата на акциите на „Фершпед“

Специјалното јавно обвинителство води предистражна постапка за купопродажбата на акциите на „Фершпед“ од 2013 година, кога повеќе акционери пријавија дека...

Македонија19 часа

(Видео) Мицкоски: На претседателските избори ќе ги победиме СДСМ

И покрај целокупниот политички терор и покрај сите, закани и уцени кои што ми ги упатуваат мене и моето семејство...

Бегството на Груевски19 часа

Maкедонија нема договор за екстрадиција со Унгарија – Груевски ќе го бараме со други правни акти

Македонија нема склучено меѓудржавен договор за екстрадиција со Унгарија со кој би го побарала експремиерот Никола Греувски да ја издржи...

Свет19 часа

(Видео) Трамп ја посети Калифорнија: Тажно е ова, итно да им се помогне на оние кои се најлошо погодени

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Калифорнија за да го испита теренот кој беше погоен од најсмртоносниот шумски пожар во...

Регион20 часа

(Видео) Запалено американското знаме за време на судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Атина

Грчката полиција доцна синоќа се судри со групи маскирани лица во Атина, по завршувањето на протестниот марш за одбелужвањето на...

Свет21 час

Стејт департмент: Извештаите за убиството на Кашоги се уште не се конечни

Американскиот Стејт департмент издаде соопштение дека владата на сАД не донела конечен заклучок за тоа кој учествувал во убиството на...

Свет2 дена

(Видео) Девојка се разнесе пред полициски пункт во Чеченија

Девојка се разнесе со експлозив пред полициски пункт во главниот град на Чеченија, Грозни. Никој друг не е убиен, ниту...

Бегството на Груевски2 дена

Бугарски „Фокус“: Груевски ја напуштил Унгарија

Според сè уште непотврдена информација, поранешниот македонски премиер Никола Груевски веќе ја напуштил Унгарија, објави бугарската агенција „Фокус“ повикувајќи се на изјава...

Македонија2 дена

(Видео) Револтирана студентка: Доста се криете зад Фејсбук, излезете и кажете дека сакате чист воздух

Доста се криете зад лажни Фејсбук профили и седите по кафулиња, излезете и кажете дека саакате чист воздух , порача...

Македонија2 дена

СЈО: Јанакиески и Божиновски се во притвор поради сознанијата дека планираат бегство

На поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, им е определен...

Македонија2 дена

Клиника за гинекологија: Намален бројот на починати предвреме родени бебиња

Според податоците на Универзитетската клиника за гинекологија и акушертво, годинава е забележан намален процент на смртност на предвреме родените новороденчиња....

Македонија2 дена

(Видео) Протест против загадувањето: Власта повеќе троши за свои ќефови отколку за животната средина

Патиме сите од загадениот воздух, а најмногу децата и повозрасните, 30 години нè трујат, некој профитира од тоа, порачаа учесниците...

Interview/Debate2 дена

(ИНТЕРВЈУ) Унгарски новинар: Се кладам дека Орбан е замешан во бегството, Груевски ќе заврши во Москва

Питер Ерделај е уредник и новинар во еден од ретките унгарски медиуми кои се независни и надвор од контрола од...

Вести2 дена

(Видео) Околу 1.000 исчезнати и 71 загинат во најсмртоносните пожари во Калифорнија

Повеќе од 1 000 луѓе се пријавени како исчезнати во пожарите во Калифорнија во кои загина најмалку 71 лице, објави...

Досие