Контакт

Регион

То Потами ќе го поддржи преспанскиот договор

Објавено пред

Центристичката грчка партија То Потами соопшти дека планира да ја поддржи ратификацијата на договорот за новото име на Македонија, објави весникот „Катимерини“.

По претпоставките за тоа дали и како ќе се изјасни партијата, То Потами официјално најави дека ќе го поддржи договорот.

Преку соопштение од партијата истакнуваат дека поддршката за преспанскиот договор не значи и поддршка за Ципрас, туку само за интересите на грчкиот народ.

„Нашето движење останува на позицијата дека спорот со ПЈРМ треба да биде решен и Грција треба да игра водечка улога во отворањето на европскиот пат за соседната земја“, се наведува во соопштението.

То Потами вели дека кога станува збор за националните прашања, не ја формираат позицијата врз основа на партискиот интерес ниту, пак, ги менуваат ставовите во зависност од подемите и падовите во даден момент.

„Имаме стабилни принципи, немаме идеолошки опсесии и не дејствуваме импулсивно“, експлицитно се наведува во соопштението.

Партијата има пет места во парламентот, кој брои 300 пратеници.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Хаг испрати нови покани за сослушување припадници на ОВК

Објавено пред

Обвинителите од Специјалниот суд во Хаг испратиле десетици покани за сослушување поранешни борци на т.н. ОВК, но сè уште нема информации кој од нив ги добил, потврди лидерот на ОВК, Хисни Гуцати, пренесува „Спутник“.

Во меѓувреме е потврдено дека од сослушување во Хаг се вратил лидерот на Демократската партија на Косово и поранешен градоначалник на Клина, Сокољ Башота, пренесува приштинска „Газета експрес“.

Медиумите пренесуваат дека на Башота наводно му понудиле спогодба која би била поволна за него лично, но би му штетела на процесот што се води против т.н. ОВК.

„Бев во Хаг, каде што бев испрашуван во својство на осомничен и одговарав на прашања што ми одеа во корист“, изјави тој по враќањето на аеродромот во Приштина, пренесува „Косев“.

Прикажи повеќе...

Регион

Еден мигрант убиен во тепачка кај Бихаќ

Објавено пред

Еден мигрант е убиен, а друг е тешко повреден во тепачка што се случила синоќа во центарот за мигранти кај Бихаќ, Босна и Херцеговина.

Портпаролката на Обвинителството, Ирена Марјановиќ-Чавкиќ, рекла дека се претпоставува оти мигрантот е убиен со ладно оружје во тепачка што избувнала во еден од шаторите поставени во кампот „Вучјак“.

Другиот мигрант, кој е повреден и хоспитализиран, ќе биде сослушан кога лекарите ќе ги санираат неговите повреди.

Обвинителството посочува дека повредениот мигрант би можел да биде извршител на убиството. Идентитетот и државјанството на убиениот и на повредениот мигрант не се откриени.

Прикажи повеќе...

Регион

Mакедонски државјанин фатен при шверц на антички предмети на граничниот премин Прешево

Објавено пред

Српските цариници во соработка со полицијата, во вторникот, 17 септември, на граничниот премин Прешево спречија обид за шверц на антички предмети стари повеќе од две илјади години.
Случајот бил откриен кога дежурен цариник и полицаец на влезот во земјата решиле да извршат увид во автомобилот со италијански регистарски таблички управуван од 54-годишен македонски државјанин. Тие откриле дека на задното седиште, во патна торба со лични работи, има и 7 камени предмети од археолошка вредност.

Возачот им кажал на службениците дека предметите ги добил од свој пријател, кој ги открил во близина на Струмица и имал намера да ги однесе во Италија, каде што живее, да го украсат неговиот дом.

Бидејќи се работи за странски државјанин, Прекршочниот суд во Прешево донесе одлука по итна постапка да се казни со парична казна патникот што се обидел да шверцува антички предмети, а со оглед на тоа што вредноста на прекршокот надминува една третина од вредноста на возилото во кое се пронајдени артиклите, задржан е и автомобилот.

Со пресудата исто така е одлучено предметите трајно да се одземат и да му се предадат на Националниот музеј во Врање.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Обвинение против ексградоначалник на Демир Хисар, незаконски вработувал луѓе

Битолското обвинителство поднесе обвинение против три лица за незаконски вработувања. Обвинети се поранешен градоначалник на Демир Хисар, раководител на Центарот...

Македонија1 час

(Видео) Трајанов: Со една изборна единица ќе се стави крај на прелевањето на гласовите на малите партии

Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, рече дека очекува поддршка со консензус на иницијативата за промена на Изборниот законик да...

Македонија2 часа

Судењето за „Талир 2“ повторно одложено

Судењето за предметот „Талир 2“ на СЈО, судијката Даниела Алексова-Стојановска го одложи за 15 октомври. Причина за одлагањето е доуредување...

Регион2 часа

Mакедонски државјанин фатен при шверц на антички предмети на граничниот премин Прешево

Српските цариници во соработка со полицијата, во вторникот, 17 септември, на граничниот премин Прешево спречија обид за шверц на антички...

Топ3 часа

Обвинение и за девојката што учествувала во убиството на Пино Секондо

Обвинителството поведе обвинение и против девојка од Скопје за која се смета дека е соизвршител во убиството на Пино Секондо,...

Македонија3 часа

Палмер: САД се надеваат дека Северна Македонија ќе ги почне преговорите во октомври

Специјалниот претставник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, вели дека очекува Северна Македонија да ги почне...

Топ4 часа

Тракторист загина во сообраќајна несреќа на патот Струга – Дебар

Четириесет и осумгодишен тракторист од струшкото село Велешта загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на регионалниот пат Струга...

Свет4 часа

Обелоденети 76 милиони податоци од Mинистерството за внатрешни работи на Австрија

Во Министерството за внатрешни работи на Австрија, според информациите од интернет-страницата „Буре без дно“, дошло до масивно обелоденување полициски податоци....

Свет4 часа

(Видео) Уапсен маж кој пукаше и го блокира стратешкиот мост во Киев

Украинските специјални сили уапсија вооружен маж кој го блокира стратешкиот мост во Киев и се закани дека ќе предизвика експлозија...

Свет5 часа

Њујорк и Мичиген ги забранија ароматизираните електронски цигари

Њујорк е првата сојузна американска држава која забрани продажба на ароматизирани електронски цигари по речиси 400 случаи на сериозни болести...

Македонија6 часа

Собранието ја почнува расправата за ребалансот на буџетот

Во Собранието од денеска почнува расправата по ребалансот на буџетот за 2019 година. Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот...

Македонија6 часа

Здружението Е.Д.Е.Н. предлага субвенционирање фотоволтаици за борба против загадувањето

Според извештајот на Европската агенција за животна средина објавен во 2018 година во земјава околу 3.000 смртни случаи годишно се...

Спорт19 часа

Македонец станува селектор на светските шампиони САД?

Македонецот Влатко Андоновски, тренерот на НВСЛ тимот Рејн ФЦ е главен кандидат да стане нов тренер на светските шампиони во...

Македонија22 часа

Продолжен притворот на Катица Јанева

Судот ѝ го продолжи притворот на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која е осомничена во случајот „Рекет“ на Основното јавно...

Македонија22 часа

Со лажна диплома од Приштина работел како професор по математика во Куманово

Педесет и едногодишен маж со фалсификувана диплома од универзитет во Приштина, Косово, се вработил како професор по математика во основно училиште во...

Македонија1 ден

Ексминистерот за правда, Беџети, одбил да ја потпише екстрадицијата за обвинети во „Монструм“

Ексминистерот за правда од ДУИ, Блерим Беџети, одбивал да го потпише барањето за екстрадиција за двајцата обвинети во „Монструм“, Африм...

Македонија1 ден

Случај „Монструм“: во судницата се слушаат разговори во врска со настанот на луѓе блиски до Груевски

Приватни и несуштински разговори беа пуштени во 13 од 25 бомби во судницата за случајот „Монструм“. Во разговорите се слушаат...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Полицајци ќе патролираат кај најкритичните здравствени објекти

Министерот за здравство, Венко Филипче, го поддржа денешниот протест на здравствените работници против насилството врз нив. Тој рече дека почнале...

Македонија1 ден

(Видео) Лекарите на протестот предупредија: Ако не се спречи насилството, ќе престанеме со работа

Медицинските работници, во организација на Асоцијацијата на специјализантите и младите лекари, денеска излезегоа на протест во Клиничкиот центар по повод...

Топ1 ден

Воз прегази маж кај надвозникот на булеварот Србија

Триесет и едногодишен скопјанец загина кога во него удри воз на железничката пруга, пред надвозникот на булеварот Србија. Според информациите,...

Досие