Контакт

Регион

Трамп ја потврди црната листа за Западен Балкан

Објавено пред

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го продолжи траењето на црната листа за Западен Балкан, на која се наоѓа и членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик.

Во образложението на американската амбасада во БиХ издадено во 2017 година се наведува дека Додик се спротивставил на Уставниот суд на БиХ и го прекршил законот и претставува значителна закана за попречување на Дејтонскиот договор.

На црната листа, меѓу другите, се наоѓаат и осудениците за воени злосторства пред Меѓународниот суд за поранешна Југославија во Хаг, Радован Караџиќ и Момчило Крајишник, Билјана Плавшиќ, претседателот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ, ќерката на хашкиот осуденик Караџик, Соња Караџиќ, како и Бакир Алиспахиќ и Хасан Ченгиќ – членови на Партијата за демократска акција на БиХ.

Трамп ја продолжил и таканаречената национална вонредна состојба во однос на државите од Западен Балкан, а таа одлука е донесена во времето на Џорџ Буш во 2001 година. Како што е наведено во одлуката што ја потпишал Трамп, траењето на националната вонредна состојба е продолжена за една година.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Шаленберг: 2021 година не смее да биде изгубена година за Балканот и за ЕУ

Објавено пред

Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат за Русија и Западен Балкан на состанокот в понеделник во Брисел. По барање на Австрија и осум други членки на ЕУ, Западен Балкан ќе биде на дневен ред на состанокот на Советот на министрите за надворешни работи.

Во однос на пристапот на тој регион кон ЕУ, 2020 година е изгубена година за целиот Западен Балкан, изјави шефот на австриската дипломатија, Александар Шаленберг.

Тој во изјавата посочи дека 2021 година не смее да биде уште една изгубена година бидејќи штетата ќе биде поголема.

Ако ЕУ му сврти грб на Западен Балкан, некој друг ќе го пополни вакуумот, предупреди Шаленберг.

Кога станува збор за Русија, ќе се разгледаат состојбите во односите меѓу Унијата и Москва, како и натамошните активности на Брисел, рече тој.

Според најавите, ќе се дискутира и за односите меѓу САД и ЕУ, па се планира обраќање на американскиот претставник за борба против климатските промени, Џон Кери, преку видеоконференција.

Во вторник министрите за европски прашања ќе разговараат за прашањето на таканаречените дигитални сертификати за коронавирусот.

Во рамките на ЕУ постои неединство за прашањето за враќање на слободата на патување, без карантин.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ: Хрватска сака да ја понижи Србија

Објавено пред

Србија сака да има добри и коректни односи со сите во своето опкружување, а постапките и изјавите од Хрватска не се израз на почит кон Србија, туку обид за понижување, рече српскиот претседател, Александар Вучиќ.

Реагирајќи на изјавите на хрватскиот министер за надворешни работи дека Хрватска ќе го зголеми бројот на своите припадници во КФОР затоа што тоа е значајно за официјален Загреб заради зачувување на мирот во регионот, Вучиќ рече дека Хрватска можела да го одбие КФОР и дека таквата одлука е донесена со цел понатамошно понижување на Србија.

Претходно денес, хрватското Министерство за надворешни и европски работи ги нарече остри изјавите на Белград за зголемениот ангажман на хрватските војници на Косово, кои беа оценети како хистерични шпекулации, објавуваат медиумите во регионот.

Во денешното соопштение од Министерството за надворешни работи на Хрватска се истакнува дека министерот Гордан Грлиќ Радман го посети 34. хрватски контингент во мисијата КФОР како дел од официјалната посета на Косово отфрлајќи ги изјавите на Вулин како „хистерични шпекулации на Србија“, кои се „насочени против Хрватска“ и алудираат на разни воени и слични активности, што Министерството ги смета за крајно смешни и апсурдни.

„Можеа да го одбијат КФОР, но намерно донесоа таква одлука со цел дополнително да ја понижат Србија. Ја примивме пораката и ја разбравме“, рече српскиот претседател, Александар Вучиќ, пред новинарите.

Тој им порача на Србите во Косово „да не се грижат“ и најави дека за неколку дена ќе разговара со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во Брисел истакнувајќи ја посветеноста на Србија за избегнување конфликти и зачувување на мирот. Вучиќ рече дека им кажувал на сите оние што мислат дека ќе има нови бури и нови протерувања дека тоа нема да се случи.

Прикажи повеќе...

Регион

Потврден притворот за Хашим Тачи

Објавено пред

Советот на Апелациониот суд во Хаг го потврди притворот за поранешниот главен командант на ОВК, како и за другите началници на таа паравоена единица.

На 30 април советот донесе четири решенија со кои се одбиени жалбите на одбраната на Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи против одлуките на судијата на претходна постапка, со кои се одбиени четирите барања за привремено ослободување.

Во февруари Тачи и останатите тројца побараа од судијата на претходна постапка да им го укине притворот и да ги ослободи привремено, што судијата го одби и тие поднесоа жалби.

Сите четворица беа уапсени на 5 ноември минатата година. Тачи претходно поднесе оставка од претседателската функција и се предаде на Хашкиот трибунал.

Сите четворица поранешни началници на ОВК се обвинети за голем број воени злосторства и злосторства против човештвото и се товарат за злосторства на 40 места каде што луѓето биле неосновано лишени од слобода, мачени и убиени. Сите се соочуваат со доживотен затвор.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Пендаровски негира дека службената белешка за Камчев излегла од неговиот кабинет

Шефот на државата, Стево Пендаровски, е загрижен што службената белешка со назнака „строго доверливо“ од Агенцијата за национална безбедност, по...

Македонија3 часа

Пендаровски: Казните за осудените за 27 април се заслужени и за тоа нема компромис

Претседателот Стево Пендаровски, по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека не заговара преотворање на процесот и ново...

Македонија4 часа

Мицкоски: Не бараме амнестија, туку правда за осудените за нападот во Собранието

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, тврди дека заедно со шефот на државата, Стево Пендаровски, постигнале договор дека осудените за настаните...

Македонија5 часа

Во Македонија 234 нови случаи на коронавирус, починаа 25 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 234 нови случаи на коронавирус, починаа 25 лица, а оздравеа 768 пациенти,...

Македонија5 часа

Министерството за здравство ќе ги објави цените на кинеските вакцини

Министерството за здравство ќе ги објави цените на кинеските вакцини и деловите од договорите за набавката за кои ќе добие...

Македонија6 часа

Филипче: Ефикасноста на вакцината на „Синовак“ е поголема од 50 проценти

Ефикасноста на кинеската вакцина „Синовак“ е многу поголема од педесет отсто, уверува министерот за здравство Венко Филипче. Во текот на...

Македонија6 часа

Во периодот што следи приоритет за вакцинирање ќе имаат хронично болните

Во периодот што следи приоритет ќе се даде на вакцинирање на возрасните гупи и хронично болните, а сосема мал дел...

Македонија8 часа

Филипче се вакцинираше: Вакцините се безбедни и сигурни

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја прими вакцината за заштита од Ковид-19 од кинеската „Синофарм“. Иако пред да стигнат...

Македонија11 час

Вчера се вакцинирале 12.606 граѓани

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Исто така се наведува дека интересот...

Свет11 час

Пентагон: САД не планираат да ја соборат кинеската ракета која неконтролирано кружи околу Земјата

САД се надеваат дека кинеската ракета, која неконтролирано кружи околу Земјата, ќе падне на безбедно место и засега не планираат...

Регион11 час

(Видео) Хаос во косовското Собрание: Пратеници се туркаа, опозицијата побара оставка од министерката

Во Собранието на Косово имаше тензии меѓу пратениците на Демократската партија на Косово и Самоопределување, при што дојде до турканици...

Македонија11 час

Вархеји: Албанија би можела да ги почне разговорите за членство во ЕУ без Северна Македонија

Доколку продолжи бугарската блокада на Македонија, Брисел би можел да ги раздвои разговорите со Скопје и Тирана за членство во...

Регион11 час

Хрватска ќе им донира вакцини од „Астразенека“ на земјите од регионот

Хрватска ќе донира 50.000 дози вакцини за земјите во регионот, и тоа 30.000 за Босна и Херцеговина и по десет...

Свет12 часа

Повторно пукање во училиште во САД: Ученичка пукаше во наставничката и соучениците

Повторно пукање во училиште во САД. Ученичка од шесто одделение извадила пиштол од ранецот и пукала во соучениците и наставничката....

Македонија1 ден

Во Македонија 324 нови случаи на коронавирус, починаа 26 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 324 нови случаи на коронавирус, а пријавени се 1.178 оздравени и 26...

Македонија1 ден

Антикорупциска утврдила дека парите платени на приватна фирма за кинески вакцини се вратени

Документот кој го објави ВМРО-ДПМНЕ за исплата на пари од Министерството за здравство, со цел набавка на кинески вакцини, го...

Македонија1 ден

Заев: Само со нови докази повторно отворање на случајот за крвавиот упад во Собранието

Отворање на случајот одново само доколку има нови докази и моменти. Ова е ставот на премиерот Зоран Заев за барањето...

Европа1 ден

Фон дер Лајен: Сите земји да дозволат извоз на вакцини

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека ЕУ е подготвена да го разгледа секој предлог што...

Македонија1 ден

(Видео) Премиерот Заев се вакцинираше со кинеската вакцина на „Синофарм“

Премиерот Зоран Заев се вакцинираше против коронавирус денеска на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“. Тој се вакцинираше со првата...

Македонија1 ден

Вчера се вакцинирале 9.123 граѓани

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата и дека интересот за вакцинација секојдневно...

Досие