Регион
Туристите и граѓаните на Грција добија итни СМС-предупредувања: се приближува силно невреме, град и грмежи
Граѓаните и туристите во Солун, Лариса и други области на северна Грција добија предупредување во форма на итна СМС-порака поради невремето, кое се очекува во текот на денот.
Во пораката се наведува дека од раните утрински часови до пладне се очекува лошо време, како град и грмотевици, пренесува „Катимерини“.
„Избегнувајте преминување порои и потоци, пеш или со возило, при невреме и врнежи, работа и активности на отворено. Треба да избегнувате да поминувате под големи дрвја и поставени знаци. Не држете ги вклучените електричните уреди или телефони бидејќи молњата може да помине низ жиците. Избегнувајте допирање водоводни цевки (кујна, бања) бидејќи тие се спроводници на струја“, се наведува во предупредувањето.
Исто така, се додава дека ако некој е на отворено за време на невреме, советот е да се држи подалеку од метални предмети, како што се автомобили, велосипеди или опрема за кампување и дека ако некој е во морето, веднаш да излезе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
„Тоа не придонесува за дијалогот“: Унгарија нема да го поддржи членството на Косово во Советот на Европа
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Унгарија, Петер Сијарто, изјави дека Будимпешта нема да го поддржи членството на Косово во Советот на Европа.
Сијарто, одговарајќи на прашањето на српската новинска агенција „Танјуг“, изјави дека ставот на Унгарија во однос на членството на Косово и претходно беше јасен, а Унгарија се заложува за мир, стабилност и безбедност во регионот на Западен Балкан.
„Навиваме за успех на дијалогот меѓу Белград и Приштина, но сметаме дека фактот што Косово аплицира за членство во меѓународните организации не придонесува за тој дијалог. Унгарија нема да го поддржи приемот на Косово во Советот на Европа“, изјави Сијарто.
Сијарто денеска во Будимпешта се сретна со министерката за економија на Србија, Адријана Месаровиќ, со која разговараше за унапредување на економската соработка меѓу Србија и Унгарија.
Утврдено е дека односите меѓу двете земји се најдобри досега.
Регион
(Видео) Вучиќ преку инстаграм бара Трифуновиќ да биде ослободен
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на Инстаграм побара итно вклучување на државните органи на Република Србија за ослободување на актерот Сергеј Трифуновиќ. Тој се осврна и на случајот со Северина, која Србите ја задржаа на граница.
„Пред неколку дена видовме општа хајка против државата Србија, организирана и надворешно и внатрешно, само затоа што естрадна уметница од Хрватска беше задржана десетици минути на граничниот премин. Таа не беше приведена, уапсена или малтретирана. Истите луѓе внатре и надвор молчеа кога адвокатот Бериќ беше уапсен во Хрватска, тој беше во притвор 15 дена поради објавена песна на неговиот Фејсбук профил“, рече Вучиќ.
„Вчера беше приведен и уапсен и одведен од граничниот премин Сергеј Трифуновиќ, човек кој е мој политички противник, основачот на Движењето на слободни граѓани. Но, тој е и државјанин на Србија, државјанин на нашата земја, тој беше уапсен, а никој не разбра за што. Најпрво барам од властите во Србија да се обидат да се борат за правдата и слободата на Сергеј Трифуновиќ преку сите дипломатски канали и апелирам до хрватските власти да разберат дека притворањето на Србите не води кон развој на подобри односи и не сакам да ги изговарам грубите зборови и квалификации што тие ги искажаа за Србија“, продолжи тој.
„Молам и барам да постапат рационално и да го ослободат Сергеј Трифуновиќ“, заклучи тој.
Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ е уапсен во вторник околу полноќ на граничниот премин Бајаково додека преминувал од Србија кон Хрватска. Потоа бил спроведен во Општинскиот суд за прекршоци во Сплит. Трифуновиќ пред судот изјави дека не се чувствува виновен за она за што е обвинет. Судењето на српскиот актер продолжува денеска во 12:30 часот, пренесуваат хрватските медиуми.
Регион
Гори рафинерија кај Атина: хеликоптери и 11 противпожарни возила на терен, наредена итна евакуација
Пожар избувна во втората по големина нафтена рафинерија во Грција, а работниците беа евакуирани бидејќи црн чад се прошири на небото, соопштија властите и компанијата „Мотор Оил“.
Локалните медиуми објавија снимка од големиот пламен во рафинеријата, која се наоѓа на околу 70 километри западно од Атина.
„Денеска, 17 септември, од засега непознати причини избувна пожар од големи размери во делот на единиците за рафинирање на јужната рафинерија на Мотор Оил во Аги Теодори. Ситуацијата е под контрола. Од пожарот полесно се повредени тројца вработени од фирма-изведувач, кои се пренесени во болницата Коринт и им е укажана неопходната нега. Од почетокот на инцидентот сме во континуирана соработка со надлежните служби. Им благодариме на Противпожарната служба и нејзините луѓе за соработката од првиот момент“, соопшти „Мотор Оил“.
Противпожарните екипи на лице место испратија три хеликоптери и 11 противпожарни возила, соопштија од противпожарната единица.
Се повикува населението да ја напушти областа.
Локалните власти го затворија автопатот во близина на рафинеријата, а железничката компанија соопшти дека возовите се запрени.