Контакт

Регион

Турција ги евакуира мигрантите од границата со Грција

Објавено пред

Турските власти денеска евакуираа стотина мигранти кои чекаа на границата кон Грција во надеж дека ќе стигнат до Европа во време на епидемијата на коронавирусот, пренесе турската новинска агенција „Анадолија“.

Мигрантите што чекаа на граничниот премин во провинцијата Едирне со автобуси беа пренесени до државни пансиони, каде што ќе бидат сместени во карантин, пренесе „Ројтерс“.

По истекот на карантинот, тие ќе бидат пренесени во други региони на Турција. Нема информации за тоа колку луѓе се пренесени од граничниот премин, но се проценува дека 2.000 лица престојувале во импровизирани кампови во близина на границата.

Во Турција досега има 75 починати од коронавирус и 3.629 се заразени. Засега не се знае дали некој од мигрантите, кои се наоѓаат на границата со Грција, е заразен со коронавирус.

Грција го поздрави развојот на настаните како важна работа за Грција и Европа пофалувајќи ја способноста на властите да ги сочуваат копнените и морските граници.

Грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, за време на телекомуникациите со министрите за ситуацијата на границата рекол дека грчките власти утврдиле дека импровизираниот камп е демонтиран и дека тие што биле на границата Еврос се преместени.

Регион

На малчанскиот бербер му се заканува казна затвор од 10 години до доживотен затвор

Објавено пред

Судскиот процес против Нинослав Јовановиќ (47) од Малча, попознат како малчанскиот бербер, осомничен дека ја киднапирал и 10 дена ја злоупотребувал малолетната М.К.(12) од Суви До ќе започне утре пред Високиот суд во Ниш.

Вишото јавно обвинителство во Ниш поднесе обвинение против Јовановиќ на крајот на март, но поради заштитата на интересите на малолетната оштетена странка во овој случај, не беше објавена правна квалификација на кривичното дело за кое се товари. Истрагата против Јовановиќ беше спроведена заради кривични дела киднапирање и силување на дете.

Овие кривични дела се казнуваат со затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.

Прикажи повеќе...

Регион

Повторното тестирање покажа дека жената од Хрватска, која оздраве од коронавирусот, не е позитивна

Објавено пред

Пациентката, која беше тестирана на коронавирус и чиј тест беше позитивен, при повторното тестирање доби негативен резултат, јавија од задарскиот стожер и доставија извештај од раководителот на службата за епидемиологија на Заводот за јавно здравје на округот Задар, д-р Алан Медиќ.

„Една 71-годишна пациентка разви симптоми на Ковид-19 и првиот резултат на тестот беше позитивен на 4 април 2020 година. Беа извршени контролни тестови на 24 и 26 април 2020 година и резултатите од тестот беа негативни.

На 27.5.2002 година пациентката се пријавил во Општата болница „Задар“ за супфебрилитет. Бидејќи секој пациент со фебрилна состојба се тестира на Ковид-19 во Општата болница, пациентката била тестирана и резултатот од тестот бил позитивен.

Денес, 28.5.2002 година, тестот се повторува и резултатот е негативен. Друг примерок на пациентката е испратен до Хрватскиот институт за јавно здравје на Одделот за директна виролошка дијагностика за понатамошно следење на епидемиолошки и дијагностички мерки и активности. Пациентката е во добра здравствена состојба. Беа преземени сите антиепидемиски мерки за блиските контакти на пациентката, кои како претпазливост беа ставени под медицински надзор.

Прикажи повеќе...

Регион

Хрватска ги отвори границите, но Јадран сè уште е празен

Објавено пред

По отворањето на границите, во Хрватска имало навалица, пред сè, кога станува збор за Словенците, но хрватските морски дестинации и натаму се речиси празни.

Во моментот престојуваат речиси 20.000 туристи во Хрватска, од кои 17.000 се на Јадранот, а околу 3.000 на континентот. Ровињ, една од најпопуларните хрватски летни дестинации, е празен.

„Тоа е како да сме во февруари, само е потопло. Необично е, но мислам дека ќе биде поинаква сликата за неколку месеци“, изјави Роман од Словенија за „Нова ТВ“.

Бројките не се ни приближно како лани кога во Ровињ имаше околу 10.000 гости, но Туристичкиот одбор вели дека ситуацијата, конечно, се подобрува.

Засега домашните туристи ја спасуваат сезоната. За нив, цените се само малку поевтини, а за странскиот пазар цената е полна.

„Домашните гости, веројатно, ќе пристигнуваат, а странците ги очекуваме од август. Ние нудиме некои попусти за домашните гости, но за странците има нормални цени како и секогаш“, изјави газдарицата Јелена Ивковиќ за „Нова ТВ“.

За летување во Хрватска најмногу се заинтересирани Германците, кои на „Гугл“ ги пребаруваат хрватските дестинации за одмор многу повеќе отколку за Шпанија, Италија или Грција.

Претседателот на Здружението на туристичките агенции, Томислав Фаин, предупредува дека ќе потрае тешкиот период.

„Мора да бидеме реални и свесни дека нè чека тежок период кој ќе трае, па дури и во 2021 година нема да биде како што беше во 2019 година. Мора да бидеме подготвени за тоа, мора да се подготвиме“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија30 минути

При влез во ресторан ќе се покажува лична карта, а следните 10 дена се период за едукација на угостителите

Инспекторатите нема да ги казнуваат гостите во угостителските објекти, туку фирмите доколку не се почитуваат протоколите за работа, најави директорот...

Македонија52 минути

Потврдени 38 нови случаи на Ковид-19, од кои над 20 се од Скопје, починаа уште 3 лица

Денеска, потврдени се 38 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани е 2.077 лица, oздравени се 16...

Македонија1 час

Чулев: На литијата во Струга имаше затајување на функцијата на полицијата, истрагата е во тек

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, вели дека ѝ натаму се работи на идентификација на лицата што учествувале на...

Македонија1 час

Регистриран првиот случај на починат здравствен работник од Ковид-19

Во земјата е регистрирана првата смрт на здравстветен работник како последица од коронавирусот. Станува забор за дипломираниот фармацевт Петар Мојсоски,...

Македонија3 часа

Игротеките бараат финансиска поддршка и датум за почеток со работа

Групацијата на забавни и рекреативни дејности во рамките на Услужната комора при Сојузот на стопанските комори на Македонија достави четири...

Македонија3 часа

Независниот синдикат на полицијата: Наградата за полицајците да се исплати во платата во јуни

Независниот синдикат на полицијата побара техничкиот премиер и министерот за внатрешни работи итно да се договорат за наградата за полицајците...

Македонија5 часа

Кафулињата и рестораните почнуваат со работа, сѐ уште е забрането организирање свадби и родендени

Со одлука на Владата, од денеска почнуваат со работа кафетериите и угостителските објекти со посетители во отворените делови на овие...

Македонија5 часа

Филипче: Само заеднички може да ја надминеме оваа состојба од која ќе излеземе посилни и помудри

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека почнува да се враќа животот во нормала и почнуваат да се отвораат бизнисите,...

Економија5 часа

Парична помош за оние што останале без работа во периодот од 11 март до 30 април

Работниците што поради корона-кризата останале без работа, независно од времето поминато во работен однос, ќе може бргу да дојдат до...

Регион5 часа

Кипар ќе им ги плати трошоците за одмор на сите туристи што ќе заболат од Ковид-19

Кипарските власти порачаа дека ќе ги покријат трошоците за одмор во земјата за секој што ќе биде позитивен на коронавирусот...

Македонија20 часа

Продолжува да важи платеното породилно отсуство до завршувањето на времените мерки

Владата донесе Уредба за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба, во која е предвидено отсуството...

Европа20 часа

Меркел: Уште сме на почетокот со пандемијата

Германската канцеларка Ангела Меркел ги оцени како позитивни досегашните постигнувања во борбата против коронавирусот, но како што рече, општеството е сè...

Европа23 часа

Европската комисија предлага 1.850 милијарди евра за заздравување на економиите

Европската комисија предложи инструмент за заздравување на економиите од корона-кризата, вреден 750 милијарди евра, и повеќегодишна финансиска рамка (ВФО) од...

Регион24 часа

Во Хрватска трет ден нема нови случаи, се укинува забраната за свадби

Трет ден по ред во Хрватска не е потврден ниту еден нов случај на коронавирус. Со ова вкупниот број на...

Македонија1 ден

Разрешен поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи

Ријасетот на Исламската верска заедница на денешната седница донел одлука да се разреши Сулејман ефенди Реџепи од позицијата реис-ул-улема, претседател...

Македонија1 ден

Тројца починати и 25 новозаболени од коронавирус

Тројца починати и 25 новозаболени се регистрирани денеска во државата. Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје...

Македонија1 ден

Бектеши: Угостителите ќе работат до 20 часот, на една маса само по четири лица

На една маса во угостителски објект може да седат до четири лица, а угостителите ќе работат до 20 часот, соопшти...

Македонија1 ден

Чулев: Владата да ја усвои уредбата со која е предвидена награда за полицајците

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, ја повика Владата да ја усвои уредбата со која е предвидена награда за полицајците....

Македонија1 ден

Чулев: Пријавите за семејно насилство за април-мај зголемени 44,6 отсто за разлика од лани

Министерството за внатрешни работи регистрира зголемен број поплаки од граѓани за извршено семејно насилство. Техничкиот министер, Наќе Чулев, рече дека...

Македонија1 ден

Активистката Моника Ристеска објави дека татко ѝ сакал да ја убие, полицијата го уапси

Активистката Моника Ристеска, која минатата година беше уапсена бидејќи јавно пушеше марихуана, објави на социјалните мрежи дека вчера била натепана...

Досие