Контакт

Регион

Уапсени пет лица за детска порнографија во Република Српска

Објавено пред

Полицијата на Република Српска уапси пет лица осомничени за детска порнографија.

Министерството за внатрешни работи на Република Српска објави дека како дел од оперативната акција со кодно име „Систем 2021“ биле уапсени лица за кои постои сомневање дека сториле кривично дело експлоатација на деца за порнографија во претходниот период.

Во акцијата се уапсени лицата со иницијали П. П. М. од Бјелина, П. М. од Бања Лука, Д. Б. од Босанска Дубица, М. Б. од Градишка и Д. С. од Модриша.

По наредба на надлежните судови, полицијата извршила претрес на седум локации на територијата на Република Српска, кои ги користеле осомничените, и пронашла компјутери, таблети, мобилни телефони, УСБ-иња, мемориски картички, СИМ-картички, камери и други уреди што би можеле да бидат поврзани со детска порнографија.

Осомничените посетувале веб-страници, кои содржеле материјали со фотографии од детска порнографија, ги преземале фотографиите и видеата од тие страници по што во неколку наврати ги споделувале тие содржини користејќи ги социјалните мрежи и апликации.

Постојат и сомневања дека тие имале создадено простор за складирање дигитални податоци, кој бил под нивна контрола, и на тие места ја чувале содржината со детска порнографија.

Регион

Вучиќ во Брисел: На ваков состанок не сум присуствувал, Курти дојде за да не се согласи за ништо

Објавено пред

По разговорите со косовскиот премиер Албин Курти во Брисел, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека е договорено да се продолжи дијалогот на највисоко ниво до крајот на јули и дека косовската делегација не сака да ги исполни потпишаните договори.

Како што рече Вучиќ на прес-конференцијата, должината на разговорот зборува за резултатите. Договорот за продолжување на дијалогот, рече тој, е важна работа што може да гарантира зачувување на мирот.

„Три важни вести – албанската делегација не сака да ги исполни договорите, тие не сакаат да зборуваат за Заедницата на српски општини, тие побараа итно и веднаш кога ќе го признаеме независно Косово и го нарекоа инцидент и провокации фактот што Србите сакаат да присуствуваат на литургии во нивните цркви. Бев нежен, не сакав да укажам на други работи, целосно отсуство на реалност “, рече Вучиќ.

Вучиќ додаде дека се разговарало за исчезнатите лица.

„Зборував за принципите и колку е важно да се открие местото каде што е погребан секој Албанец и секој Србин, понудив и тоа го одобрија и Борел и Лајчак, за да ни кажат дека ако се сомневаат во локацијата на гробницата , ние веднаш ќе отвориме и ќе и покажеме на јавноста, побарав на девет локации да ми дозволат да копаат, а потоа тие ми одговорија не, затоа што Комисијата за исчезнати лица е предводена од Вељко Одаловиќ. Она што ви го кажав е во поблага форма, не видов рационален пристап“, рече тој.

Претседателот на Србија додава дека ќе мора да разговара со Србите од Косово затоа што е многу исплашен.

„Видов со колку неодговорност ќе треба да се соочиме во иднина, исплашен сум затоа што некој е многу неодговорен. Ние сме подготвени да го прифатиме секој датум и ден и нема ништо поважно од обезбедувањето безбедност за нашиот народ во Косово. Дали наскоро гледам посериозен напредок, на ваков состанок не сум присуствувал“, вели Вучиќ.

Како што рече, Курти дошол „за да не се договори“.

„Тој дојде да праша кога ќе го признаете Косово. Мојот одговор е – никогаш“, рече претседателот на Србија посочувајќи дека тоа многу го вознемирило Курти.

Прикажи повеќе...

Регион

Словенија утре прогласува крај на епидемијата, но некои мерки ќе останат

Објавено пред

Во Словенија во последните 24 часа регистрирани се 24 инфекции со коронавирус, а сите други индикатори се многу поволни, така што владата нема да ја продолжи состојбата на епидемија, која завршува на 15 јуни.

Од 1.023 ПЦР-теста, потврдени се 24 заразени или 2,3 процента. Седумдневниот просек на инфекции во еден ден падна на 147, а двонеделната инциденца на 100.000 жители падна на 130.

Починале двајца пациенти со Ковид-19, соопшти словенечкото Министерство за здравство.

Од почетокот на епидемијата починале 4.406 лица заразени од коронавирус, во болниците се 134 пациенти, а 26,1 проценти од населението се целосно имунизирани со вакцини, објави Националниот институт за јавно здравје (НИЈЗ).

Владата најави дека по 15 јуни нема да ја продолжува состојбата на епидемија прогласена во вториот бран на 18 октомври, но некои епидемиолошки мерки ќе останат во сила.

Во преодната фаза, додека Словенија не влезе во т.н. зелена фаза според критериумите на Европскиот центар за контрола на болестите (EЦДЦ), што се очекува кон крајот на јуни или почетокот на јули, носењето маска и натаму ќе биде задолжително во затворен простор.

Ограничувањата, како што е бројот на присутни во затворено, остануваат во сила, а услови за присуство на концерти и други настани сè уште ќе бидат негативен тест на коронавирус, прележан Ковид-19 или целосна вакцинација.

Владата го повтори својот апел до оние што сè уште не одлучиле да се вакцинираат да го сторат тоа што е можно побргу бидејќи сега има доволно вакцини, а оваа недела ќе биде организирана и масовна вакцинација.

Прикажи повеќе...

Регион

Милановиќ по барањето за промена на декларацијата на НАТО: Сè беше решено за половина минута

Објавено пред

По заканата од хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, конечната декларација на самитот на НАТО во Брисел беше променета.

Милановиќ вчера се закани затоа што во документот не беа споменати Дејтонскиот договор и конститутивноста на трите народи на БиХ.

„Некои земји не сакаат во завршната декларација на самитот на НАТО во Брисел да се споменат Дејтонскиот договор и конститутивноста на трите нации, но Хрватска нема да се согласи на такво нешто“, изјави вчера претседателот Зоран Милановиќ заканувајќи се дека Хрватска ќе ја блокира декларацијата ако во неа не се спомене Дејтонскиот договор.

Заканата на Милановиќ вроди со плод, па НАТО го смени документот.

Денеска за ова се огласи и хрватскиот претседател.

„Генералниот секретар ми се јави вчера околу 15 часот и сè беше решено за половина минута. Тоа е мала работа за овој самит, но за нас е како ‘биг фут’“, изјави Милановиќ од Брисел.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија33 минути

Актерката Силвија Стојановска доби 3 и пол години затвор поради учество во шверц на кокаин

Затворска казна од 3,6 години доби актерката Силвија Стојановска за транспортот на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија. Нејзиниот...

Македонија2 часа

Филипче ја прими грчката донација од 20.000 дози вакцини од „Астра зенека“

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека денеска пристигнала донацијата од 20.000 дози вакцини на „Астра зенека“...

Свет2 часа

„Политико“: Има пет работи поради кои Бајден ја сака Европа, една од нив е Балканот

Малкумина американски претседатели стапиле на таа функција со толку многу поминати километри во меѓународни патувања како што е Бајден, пишува...

Македонија2 часа

Вчера се аплицирани 4.840 вакцини, прва доза примиле 3.222 граѓани

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 259.935 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.222 граѓани,...

Македонија2 часа

Кацарска: Ниту еден политичар не може да ми влијае за некој предмет

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, тврди дека врз неа не може да влијае ниту еден политичар ниту, пак, да...

Свет4 часа

Израел ги укина маските во затворено

Министерството за здравство на Израел објави дека од денеска веќе не важи обврската за носење заштитни маски во затворен простор....

Македонија4 часа

Владата ќе одлучува за укинување на полицискиот час

На седница што ќе почне денеска во 13 часот, според соопштение од владините служби, на дневен ред пред министрите за...

Свет5 часа

СЗО: Опаѓа бројот на новозаразени од коронавирус во последните седум недели

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, рече дека има пад на новозаразени од коронавирус во последните...

Свет5 часа

Бајден вети дека ќе му ја каже црвената линија на Путин

Американскиот претседател, Џозеф Бајден, вчера во Брисел вети дека ќе му каже на својот руски колега Владимир Путин каде е...

Свет5 часа

Кина возврати на обвинувањата на НАТО: Кажувате невистини, ние сме мирољубиви

Кинеската мисија во Европската Унија денеска ја осуди процената на НАТО од вчерашниот самит дека Кина претставува „системски предизвик“. Водачите...

Македонија19 часа

Заев од НАТО Самитот 2021: Трансатлантското семејство е силно како никогаш порано

Премиерот Зоран Заев, заедно со лидерите на земјите членки на НАТО, учествуваше во централниот работен дел на годинешниот Самит на...

Свет21 час

Бајден: Напад врз една членка на НАТО е напад врз секого

Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Брисел рече дека колективната одбрана на НАТО, принципот дека нападот врз една членка се...

Свет23 часа

Земјите од НАТО заеднички ќе се бранат и од напади во вселената

Проширувањето на членот 5 од договорот за основање на НАТО, кој денеска ќе биде продолжен, им овозможува на членките на...

Македонија23 часа

Четири нови случаи на Ковид-19, починал 66-годишен скопјанец

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.337 тестирања, а регистрирани се четири нови случаи на...

Европа24 часа

Во Германија најнизок број на новозаразени во последните 9 месеци

Во Германија е регистриран најмал број на новозаразени од коронавирус на дневно ниво во последните девет месеци, па официјалните лица...

Економија1 ден

Од полноќ се зголемуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,15%...

Македонија1 ден

Груби и Мерко за рушењето на платформите во Струга: Зелената агенда е веќе во акција

Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, заедно со министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, и...

Регион1 ден

Хрватска ги промовира ковид-автобусите

Министерот за здравство на Хрватска, Вили Берош, и директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Цапак, промовираа вакцинација со...

Македонија1 ден

Бројот на ковид-пациенти во македонските болници падна под 100

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во...

Македонија1 ден

Кризниот штаб предлага да се укине полицискиот час, на свадба да може да има повеќе од 100 гости

Кризниот штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести, меѓу кои е и укинување на полицискиот час од среда,...

Досие