Контакт

Регион

Уапсен маж осомничен за убиство на американската научничка

Објавено пред

На Крит уапсен е маж осомничен за убиство на Сузан Итон (59), научник на молекуларна биологија, која работела на познатиот институт „Макс Планк“, објави Би-би-си.
Итон дошла на островот поради деловни причини, бидејќи таму се одржувала научна конференција. Исчезнала на 2 јуни додека вообичаено трчала.

Шест дена подоцна нејзиното тело е најдено во еден бункер од Втората светска војна. Во полицискиот извештај е наведено дека била задушена и силувана, што било главен мотив за нападот.

Уапсениот е локален маж на 27 години, кој веќе го признал нејзиното убиство, пренесуваат грчките медиуми. Според вестите од Крит, осомничениот е оженет маж, татко на две деца.

Нејзиното тело го нашле двајца мештани, кои го истражувале бункерот.

Регион

Захарова тврди дека видеото за шпионите е провокација

Објавено пред

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека снимката за наводниот руски разузнавач, е само последна во низата провокации.

„Сега доаѓа средба на врвот, меѓу Путин и Вучиќ, и ние сме навикнати една недела или неколку дена пред ваквите состаноци да се појават интересни приказни, некакви сензации. И, тогаш времето минува и сето тоа завршува и се утврдува дека се работело за евтина провокација“, рече Захарова и додаде:

„Со ова видео треба да се занимаваат оние на кои тоа им е наменето, а за пошироката јавност е очигледна задачата поставена од авторите на овој таканаречен филм – тоа е провокативна акција, обид да се провоцира соодветно расположение кај луѓето пред цела низа разговори, средби, посети. Вакво нешто веќе имаме видено. Во последната година можам да наведам десетина слични случаи кога или пред посети, разговори, самити или веднаш потоа, се одвиваа слични провокативни приказни, хибридни гестови, лажни вести“.

Според неа, првин мора да се потврдат информациите кога е снимено видеото, кој е прикажан на снимката и кој го монтирал. Во врска со случајот денес се огласи и Кремљ преку портпаролот Дмитриј Песков.

Кремљ е уверен дека ништо не може да ги наруши односите меѓу Русија и Србија и покрај тоа што претседателот Александар Вучиќ отвори истрага за снимката која наводно покажува како руски агент му дава пари на припадник на српските безбедносни служби.

На социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа како руски разузнавач наводно му дава пари на високопозициониран српски службеник. Видеото го објави бугарски новинар, а автентичноста на снимката и идентитетот на рускиот агент, кој работел во Амбасадата на Русија, го потврди Безбедносно-информативната агенција (БИА).

Министерот за одбрана, Александар Вулин, рече дека ситуацијата е многу сериозна, а претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за денеска закажа итна седница на Советот за национална безбедност по што се очекуваат повеќе информации.

Прикажи повеќе...

Регион

Додик: Република Српска нема намера да влезе во НАТО

Објавено пред

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, изјави дека Република Српска не сака да му се придружи на НАТО и повтори дека нејзината политика останува политика на неутралност, пренесува ТАСС.

По одлуката на Претседателството на БиХ да ја усвои Програмата реформи за НАТО, Додик во интервју посочи дека РС е под голем притисок по прашањето за членство во НАТО зашто Западот, како што вели тој, сака сите држави да бидат членки на алијансата.

„Нивната цел е јасна. Тие го обликуваат тоа така што им велат на државите дека би требало да тежнеат кон тоа да станат членки на НАТО, а ако не, тогаш тоа е проблем. РС нема намера да ја менува својата стратешка определба, а тоа е воена неутралност“, рече Додик.

Според него, РС не гледа предност во НАТО како другите земји бидејќи поминала низ бомбардирањата на алијансата.

Додик додаде и дека Русија останува последен меѓународен играч на Балканот кој се придржува и го брани меѓународното право во регионот.

„Се смета дека Русија ја фаворизира Србија. Но Русија им предлага проекти и на Хрватите и на Бошњаците, а тие ги одбиваат зашто не се осмелуваат на таква соработка поради ставот на Западот. Русија е единствениот чувар на меѓународното право на Балканот, а тоа е важно за нас зашто значи дека клучните играчи на Западот не контролираат сè. Видовме како одлуката за бомбардирање на Србија и РС беше донесена без резолуција во Советот за безбедност на ОН. Тоа е многу опасно“, вели Додик.

Прикажи повеќе...

Регион

Русија се огласи по аферата за шпионажа во Србија

Објавено пред

Односите со Србија се партнерски и од братски карактер. Ништо не може да влијае на тоа, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во врска со истрагата за снимката на која се гледа како руски разузнавач наводно му дава пари на српски агент.

Тој рече дека Русија не знае за каков инцидент станува збор и дека тоа допрва треба да биде утврдено, пренесува ТАСС.

„Тоа не е прашање со кое се занимава претседателството“, вели Песков.

На социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа како руски разузнавач, наводно, му дава пари на високопозициониран српски службеник. Видеото го објави бугарски новинар, а автентичноста на снимката и идентитетот на рускиот агент, кој работел во Амбасадата на Русија, го потврди Безбедносно-информативната агенција (БИА).

Министерот за одбрана, Александар Вулин, рече дека ситуацијата е многу сериозна, а претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за денеска закажа итна седница на Советот за национална безбедност, по која се очекуваат повеќе информации.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

(Видео) Приведена негувателката којашто тепаше дете во игротека во Скопје

Жената којашто претепа дете во игротека, а беше пријавена од сопстеникот на кафулето „Дежаву“, е приведена од страна на полицијата....

Свет8 часа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху обвинет за корупција

Израелски јавен обвинител го обвини премиерот Бенјамин Нетанјаху за мито, измама и кршење на довербата во три одделни случаи. За...

Македонија8 часа

МЖСПП: Малите и евтини сензори не даваат сигурни резултати за квалитетот на воздухот

Во врска со сè позачестената појава на набавка и мерења на квалитетот на воздухот со мали и евтини сензори, кои...

Македонија9 часа

Зоран Заев е добитник на меѓународната награда „Иса-бег Исаковиќ“ за 2019 година

Премиерот Зоран Заев е добитник на годинашната меѓународна награда „Иса-бег Исаковиќ“, која ќе му биде врачена на традиционалната церемонија во...

Македонија11 час

(Видео) Дескоска: Јанева ја носеа на маички, а ја урниса довербата на граѓаните

Министерката за правда, Рената Дескоска, во интервју, кое утре ќе биде објавено на „Макфакс“, рече дека е многу разочарана од...

Македонија11 час

Државата ќе им плати речиси 10 илјади евра на адвокатите на Груевски во „Траекторија“

Државата ќе исплати судски трошоци 589.680 денари или 9,5 илјади евра за бранителите на експремиерот Никола Груевски на кого му...

Македонија14 часа

(Видео) Мицкоски со нејасен одговор дали го поддржува договорот со Бугарија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не даде јасен одговор на новинарско прашање дали го поддржува договорот со Бугарија, по објавеното...

Македонија14 часа

Бесплатната вакцинација против сезонски грип почнува од утре

Министерот за здравство, Венко Филипче, и директорот на Здравствен дом – Скопје, Виктор Исјановски, денеска информираа дека бесплатната вакцинација против...

Македонија15 часа

Франција го ратификува протоколот за членство во НАТО

Францускиот парламент го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, објави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на „Фејсбук“....

Македонија17 часа

Борисов објави видео од средбата со Мицкоски: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека го поддржува договорот со Бугарија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов, во Загреб, му кажа дека партијата го поддржува...

Македонија17 часа

Јане испрати порака: Сакам да пораснам во човек кој ќе биде независен

Јане Велковски, 11-годишен застапник за правата на децата со попреченост, испрати силна порака до светските лидери: мене не ми пречи мојата...

Македонија18 часа

Боки 13 имал 25 прегледи во затворската болница, санитарните инспектори не нашле недостатоци

Државниот санитарен здравствен инспекторат информира дека вчера извршил вонреден инспекциски надзор во ординацијата што се наоѓа во склоп на затворот во...

Свет18 часа

Зеленски: Бродовите што ги врати Русија се во лоша состојба и без опрема

Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека на бродовите на украинската морнарица, кои Русија ги врати на неговата земја оваа недела,...

Свет18 часа

Лајен: Стоиме покрај Западен Балкан без оглед на сите процеси

Идната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, им порача на земјите од Западен Балкан, неодамна блокирани од Франција...

Македонија18 часа

ЕПП донесе резолуција со која ја повикува ЕУ побрзо да ги почне преговорите со Скопје и Тирана

Европската народна партија (ЕПП) синоќа на собир во Загреб донесе резолуција за зајакнување на европската перспектива на Југоисточна Европа. Документот,...

Македонија1 ден

Меркел: Не би било добро да нема ЕУ-перспектива за Северна Македонија и Албанија

Германската канцеларка, Ангела Меркел, во Загреб порача дека Германија е спремна за разговори за она што би можело да се...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски на самитот на ЕПП: Македонија припаѓа во ЕУ, барам од вас да ја ширите оваа порака

Македонија припаѓа во Европската Унија и затоа барам од вас да ја извршите својата улога во ширењето на оваа порака....

Македонија1 ден

Даул: Неотворањето на преговорите со Скопје и Тирана ја отвора вратата на други големи светски сили

Неотворањето на преговорите на ЕУ со Северна Македонија и Албанија е стратешка грешка со која е изгубен кредибилитетот на Унијата...

Европа2 дена

Путин: Moжеби уште некои земји размислуваат за излез од ЕУ

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека не е исклучено оти некои источноевропски земји можеби размислуваат да ја напуштат Европската...

Македонија2 дена

Судот не им додели времени пасоши на Камчев и Панделески

Кривичниот суд во Скопје информира дека судијата не ги прифатил барањата за издавање времени пасоши за осомничените во предметот „Империја”,...

Досие