Европа
Убиена Србинка во Словенија: убиецот две ноќи спиел покрај мртвото девојче

Дваесетгодишно момче Лазар Т. е осомничен дека во Словенија ја задавил својата девојка, српска државјанка Емилија М.(27).
Според словенечките медиуми, младиот човек прво ја претепал девојката, а потоа ја задавил.
Соседите изјавиле дека слушнале звуци од станот и жена која вика: „Пушти ме“. Кога сакале да повикаат полиција, велат тие, звуците престанале.
Сè се случило во четвртокот, а злосторството било откриено дури во понеделникот.
Младиот човек дури два дена спиел покрај својата мртва девојка, пишуваат тамошните медиуми.
И младиот човек и починатата девојка и се познати на полицијата. И двајцата имале забрана за приближување до нивните мајки. Тој имал пријава и за нарушување на јавниот ред и мир поради тепачка и проблеми со дрога.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Путин патува надвор од Русија, Песков: Ќе го нема само 24 часа

Рускиот претседател Владимир Путин планира утре да ги посети Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија, изјави денеска неговиот портпарол, без да ги потврди гласините за можна посета на климатската конференција COP28 во Дубаи.
Еден ден подоцна, во четврток, Путин ќе биде домаќин на иранскиот претседател Ебрахим Раиси во Москва, објави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Патувањето ќе трае само 24 часа“, изјави Песков за руската новинска агенција Интерфакс.
Работните посети на двете земји ќе бидат фокусирани на билатералните односи, но ќе се разговара и за натамошна координација на пазарот на нафта, додаде Песков. Советникот на Путин за надворешна политика Јуриј Ушаков вчера ги најави работните посети на Путин, но не го прецизираше денот, ниту пак даде дополнителни детали.
Неодамна, Организацијата на земјите извознички на нафта, чиј член е Русија, одлучи дополнително да го намали производството на нафта со цел да ги одржи високите цени. Но, и покрај таа одлука, цената на нафтата продолжува да паѓа. Запрашан за тоа, Песков објасни дека е можно потоа да се види ефектот од таквите одлуки. Координацијата на мерките за стабилизирање на пазарот секако ќе продолжи, рече тој.
Европа
Потрага во Европа: исчезна 13-годишната Емили, тинејџерката е изгубена во Германија

Од четвртокот семејството на 13-годишната Емили Хофман живее меѓу стравот и надежта.
Тој ден исчезна ученичката од Ленгенфелд унтер Штајн во Германија. Полицијата сега ја проширува потрагата по неа и надвор од националните граници.
„Претпоставуваме дека Емили е жива“, изјави полицискиот началник Кевин Клемен за „Bild# во понеделникот. Во моментов нема докази за тешко кривично дело.
Според моменталната состојба на истрагата, извесно е дека Емили во четвртокот попладне со воз се качила од железничката станица Милхаузен до Лајнфелд им Ајхсфелд пренесува „Телеграф“.
„Сведоците го видоа девојчето на железничката станица Лајнфелд, нашите кучиња трагачи можеа да ја потврдат трагата таму“, објаснува Клемен.
Полицијата верува дека Емили можеби патувала со воз или автобус.
„Каде отиде потоа сè уште не е познато. Затоа е распишана потерница во Шенген зоната“, додаде тој.
Мобилниот телефон на Емили е исклучен од четвртокот попладне.
„Сè уште имаше 71 отсто батерија“, рече Кевин.
Кога исчезнала без трага, покрај мобилниот имала само паричник со 30 евра. Ученичката во четвртокот во 17 часот требало да ја земе член на семејството на пазарот Пени во Милхаузен, но таа не се појавила.
Последен пат ја видел пријател на автобуската станица во Милхаузен во 14 часот и 30 минути.
Европа
Јохансон: ЕУ се соочува со огромен ризик од терористички напади

Европската унија во моментов се соочува со зголемен ризик од тероризам поради војната во Газа, изјави денеска еврокомесарката за внатрешни работи на Европската комисија, Илва Јохансон.
„Со војната меѓу Израел и Хамас и поларизацијата што ја предизвикува во нашето општество, со претстојната празнична сезона, постои огромен ризик од терористички напади во Европската унија“, рече комесарот пред состанокот на министрите за внатрешни работи на ЕУ во Брисел.
Јохансон се осврна на нападот со нож во Париз во саботата во кој беше убиен германски турист, а двајца други беа повредени, како и претходните напади. Комесарката најави дека „ќе стави на располагање дополнителни 30 милиони евра за заштита на, на пример, верски објекти“.
Министрите на ЕУ треба да разговараат за безбедноста во блокот во светло на војните на Блискиот Исток и Украина. На дневен ред се и дебатата за Шенген зоната и напредокот во реформите на политиката за азил и миграција.