Контакт

Регион

Убиен водач на навивачка група на „Партизан“ во Белград

Објавено пред

Српските мдиуми објавија дека синоќа во Белград е убиен Љубомир Марковиќ, еден од водачите на навивачката група Алкатраз на клубот „Партизан“ и дека очигледно станува збор за нова ликвидација во српското подземје.

„Б92“ објави дека убиството се случило на бензинска пумпа и дека Марковиќ бил застрелан со шест куршуми.

Медиумите објавија дека убиството се случило непосредно откако Марковиќ излегол од игралиште-балон каде играл фудбал.

Синоќа биле прегледани снимките од безбедносните камери од околните згради, на кои се гледа како убиецот веднаш избегал од местото со црно „бе-ем-ве“. Веднаш по убиството, биле блокирани сите излези од Белград, а полициски службеници ги прегледувале сите возила кои го напуштале градот.

Навивачи на „Партизан“ пристигнале на местото каде што бил убиен Марковиќ, кој бил познат под прекарот Кича.

Марковиќ во 2009 бил осуден на 30 години затвор за убиство на француски државјанин. Потоа казната му била намалена на 13 години и два месеца, а во 2017 година бил амнестиран, со условна казна.

Регион

Помпео следната недела во Хрватска, во фокусот Западен Балкан

Објавено пред

Шефот на хрватската дипломатија, Гордан Грлиќ Радман, потврди дека следната недела во Хрватска пристигнува американскиот државен секретар, Мајк Помпео, и дека меѓу темите на разговор ќе биде и укинувањето на визите, Западен Балкан со акцент на Босна и Херцеговина, договор за избегнување на двојно оданочување и визно ослободување.

Меѓу членките на ЕУ единствено државјаните на Хрватска, Бугарија, Романија и Кипар не можат да влезат во САД без виза.

Министерот за внатрешни работи, Давор Божиновиќ, изјавил во јуни дека Хрватска е во завршна фаза за ослободување од визите за САД.

„Во скеој случај тоа е една добра средба. Ги зајакнуваме трансатлантските врски и соработки“, рекол Грлич Радман.

Се очекува дека Помпео за време на посетата на Хрватска ќе се сретне со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и министерот за надворешни работи Радман.

Помпео неодамна ги посети Полска, Чешка и Словенија. Ги предупреди на опасност од растечко влијание на Кина и Русија, а се очекува истото да го направи и во Хрватска.

Кој став ќе го заземе Хрватска по прашањето за 5Г-технологијата од Кина и дали ќе потпише со САД заедничка изјава за безбедност на 5Г-мрежа, Грлиќ Радман не сакал да одговори, но порачал дека ќе се разговара за тоа, а за деталите и датумот (за пристигнувањето на Помпео) навремено ќе ги информира медиумите.

Прикажи повеќе...

Регион

Протест на средношколците во Атина – „Под маските имаме глас“

Објавено пред

Во центарот на Атина утрово се одржа протест на средношколци.

Нивните главни барања се спроведување на сите потребни мерки за безбедност на учениците и наставниците во училиштата, вклучително одделенијата од по 15 ученици, пренесе АНА.

Главниот слоган на демонстрантите беше „ Под маските имаме глас, образование и здравје за секој ученик“.

Тие се собраа кај Пропилеј, а потоа тргнаа кон зградата на парламентот.

Сообраќајот во центарот на Атина беше во прекин.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ ѝ се заблагодари на Русија за помошта во борбата против коронавирусот

Објавено пред

Говорејќи на дебатата на Генералното собрание на ООН, српскиот претседател Александар Вучиќ ѝ се заблагодари на Русија за помошта во борбата со пандемија на коронавирус во земјата, пренесува ТАСС.

„Морам да им искажам голема благодарност на нашите европски партнери, на нашите кинески пријатели, како и на нашите руски пријатели“, рече српскиот претседател.

Тој, исто така, изрази благодарност до Светската здравствена организација, додавајќи дека Србија им пружила помош и на другите земји. Српскиот претседател рече дека неговата земја е горда на своите посебни односи со Кина и Русија.

„Полноправното членство во ЕУ е надворешнополитички приоритет на Република Србија. Сепак, нашиот европски пат не ја исклучува посветеноста кон развој на соработката и продлабочување на односите со земјите од сите региони“, рече српскиот лидер.

„Ние ги цениме партнерските односи со западните земји, пред сè поинтензивната соработка со САД, но во исто време сме горди на исклучителни односи со Руската Федерација и со Народна Република Кина. И, како што можете да видите, не го криеме тоа, ние сме многу горди на нашите пријателства“, додаде тој.

Србија побара помош од Русија во борбата со  Ковид-19 претходно годинава. На 3-4 април во Србија пристигнаа 87 руски војници, вклучително и воени медицински лица, виролози, специјалисти за радијациска, хемиска и биолошка заштита, како и специјална медицинска опрема, заштитни средства и шеснаесет воени возила.

Помеѓу 3 април и 18 мај, руските единици спроведоа целосни санитарни мерки во социјалните установи во повеќе од 40 српски места. Дезинфицирани беа повеќе од 376 згради со вкупна површина од 1,685 милиони квадратни метри и околу 500 километри автопати и патишта. Осум медицински тимови испитуваа и лекуваа 881 пациент со коронавирус.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Врховниот суд ја потврди 4,8-годишната казна за Сеад Кочан за предметот „Труст“

Врховниот суд ја потврди 4,8-годишната казна на Сеад Кочан за случајот „Труст“, која од Апелација му ја намали од изречените...

Македонија1 час

Пред Oпштина Центар немаше насилство, рече адвокатот на Трајковски, кој за споредба пушташе снимки од шарената револуција

На денешното рочиште за предметот „Насилство во Центар“ завршни зборови даде Александар Трајковски, кој е обвинет дека е директен извршител...

Македонија2 часа

Царовска на средба со наставниците: Важно е наставата да почне и покрај сите предизвици

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, и заменик-министерот Арафат Шабани со градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, и претседателот...

Култура3 часа

Со „Хомо“ на Игор Иванов-Изи вечерва завршува филмскиот фестивал „Синдејес“

Филмот „Хомо“, во режија на Игор Иванов-Изи, вечерва ќе го затвори 19-тото издание на фестивалот за европски филм „Синедејс“, по што...

Регион4 часа

Земјотреси во Албанија и во Грција

Во Албанија утрово е регистриран земјотрес со јчина од 4,3 степени според Рихеривата скала, а земјотрес од 4,1 степен ја...

Топ4 часа

Маж загина по пад од покрив

Педесет и шестгодишен маж од село Злетово почина во болница, откако претходно паднал од покривот на куќата додека го чистел...

Македонија4 часа

Николоски: Заев нема да ме замолчи да зборувам за „Рекет“, денес ме тужеше, а не дојде на суд

Денес најмоќниот човек во државата, премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, ме тужи за клевета, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар...

Македонија4 часа

Фетаи ја ослободи Рангелова во „Насилство во Центар“

По три и пол години судења, обвинителката Фатиме Фетаи го повлече обвинението против експратеничката Даниела Рангелова, но и против Борче...

Македонија6 часа

Судењето за случајот „Меѓународен сојуз“ одложено за во октомври

Судењето за случајот познат во јавноста како „Меѓународен сојуз“ се одложува за во октомври. Како што соопшти кривичниот суд, главната...

Европа6 часа

Грците осудија двајца Руси на по 300 години затвор

Двајца Руси се осудени во Грција на по 300 години затвор за нелегален транспорт на мигранти, изјави потпретседателот на Комитетот...

Македонија7 часа

Комплетиран владиниот кабинет, избрани 16 заменик-министри

На предлог на претседателот на Владата, Зоран Заев, Собранието ги именуваше заменик-министри во Владата. Башким Хасани е избран за заменик...

Европа7 часа

Британската полиција заплени еден тон кокаин вреден 128 милиони долари

Британската полиција заплени речиси еден тон кокаин скриен во гајби со овошје од Јужна Америка и уапси двајца мажи. Вредноста...

Свет8 часа

Фаучи: Нормален живот на крајот на наредната година

Во Италија расте бројот на заразени со Ковид-19, па во последните 24 часа откриени се 1.670 нови случаи на инфекција,...

Свет17 часа

Уапсен германски лекар кој снимил силување на пациентка

Уапсен е болнички лекар од евангелистичката клиника „Бетел“ во Билефелд под сомнение дека им давал седативи на жени што доаѓале...

Македонија18 часа

(Видео) Мицкоски: Бараме да предложиме независен јавен обвинител за борба против мафијата

„Правдата во Македонија е нападната. Селективната правда денеска во Македонија е неправда. Имаме невини луѓе во затвори, луѓе што страдаат...

Свет19 часа

Нов Зеланд укина поголем дел од рестрикциите против пандемијата

Маските за лице повеќе не се задолжителни во поголем дел од Нов Зеланд бидејќи случаите на Ковид-19 продолжуваат да опаѓаат....

Свет21 час

(Видео) Евакуирана Ајфеловата кула поради закана за бомба

Ајфеловата кула во Париз е евакуирана поради телефонски повик дека е поставена бомба, а целата област околу обележјето е блокирана....

Свет21 час

Хајко Мас во карантин

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, од денеска е во карантин по утврдувањето дека еден од неговите телохранители има...

Македонија21 час

Владата даде согласност – во 169 училишта може да има настава со физичко присуство

Владата на својата 5. седница, одржана на 22 септември, го усвои и извештајот за работата на Комисијата за разгледување поднесени...

Македонија22 часа

(Видео) Пендаровски: Овој вител на кризи и закани генерира страв, потребна е солидарност меѓу државите

„Чест ми што имам можност првпат да се обратам од името на Република Северна Македонија на овој глобален форум, кој...

Досие