Контакт

Регион

Убиецот на бугарската телевизиска новинарка осуден на 30 години затвор

Објавено пред

Бугарскиот суд го осуди Северин Красимиров на 30 години затвор за силување и убиство на телевизиската новинарка Викторија Маринова.

Телото на Маринова беше пронајдено на 6 октомври минатата година на реката Дунав во градот Русе, на северот од Бугарија.

Обвинетиот 21-годишниот Красимир се појави под силни безбедносни мерки и со лисици во судницата, каде што се изјасни за виновен и побара побрзо изрекување на пресудата.

Истражувачите заклучија дека Красимиров самиот го сторил кривичното дело.

Красимиров беше уапсен во Германија, каде што избега и беше пренесен во Бугарија една недела по убиството.

Со изјаснување за виновен, Красимиров избегна доживотен затвор, објави АП.

Тој има можност да поднесе жалба против пресудата во рок од 15 дена.

Регион

Полициско куче откри рекордна количина хероин во Словенија, вредна речиси 90 милиони евра

Објавено пред

Словенечката полиција и цариниците заплениле 730 килограми хероин во пристаништето Копер, што е најголема количина хероин запленета во историјата на Словенија, објави словенечката телевизија „24 ур“.

Пратката, чија вредност на црниот пазар се проценува на 87 милиони евра, била адресирана до компанија во Будимпешта, а ја открило полициско куче, соопшти полицијата.

Дрогата била скриена во контејнер со 437 ролни полиетиленска фолија. Полицијата откри 1.421 пакувања хероин, со тежина од 730 килограми, најголема количина од оваа опасна дрога запленета во Словенија во последните 30 години.

Словенечките власти веднаш ги известиле своите унгарски колеги и тогаш било откриено дека криминална група од Унгарија го организирала транспортот на контејнер со дрога од Иран, наменета за унгарска компанија.
Анализата на дрогата откри дека станува збор за хероин со висока чистота, мешавина со 70 проценти чист хероин.

Прикажи повеќе...

Регион

Страшна сообраќајна несреќа во Словачка, најмалку 12 загинати и 20 повредени

Објавено пред

Најмалку 12 лица, од кои четири деца, загинаа денеска во судир на автобус и камион во западниот дел на Словачка.
Во несреќата, што се случила околу 13 часот во близина на градот Нјитра, 100 километри источно од Братислава, повредени се најмалку 20 луѓе, кои со хеликоптер веднаш се префрлени во болница.

Како што пренесуваат медиумите, пожарникарите соопштиле дека бројот на жртвите би можел да расте и дека камионот бил полн со камења.

Како што пренесува Канал Тв Новину.ск, во автобусот се наоѓале средношколци. Според извори од полицијата, во автобусот има заглавени луѓе.

Словачкиот премиер Петер Пелегрини поради несреќата, која ја ,карактеризира како „ужасна трагедија“ од Кипар ќе се врати во земјата порано од предвиденото.

Во време на несреќата врнел дожд и лизгавиот коловоз се истакнува како една од можните причини за судирот.
Ова е најтешка сообраќајна несреќа во Словачка во последните 10 години. Во 2009 година, во судир меѓу автобус и воз загинаа 12 лица

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ во Париз: Косово не може да стане член на УНЕСКО

Објавено пред

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, по обраќањето на 40. конференција на УНЕСКО во Париз, рече дека Косово не може да стане член на таа меѓународна организација, пренесува „Спутник“.

„Имаме добри односи со УНЕСКО и не постои никаков страв дека некој би можел да го наруши поредокот во кој само меѓународно признати земји се членки на УНЕСКО. Тоа значи дека сум уверен оти Косово не може да стане член и дека Србија во оваа многу значајна организација секогаш во иднина ќе успева да ги одбрани своите интереси“, рече Вучиќ.

УНЕСКО, според него, повторно е организација што сите ја почитуваат, што се гледа и по огромниот одѕив на земјите на оваа конференција. Тој наведе дека Србите знаат оти УНЕСКО е важена за заштита на културно-историските споменици на Косово и значајна за развојот на образованието поради своите планови, стратегии и програми.

Според Вучиќ, учестото на оваа конференција била уште една можност Србија да го заштити територијалниот интегритет и да предупреди за загрозеноста на нејзиното културно наследство на Косово, кое е под заштита на УНЕСКО.

„Тоа културно наследство и не е од важност само за српскиот идентитет, туку и за цела Европа и светот“, нагласи тој истакнувајќи дека мора да се почитува Повелбата на УНЕСКО.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

(Видео) Трамп: Се обидуваат да ме спречат

Ова е најголема измама во историјата на американската историја, порача американскиот претседател Доналд Трамп, во врска со почетокот на јавните...

Македонија4 часа

(Видео) Пендаровски: Реформите се потребни за да ја вратиме довербата на граѓаните

Функционалната правна држава е основен услов за опстанок на поредокот и неговиот одржлив развој. Реформите во сферата на владеењето на...

Регион4 часа

Страшна сообраќајна несреќа во Словачка, најмалку 12 загинати и 20 повредени

Најмалку 12 лица, од кои четири деца, загинаа денеска во судир на автобус и камион во западниот дел на Словачка....

Македонија6 часа

(Видео) Заев-Мас: Да се изнајде начин што побрзо до позитивна одлука за Северна Македонија

Претседателот на Владата, Зоран Заев и министерот за надворешни работи на СР Германија, Хајко Мас изразија жалење за одлуката на...

Македонија8 часа

„Никофон“ платил 1.800 место 5.000 денари за квадрат за гаражата кај „Аутомакедонија“, Центар бара раскинување на договорот

Заедно со граѓаните до крај ќе се бориме кај „Аутомакедонија“ да не се изгради катна гаража, туку парцелата да им...

Македонија10 часа

(Видео) Зеќир Рамчиловиќ изгласан за потпретседател на Собранието

Со 62 гласа „за“, 16 „против“ и без воздржани, пратеникот Зеќир Рамчиловиќ е изгласан за потпретседател на Собранието. За оваа...

Македонија12 часа

Во Швајцарија уапсени членови на „Пинк Пантер“, меѓу кои и еден Македонец, ограбиле златарница

Швајцарската полиција уапси двајца црногорски државјани, двајца германски државјани, едно лице од Босна и Херцеговина и едно од Северна Македонија...

Македонија12 часа

Груевски нема да одговара за „Траeкторија“ поради застареност на делото

Експремиерот во бегство, Никола Груевски, нема да одговара за кривичното дело во предметот „Траекторија“, кое се однесува на изградбата на...

Македонија13 часа

Закажано првото рочиште за „Рекет“

Првото рочиште за предметот „Рекет“, во кој се обвинети Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, и...

Македонија14 часа

Заев: „Југохром“ ќе биде затворен додека не се стават филтрите

„Југохром,“ додека не се стават филтрите, нема да функционира, истакна премиерот Зоран Заев пред вчерашната владина седница во Тетово зборувајќи...

Европа14 часа

(Видео) Венеција под вода, регистриран вториот најголем бран во историјата

Венеција е погодена од вториот најголем бран на плима во историјата, кој ја поплави историската базилика и многу од градските...

Македонија15 часа

Игор Јанушев ќе биде шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница едногласно одлучи генералниот секретар Игор Јанушев да биде шеф на Републичкиот изборен штаб...

Македонија15 часа

Заев: Побогатите граѓани да ги сменат системите за греење за да помогнат против загадувањето

Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите пред почетокот на вчерашната владина седница во Тетово даде одговор на новинарски прашања...

Македонија15 часа

Пендаровски во Париз предаде копија од книгата на Глигоров „Македонија е се што имаме“

Претседателот Стево Пендаровски за време на посетата во Париз, во библиотеката на Парискиот мировен форум дал копија од книгата „Македонија е...

Свет16 часа

Хилари Клинтон : Под голем притисок сум да го предизвикам Трамп на изборите

Поранешниот државен секретар на САД и кандидат на последните претседателски избори во САД, Хилари Клинтон, вели дека е „под голем...

Свет16 часа

Жанин Анес и официјално стана наследник на Моралес во Боливија

Уставниот суд го призна решението опозициската сенаторка Жанин Анес да ја преземе функцијата привремен претседател на Боливија. Таа синоќа во...

Македонија16 часа

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас во Скопје

Министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас во текот на денешната работна посета на Северна Македонија е планирано да...

Спорт16 часа

Лука Модириќ е „Golden Foot“

Капитенот на фудбалската репрезентација на Хрвтаска Лука Модриќ во Монте Карло доби уште едно големо признание во кариерата, наградата „Golden...

Македонија1 ден

Заев во Тетово: Владата заседава во 10 региони за одблиску да го слушне гласот на граѓаните

Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите пред одржувањето на редовната 165. седница на Владата во Тетово, истакна дека организацијата...

Регион1 ден

Рама: Приштина ја загрозува надворешната политика на Албанија

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека политичарите во Приштина, спротивставувајќи се на заедничката иницијатива за создавање на балканскиот мини шенген,...

Досие