Контакт

Регион

Убиецот на новинарката се враќа на местото на злосторството

Објавено пред

Германија во следните 10 дена ќе ѝ го испорача на Бугарија осомничениот за убиството на бугарската новинарка, Викторија Маринова, соопшти денеска германското обвинителство.

Дваесетгодишниот бугарски државјанин Северин Красимиров делумно го призна злосторството што се случи во северниот дел од Бугарија. Негова ДНК е пронајдена на местото на убиството врз основа на што беше издаден европски налог за апсење. Тој во вторникот беше уапсен во Германија, каде што побегнал.

Красимиров призна дека вербално спорел со жртвата на 6 октомври, бил под влијание на алкохол и дрога и ја удрил новинарката со тупаница по лицето. Тој рече дека потоа ја фрлил младата жена во грмушките, но не сакал да ја убие, одбивајќи ги и обвинувањата за силување.

Изјава за медиумите даде и мајката на Красимиров, која потврди дека син ѝ ѝ раскажал за убиството.

Телото на новинарката Викторија Маринова, која известуваше за можна корупција во бугарската влада, беше пронајдено во близина на Дунав. Полицијата тогаш наведе дека Маринова била претепана, силувана и задавена.

Регион

Вучиќ излезе од болница, се чувствува подобро

Објавено пред

Здравствената состојба на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, е стабилна и тој е пуштен дома, по неколкудневното лекување на Воено-медицинската академија (ВМА), јавува РТС.

Вучиќ претходно најави дека денеска ќе се врати на работните обврски. Тој во болница беше примен поради проблеми со срцето. Министерот за здравство, Златибор Лончар, вчера изјави дека српскиот претседател има хронични, помали проблеми со срцето, но дека во петокот неговата здравствена состојба се влошила кога решил да се обрати до лекарите и дека по приемот на ВМА е проценето дека претседателот на Србија е животно загрозен.

Прикажи повеќе...

Регион

Курти: Вучиќ прво би сакал да го подели Косово, а потоа и БиХ

Објавено пред

Кандидатот за премиер на Косово, Албин Курти изјави дека во овој момент не е потребно да се забрзаат разговорите меѓу Белград и Приштина.Тој во интервју за весникот „Победа“ рече дека наместо тоа, приоритет треба да биде да се разговара за тоа што е постигнато во досегашните преговори и што претстои понатака.

Курти исто така ја отфрли идејата за размена на територии, бидејќи „зад неа стои идејата на српскиот претседател Александар Вучиќ да го подели Косово, а подоцна, преку разграничувањето со Хрватите, да ја подели и Босна и Херцеговина“.
        
„Сето тоа оди во прилог на Русија“, додаде тој.
        
Курти предупреди дека не може да се локализира нов конфликт меѓу Косово и Србија, особено затоа што „Албанците делуваат како нација против Србија, а не како кревка држава Косово“.
        

Прикажи повеќе...

Регион

Српскиот министер за здравство: Животот на Вучиќ беше во опасност

Објавено пред

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, денеска во изјава за „Танјуг“ нагласи дека претседателот на државата, Александар Вучиќ, имал хронични, помали проблеми со срцето, но дека неговата здравствена состојба сериозно се влошила во петокот, кога решил да се обрати во Воената медицинска академија (ВМА) во Белград.

„Веднаш по приемот, беше проценето дека претседателот на Србија е животно загрозен“, изјави министерот Лончар.

Според него, Вучиќ добро реагирал на терапијата што му била пропишана и му било препорачано да ги намали своите редовни активности во наредниот период, со цел целосно да се опорави од влошената здравствена состојба.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија26 минути

Таткото на Боки 13 осуден на шест месеци затвор

Миле Јовановски, таткото на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, е осуден на казна затвор во траење од шест месеци,...

Македонија46 минути

Серија земјотреси ја погодија Битола

Вчера и денеска регистрирани се серија земјотреси со епицентри во пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин во Грција, соопшти Сеизмолошката опсерваторија...

Економија1 час

Финансии дава 33.000 евра за маркетинг-стратегија за „МојДДВ,#МојаНаграда“

Министерството за финансии одвои половина милион евра за награди за скенирање сметки во рамки на акцијата „Мој ДДВ“. Предвидени се...

Македонија2 часа

Завршни зборови во „Тврдина 2“, в среда втора пресуда за Горан Грујевски

Во кривичниот суд во Скопје в среда судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ треба да ја изрече по вторпат пресудата за ексначалникот на...

Свет3 часа

Ноќ на насилство во Хонг Конг: големи судири меѓу демонстрантите и полицијата

Полицијата во Хонг Конг употреби солзавец и гумени куршуми за да приведе стотици антивладини демонстранти кои се обидоа да излезат...

Свет4 часа

(Видео) Пукање во Калифорнија – застрелани десет лица додека гледале фудбал

Во масовно пукање на забава во Калифорнија се застрелани десет лица, од кои четворица починале. Пукањето се случило околу 18...

Економија5 часа

Првпат во историјата глобалниот долг надминува 250 милијарди долари

Комбинираните долгови на националните влади, претпријатија и домаќинства на глобално ниво се зголемиле за 7,5 милијарди долари во текот на...

Македонија5 часа

Приватните специјализанти на протест, бараат повисоки плати

Кофинансираните приватни специјализанти најавија протест за денеска пред Министерството за здравство за да побараат повисока плата и поради тоа што...

Екологија16 часа

Џиновска панда од Вашингтон ќе патува за Кина со приватен лет

Беи Беи, џиновската панда во Националната зоолошка градина Смитсонијан во Вашингтон неделава патува за Кина – и тоа со приватен...

Свет16 часа

Трамп: Бајден е поспан и бавен, но е подобар од бесно куче

„Џо Бајден е нешто подобар од бесно куче“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп критикувајќи го неговиот политички ривал. Трамп на...

Европа17 часа

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра.Ова го изјави градоначалникот Луиџи Бруњаро откако плоштадот Свети Марко во...

Свет18 часа

Папата организираше ручек за 1 500 бездомници

Папата Франциско организираше ручек за 1 500 бездомници и лица во неволја. Римокатоличката црква денеска го одбележува денот на сиромашните, а...

Македонија21 час

Франција е за влез на Балканот во ЕУ, но со нова постапка во седум етапи

Земјите од Западен Балкан треба да влезат во Европската унија, но преку нов, постепен процес на пристапување во седум фази,...

Свет22 часа

Русија ѝ ги враќа запленетите воени бродови на Украина

Русија започна да ги враќа украинските воени бродови запленети на 25. ноември минатата година во Керчкиот проток, соопштија руските власти....

Свет23 часа

(Видео) Бојно поле на улиците на Хонгконг, полицаец погоден со стрела

Полицаец од Хонгконг денеска бил погоден со стрела в нога, отакако полицијата употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои...

Македонија24 часа

Во републичка акција, за една вечер казнети 203 возачи под дејство на алкохол

За откривање на возачи под дејство на алкохол, полициските сектори од цела држава, спровеле акција која траела синоќа од 22...

Регион1 ден

Српскиот министер за здравство: Животот на Вучиќ беше во опасност

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, денеска во изјава за „Танјуг“ нагласи дека претседателот на државата, Александар Вучиќ, имал хронични,...

Европа1 ден

Британскиот принц Ендрју негира дека злоупотребувал малолетничка на имот на осуден педофил

Британскиот принц Ендрју првпат во интервју за Би-би-си, одговори на прашања за наводната поврзаност со осудениот педофил Џефри Епстајн, при...

Македонија1 ден

Десет лица приведени при контроли во седум скопски локали

Викендов, во периодот од 23 до 04 часот наутро од страна на скопската полиција, Управата за јавни приходи, Државниот пазарен...

Европа2 дена

Годишнина од протестите на Жолтите елеци, во Париз приведени 105 лица

Француската полиција денеска употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите кои се собраа во Париз на одбележувањето...

Досие