Регион
Укината смртната казна во Република Српска

Уставниот суд на Босна и Херцеговина денеска ја прифати жалбата на Бошњачкиот клуб во Советот на народите на Република Српска против која е укината смртната казна во Уставот на Република Српска.
Уставниот суд на БиХ одлучи дека таква норма веќе не може да постои во Уставот на помалите ентитети во БиХ.
Претседателот на судот, Златко Кнежевиќ, за РТРС изјави дека институциите на РС имаат три месеци да ја избришат таа одредба, што практично престана да постои со денешната одлука.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Петгодишно девојче се лизнало од жичара во Словенија: паднало од висина од пет метри

Несреќа се случила во словенскиот ски-центар Копе, кога петгодишно девојче од Хрватска се лизнало од жичара и паднало од висина од околу пет метри.
Таа била тешко повредена и со возило на Брза помош била пренесена во болница.
Нејзиниот живот не е во опасност, пренесува „24 часа“.
Девојчето се возело на жичара со уште две деца и едно возрасно лице кое ја придружувало. Додека се возела се лизнала под заштитната шина и паднала од висина од околу пет метри.
Полицијата прибира информации во врска со одговорноста на возрасното лице кое го ставило девојчето на жичницата, а се работи за сомнение за сторено кривично дело предизвикување општа опасност.
Девојчето било дел од група деца кои го посетиле ски-центарот Копе организиран од спортски клуб.
Регион
(Видео) Вучиќ на тренинг во парк со Вучевиќ и Мали: „Решиле да не бркаат, можеби веслата ќе ни помогнат“

Претседателот на Србија Александар Вучиќ на социјалната мрежа Инстаграм сподели видео каде тренира во паркот заедно со премиерот Милош Вучевиќ и министерот за финансии Синиша Мали.
„Милош Вучевиќ, Синиша Мали и јас дојдовме да тренираме. Пропаднавме целосно, освен Синиша. Овде во паркот, милина една, се правиме дека не ни е ладно и се правиме дека работиме некој сериозен тренинг. Ми требаа пет минути да сфатам како функционира ова, сè ме боли. Нешто како веслање, не можам да одам до крај. Решиле да не бркаат, можеби веслата ќе ни помогнат. Па, сега можам да кажам дека работевме и сме подготвени за пливање и веслање. Во веслањето е спасот, нема предавање. Па, сега да јадеме плескавица. Доста е“, рече Вучиќ.
Регион
(Видео) Тешка несреќа: воз налетал на автомобил во Србија

Во вечерните часови кај Лазаревац се случи тешка сообраќајна несреќа кога патнички автомобил, кој поминувал на железнички премин, налетал на воз.
„Според првите информации, состојбата на луѓето во автомобилот се уште не е позната“, изјавиле очевидци за агенцијата РИНА.
Оттаму наведуваат дека судирот бил силен, а припадници на сообраќајната полиција во моментов се на терен и вршат увид.
Подоцна ќе бидат утврдени сите околности на несреќата, а наскоро се очекуваат повеќе информации, пренесуваат српските медиуми.