Контакт

Регион

Унгарија усвои закон за забрана на содржини за деца во кои се спомнува ЛГБТ-заедницата

Објавено пред

Унгарските пратеници усвоија предлог-закон со кој се забранува каква било содржина за малолетници ако таа укажува или промовира хомосексуалност кај млади под 18 години.

Предлог-законот беше усвоен со 157 гласа „за“ и еден „против“.

Владејачката партија Фидеш има парламентарно мнозинство, а пратениците од екстремно десничарската партија Јобик исто така ја поддржаа регулативата.

Сите други опозициски партии ја бојкотираа седницата во знак на протест против дискриминацијата на ЛГБТ-популацијата.

Активистите на ЛГБТ-движењето во Унгарија и меѓународните организации остро го критикуваа нацрт-законот и го споредуваат со законот во Русија од 2013 година, со кој се забранува геј-пропаганда.

Критичарите исто така истакнуваат дека серии, како „Пријатели“, и филмови, како „Бриџит Џонс“, „Хари Потер“ и „Били Елиот“, кои зборуваат за хомосексуалноста, може да бидат забранети за малолетни лица.

Илјадници луѓе организирани од невладините организации излегоа на улиците во Будимпешта во понеделникот вечерта во знак на протест против, како што посочија, континуираната пропаганда на владата против ЛГБТ-заедницата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Aлбанија e на трето место во Европа по барања за азил за деца

Објавено пред

Иако пандемијата од Ковид-19 ги ограничи патувањата, поднесени се повеќе од 2.000 барања за азил за деца од Албанија во една од земјите на Европската Унија и Швајцарија, пренесуваат европските гласила.

Во најновиот извештај на Европското биро за статистика се наведува дека 12% од вкупниот број барања за азил се од Албанија. На прво место е Турција со 24 проценти, а потоа следи Русија со 23 проценти.

Пропорционално на населението во овие земји, Албанија е на прво место.

Молдавија е на четвртото место со 10 проценти, следна e Србија со 8 проценти.

Според податоците, Франција најчесто се споменува во барањата за деца од Албанија.

Како што е наведено во податоците на Евростат, во 2020 година, од Албанија се поднесени 2.125 барања за земјите на ЕУ и Швајцарија, а 83% од барањата се однесуваат на деца под 14-годишна возраст.

Во споредба со претходната година, побарувањата се намалени трипати, поради пандемијата, пишуваат агенциите.

Прикажи повеќе...

Регион

Еден месец притвор за возачот на косовскиот автобус поради опасност од бегство

Објавено пред

На возачот на автобусот кој доживеа несреќа во Хрватска му е одреден притвор од еден месец поради опасност од бегство, пренесуваат регионалните медиуми.

„Истражниот судија одреди мерка притвор, односно истражен притвор во траење од еден месец поради можноста возачот да ја напушти Хрватска. Тој ќе биде испратен во затвор. Денес тој само се изјасни, но немаше никакво сведочење“, изјави заменикот на истражниот обвинител.

„Во ниту еден момент не ми рече дека заспал“, изјави адвокатот на возачот и додаде дека не може да каже што точно му кажал неговиот клиент.

Медиумите потсетуваат дека 52-годишниот возач на косовскиот автобус со кој во неделата загинаа 10 патници се бранеше со молчење за време на испрашувањето во Обвинителството во Славонски Брод.

Во неделата околу 6:20 часот полицијата добила дојава дека се случила несреќа на автопатот А3, кај Славонски Брод, во која излетал автобус.

Првите полициски информации беа за тројца починати, но потоа бројот на мртви се зголеми на осум, а потоа полицијата пријави 10 починати лица, објавија регионалните медиуми.

Осомничениот, 52-годишен возач на косовскиот автобус, во кој загинаа 10 лица, во моментот на несреќата бил уморен и не можел безбедно да управува со возилото, беше известувањето од канцеларијата на државното правобранителството во Славонски Брод во понеделникот, потсетуваат медиумите.

Прикажи повеќе...

Регион

Радев: Нема да дозволиме кршење на правата на Бугарите во Северна Македонија

Објавено пред

Бугарија е најсилниот поддржувач на проширувањето на ЕУ, но не може да дозволи кршење на правата на граѓаните на Република Северна Македонија со бугарска самосвест, изјави бугарскиот претседател Румен Радев на средбата со својот австриски колега Александар ван дер Белен.

Политиката на ЕУ за проширување кон Западен Балкан беше меѓу темите на кои разговараа претседателите на Бугарија и Австрија. На средбата било истакнато дека европската интеграција на земјите од регионот е во интерес на стабилноста и економскиот развој на Европа.

Радев, како што пренесуваат медиумите, истакнал дека Бугарија во принцип и доследно ја поддржува европската перспектива на регионот, која сепак не треба да биде ограничена на формални фази во процесот на пристапување и не може да им наштети на интересите на земјите членки на Унијата и нејзините вредности.

Во врска со напредокот во европската интеграција на Република Северна Македонија, шефот на бугарската држава изјавил дека очекува јасна политичка волја од нашата земја за спроведување на договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји, потпишан 2017 година.

„И покрај фактот што во Скопје тврдат дека ги исполнуваат критериумите за пристап, ние сè уште сме сведоци на систематско кршење на правата на граѓаните на РСМ со бугарско потекло и нивна дискриминација, сè уште има говор на омраза кон Бугарија во учебниците и во јавноста. Напредокот и решавањето на овие прашања зависат исклучиво од политиките на РСМ, со кои Бугарија постојано изразува подготвеност да се вклучи во конструктивен и отворен дијалог. Ова е начинот да се создаде клима на доверба и да се постигнат конкретни, одржливи и неповратни резултати, што ќе доведат до почеток на преговорите за членство во ЕУ“, рече Румен Радев.

Тој истакна дека во рамките на словенечкото претседателство со Советот на ЕУ, Бугарија е подготвена да работи на постигнување напредок на чувствителни прашања и на решенија прифатливи за двете земји.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Заев: 17 октомври е датумот за локалните избори

И покрај дилемите за тоа дали кампањата за локалните избори ќе се поклопи со претстојниот попис, премиерот Зоран Заев денеска...

Европа3 часа

(Видео) Силна експлозија го потресе Леверкузен: Жителите добиле предупредување за екстремна опасност

Силна експлозија ги потресе куќите во германскиот град Леверкузен. Снимките од социјалните мрежи покажуваат како се крева огромен облак од...

Спорт3 часа

Крај на 20-годишниот пост – Прво олимписко финале за Македонија

Дејан Геoргиевски го прекина 20 годишниот пост на Македонија на Олимписките игри. 22-годишникот од Скопје, го обезбеди сребрениот медал во...

Македонија4 часа

Само 0,02 отсто од вакцинираните со две дози во Македонија заболеле од коронавирус

Вкупно 92 лица од 330.000 кои се ревакцинирани заболеле со коронавирус, објави министерот за здравство, Венко Филипче. Ова, додаде тој,...

Европа4 часа

Во ЕУ вакцинирани 70 отсто од возрасните, две дози примиле 57 отсто

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека целта од 70 проценти вакцинирани од возрасните лица во Европската...

Спорт4 часа

Георгиевски обезбеди сребро на ОИ во Токио

Дејан Георгиевски избори пласман во финалето на олимпискиот турнир во таеквондо, во категоријата над 80 килограми. Во полу-финалето, Георгиевски го...

Македонија6 часа

Спасени планинари од Чешка на Шар Планина

Група планинари од Чешка вчера вечер се спасени од Шар Планина. Тие залутале, а околу 18 и 30 часот се...

Свет16 часа

(Видео) Песочна бура проголта град во Кина

Песочна бура висока речиси 100 метри зафати град во северозападна Кина, при што целиот град остана покриен со прашина. На...

Европа17 часа

Украинскиот напад ќе заврши со колапс, одговори Русија по изјавите за нова офанзива на Киев

Коментирајќи ја позицијата на поранешниот заменик-министер за привремено окупираните територии на Украина, Јуриј Гримчак, кој повика на подготовка на армијата...

Европа17 часа

Стапката на заразени од коронавирус во Европа се зголемува, предупредува СЗО

Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека стапката на ширење на коронавирусот е забрзана во некои европски земји, пренесуваат светските...

Европа18 часа

(Видео) Јужна Европа се бори со пожари, најлошо е во Грција и Италија

Шумските пожари, потпомогнати од горештините и силните ветрови, денеска зедоа замав во јужна Европа, а некои северни земји ги расчистуваат...

Регион19 часа

Радев: Нема да дозволиме кршење на правата на Бугарите во Северна Македонија

Бугарија е најсилниот поддржувач на проширувањето на ЕУ, но не може да дозволи кршење на правата на граѓаните на Република...

Македонија24 часа

Двајца починати и 10 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 10 нови случаи на коронавирус, две лица починаа, а 16 пациенти оздравеа,...

Економија1 ден

Поевтинуваат горивата

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 1,5 и за 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Македонија1 ден

(Видео) Јанакиески за притворот: Ова е малтретирање и изживување со човекови судбини

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, по објавувањето на пресудата за „27 април“ со која беше осуден на 6...

Македонија1 ден

Пресуда за Вељаноски, Ристовски, Јанакиески и Атанасовски – осудените плански го организирале упадот со цел да се зачува власта

Судот ги изрече пресудите за организаторите за упадот во Собранието на 27 април –  поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски е...

Македонија1 ден

Трајко Вељаноски осуден на 6,5 години затвор, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески на 6 и 3 месеци, а Владимир Атанасовски на 6 години затвор

На судењето за организаторите за упадот во Собранието на 27 април, поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски е осуден на...

Европа1 ден

(Видео) Големо невреме во Лондон: Поради поплави затворени осум метростаници и две болници

Силен дожд и грмотевици го погодија Лондон што предизвика поплави во некои делови на главниот град на Британија, поради што...

Македонија1 ден

Заев: Скопје никогаш нема да заборави на жртвите од земјотресот и солидарноста по него

Катастрофалниот земјотрес пред 58 години за само 20 секунди го запре животот на Скопје и им го одзеде животот на...

Свет1 ден

Фаучи: Најверојатно ќе биде потребна трета доза од вакцината

Водечкиот американски експерт за инфективни болести, Ентони Фаучи, процени дека на вакцинираните Американци чиј имунолошки систем е загрозен, може да...

Досие