Контакт

Регион

Уницеф: Не можеме да го подобриме успехот во учењето, ако нашите деца не се чувствуваат безбедно и сигурно на училиште

Објавено пред

Уницеф  објави глобалeн  извештај на тема „насилството врз децата во училиштата“, а по спроведувањето на извештајот организацијата почнува и  глобална кампања против насилството и малтретирањето во училиштата, со цел кон овој проблем да го привлече вниманието на креаторите на политики и на заедниците. Главен предизвик за земјата во наредниот период е да поттикне развој на образовниот систем во чекор со балканските и европските соседи. Ова претставува и клуч за економската конкурентност, но и долгорочниот социјално-демократски развој на општеството, се наведува во соопштението на Уницеф .

Од Уницеф  додаваат дека во земјава, 42 % од учениците на возраст од 13 до 15 години пријавиле дека доживеале врсничко насилство во и околу училиштето, и посочуваат дека не можеме да го подобриме успехот во учењето, ако нашите деца не се чувствуваат безбедно и сигурно на училиште.

„Во извештајот се дадени убедливи докази за потребата да се преиспита како насилното однесување се контролира во образовниот систем и во заедницата како целина. Ниедно дете не треба да се плаши да оди на училиште. Сепак, за многу голем број ученици од светот училиштето не е безбедно место.  Половина од учениците во светот на возраст од 13 до 15 години, околу 150 милиони, пријавиле дека доживеале насилство од врсниците – малтретирање и физички пресметки во и околу училиштето“, стои во соопштението.

Од истражувањата произлегува и дека семејното насилство има силно негативно влијание врз развојот на самодовербата и делотворноста на умот на детето.

„Насилството предизвикува токсичен, постојан стрес кој прекумерно ги активира деловите од мозокот што предизвикуваат импулсивност и насилство, а ги деактивира деловите одговорни за самоконтрола, фокус во учењето, претпазливост и интегритет. Децата кои трпат семејно насилство и негрижа се исклучително подложни на ризикот да станат сторители или жртви на насилство при турбулентниот и ризичен премин во адолесценцијата. Понекогаш, одлуките што детето ќе ги донесе во адолесценцијата имаат влијание врз целиот негов живот“, се додава во соопштението на Уницеф.

Семејното насилство не е маргинален проблем, велат од Уницеф  и додаваат дека според Светската здравствена организација 30 % од децата во земјава се изложени на запоставеност, а податоците на Уницеф велат дека 52 % трпат физичко насилство во домот, а и стапките низ светот се слични.

Оттука образовните системи, велат од Уницеф  не треба да го спречуваат насилството само во училиште, тие треба да се обидат да го намалат и ефектот од насилството дома и на тој начин да им обезбедат напредок на сите деца.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Грција бара од ЕУ да го признае гирото за традиционален специјалитет

Објавено пред

Министерството за рурален развој и храна на Грција денеска објави дека до Европската Унија е доставено досието со одредница „гарантиран традиционален специјалитет“ (traditional speciality guaranteed (TSG)) за грчкото гиро.

Агенцијата АНА објави дека досието до соодветниот оддел на ова Министерство било испратено од страна на Здружението на грчките индустрии за преработка на месо.

Прикажи повеќе...

Регион

Монтгомери: Ситуацијата со Косово оди во опасна насока

Објавено пред

Поранешниот американски амбасадор во Србија, Вилијам Монтгомери, оцени дека во моментот работите во Косово и за косовското прашање се движат во опасна насока.

„Се надевам дека грешам, но јас сум крајно песимистичен во врска со ситуацијата за Косово“, вели Монтгомери за агенцијата „Танјуг“ и објаснува:

„Сегашната позиција на косовското раководство е дека Декларацијата за независност променила сè и дека новото Косово може да парви сè што можат и другите независни држави“.

Тоа значи игнорирање на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, воведување такси од 100 отсто за српските производи и непочитување на Уставот, кој, вели Монтгомери, е напишан од страна на Американците, а Албанците го промениле за да овозможат формирање армија.

Покрај тоа, Монтгомери забележува дека Европската Унија нема моќ или волја да инсистира на имплементација на бриселскиот договор вклучувајќи го и ветувањето за формирање заедница на српски општини.

„Албанците открија дека тие не мора да се држат до ветувања и да бидат искрени кон ЕУ“, додава тој.

Американскиот дипломат истакнал дека особено е разочаран од тоа што САД го промениле својот долгогодишен став дека нема да се формира косовска армија.

Прикажи повеќе...

Регион

Бугарија го забранува купувањето државјанство

Објавено пред

bugarija-eu

Бугарија планира да го укине законот со кој се дозволува купување бугарско државјанство преку инвестирање во земјата, соопшти бугарското Министерство за правда истакнувајќи дека ваквиот закон не донел значајна економска корист за државата, објави британски „Телеграф“, а пренесува агенцијата „Танјуг“.

Овие законски измени следуваат по извештајот на Европската комисија, со кој се предупредува Бугарија дека законот им овозможува на странските организирани криминални групи да се инфилтрираат во Европската Унија и го зголемува ризикот од перење пари, корупција и даночно затајување.

Бугарија е една од трите земји на Европската Унија, покрај Кипар и Малта, која сега им дава државјанство на странски инвеститори.

Дваесет земји членки на ЕУ, вклучувајќи ги и овие три, исто така продаваат дозволи за постојан престој.

Во Бугарија странците може да добијат пасош кој ги отвора вратите за повеќето земји на Европската Унија за инвестиции во висина од 1 до 2 милиона лева, односно од 500.000 до 1 милион евра.

Бугарското Министерство за правда соопшти дека од 2013 година до денес само 50 странци од Русија, Египет, Израел и од Пакистан добиле пасоши врз основа на овој закон.

Законските измени, како што е наведено во соопштението на Министерството, ќе ги зајакнат контролите и правилата за доделување државјанство и на лица со бугарска етничка припадност.

Во октомври минатата година бугарските обвинители обвинија висок државен службеник за измама со документи за кои велат дека на странците им овозможиле да добијат бугарски пасоши и слободно патување во ЕУ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не сакаат да се договорат за една изборна единица

Многуте повици од помалите партии за измени на Изборниот законик, со кои ќе се воведе една изборна единица и отворени...

Анализи10 часа

Политиката го подели СЈО на табори

„Чарлиевите ангели“ ги нема. Катица Јанева, Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи речиси една година не се појавуваат на заеднички прес-конференции....

Македонија11 час

Ѓорчев: Не се грижам кој ќе биде противкандидат од СДСМ, тие го излажаа народот

Без да одговара на новинарски прашања, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев ја објави кандидатурата за претседател на државата. Тој повеќе...

Истражувања13 часа

(Видео) „Лимак“ и Градот ги изиграа скопјани, се гради хотел место прво да се изгради подземната сообраќајница

Место прво да ја изгради подземната сообраќајница па потоа да ги гради содржините над земја, турската компанија „Лимак“ кај Стара...

Македонија14 часа

Врховните судии ќе расправаат дали СЈО може да отвора истраги и да презема предмети

Адвокати на обвинети во предметите на специјалното јавно обвинителство, преку неколку иницијативи, бараат од Врховен начелно правно мислење за постапките...

Македонија14 часа

Нимиц: Длабоки и опасни последици ако не успее преспанскиот договор

Специјалниот пратеник на Обединетите нации, Метју Нимиц, предупредува дека пропаѓањето на преспанскиот договор би имало опасни последици за двете страни,...

Свет14 часа

Шпанските спасувачи во трка со времето – ќе успеат ли да го извлечат двегодишното дете од бунарот

Шпанските спасувачи се во трка со времето и неизвесно е дали ќе успеат да го извлечат двегодишното дете кое пред...

Македонија15 часа

Протестот за воздухот в сабота за едни политички за други неопходен

Нова најава за протест против загадувањето на воздухот од синоќа ги подели скопјани на верници и луѓе кои повеќе не...

Македонија15 часа

Зоран Заев: Мијалков ги охрабрувал пратениците да гласаат за промена на името

Претседателот на Владата, Зоран Заев, во интервју за „Алсат“ призна дека ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалоков, лично разговарал со 8-те...

Регион15 часа

Во Грција почна расправата за ратификација на преспанскиот договор

Грчкиот парламент ја почна расправата за ратификувањето на преспанскиот одговор, а гласањето сепак ќе се случува в петок, пишува грчката...

Свет16 часа

(Видео) Петгодишни девојчиња на минус 45 степени избегале од градинка во Сибир

Две девојчиња на возраст од пет години избегале од градинка во рускиот град Јакутск во Сибир, при што се здобиле...

bugarija-eu bugarija-eu
Регион17 часа

Бугарија става крај на продажбата на државјанства

Бугарија планира да стави крај на програмата за продажбата на државјанства на богати поединци, соопшти Министерството за правда во Бугарија,...

Вести17 часа

(Видео) Москва: Патникот кој се обиде да киднапира руски авион бил под дејство на алкохол

Рускиот истражен комитет објави дека патникот осомничен за киднапирање на патничкиот авион на „Аерофлота”, немал никаков вид експлозив или оружје...

Свет17 часа

Конгресот му забрани на Трамп да излезе од НАТО

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои закон за поддршка на НАТО, со кој му се забранува на американскиот претседател, Доналд...

Регион17 часа

Косовскиот суд осуди повеќе лица за тероризам во Сирија

Судот во Приштина осуди едно лице на пет години затвор поради учество во терористички групи во Сирија. Од судот соопштија...

Свет18 часа

Американските сенатори Меконел и Шумер ќе гласаат за граничниот ѕид

Лидерот на мнозинството во Сенатот, Мич Меконел, закажа гласање во четврток за целосно финансирање на пограничниот ѕид што го бара...

Свет19 часа

Мадуро: Венецуела ќе ги преиспита односите со САД и ќе преземе политички мерки

Каракас ќе ја преиспита својата врска со САД откако американскиот потпретседател, Мајк Пенс, изрази поддршка за идејата на опозицискиот водач...

Свет20 часа

Еврејска група тужи бразилски карикатурист поради карикатура на Нетанјаху и Болсонаро

Еврејската заедница во Бразил го тужи славниот политички карикатурист Ароира за антисемитизам поради карикатура што ги прикажува бразилскиот претседател, Јаир...

Македонија1 ден

Собранието објави оглас за aнтикорупциската комисија, Тасева обвинува дека добрите антикорупционери не се пожелни

Собранието го објави огласот за избор на новиот состав на Комисијата за спречување на корупцијата. Огласот ќе трае 7 дена...

Свет1 ден

Вес Мичел поднесе оставка, идниот месец заминува од Стејт департментот

Вес Мичел, помошник-државен секретар на САД, наредниот месец заминува од функцијата во Стејт департмент поради лични и професионални причини. „Две...

Досие